Сефте годинава на Дебарско
Како што напоменав и пред некој ден, планирано беше да се посети Дебарско Езеро и да проба да се улови некој клен.
Од Скопје појдовме спремни ко да ќе вршиме инвазија над Нормандија :D
На пристигање не пречекаа бранови кои потоа ги снема.
Цел ден езерото беше мирно како тепсија.
Се обидовме да уловиме клен на повеќе начини и мамци, но отсуствуваа капитални примероци.
Јадеа кленчиња до 300 грама и зезаа крупни плашки (големи колку кленовите).
Поради слабата активност на кленот, наместо планирани два дена, се вративме вчера.
Во разговор со останатите колеги кои исто така беа таму, заклучивме дека слабо било на цело езеро.
До минатиот викенд, кленот бил многу активен на повеќе локации.
Се извади риба колку што се извади, се спакувавме и си тргнавме накај дома.
Во отсуство на слики со убави примероци, ви прикажувам слики од позицијата со по некоја риба.
До следната репртажа, поздрав!
Дивите дојрански крапови 2017
Зетот искажа желба да сме иделе заедно на риболов до Дојран, а зет како мед имам и не се одбива
Собирање некое инфо од вечерта,на брзина пакување и правец Дојран кај алекс плажата.
Наслушнавме дека јадел крапот и само на него и се фокусиравме.
Риболовевме во трските и многу се кинеше цел ден и сета риба е внатре в трска.
Што киневме од подводни трски и закачалки, а имавме и кинења од крапчо!
Фаќав на мате даива трска стара 40год 5м. на 25ка конец 6ка јадици 5гр тапа директаш, на 3-4м длабина,мамец две ,три зрна шеќерац пченка а со неа и раневме за примама. Рибата крапчо беше активна!!!
Времето ни се погоди како не бев со години на ваков риболов на пливка ептен добро ми дојде.
Нешто сликав и снимав со телефон па и нешто од тоа склопив екслузивно за моите форумџии, колеги рибари, па уживајте во видеото, поздрав од цела екипа до следно видување и бистро!
п.с. Се извинувам поради квалитетот што не е во ХД, од телефон е сликано/снимано.
Мавровска пегава убавица и мавровски кленови
Понеделникот службено бев во Белград па отидов прво до МГ сервис да земам некои работи за Сашо и Даре кои беа оставени на сервис. Влегуваш внатре и незнаеш што попрво да гледаш и да пробаш.
Провртев неколку машинки, продрмав неколку трски и набргу се решив да се подновам.
Четвороделен мушицарски бланк CTS AFFINITY X 9ft #14 негде околу 30 грамец склопен во МГ сервис со Фуџи опрема
Редно беше и да се проба. По договорот со Ненад, Дафко и Перица во саботата тргнавме за Маврово.
Пристигање во Маврово и правец во Национален парк по дозволи
Времето одлично. Сончево топло за овој период во годината и без ветер.
Се симнавме кај каналот и почнавме да фрламе. Имаше уште неколку рибари но кај никого немаше ни удар. Шумарите не посетија и извршија контрола на риболовните дозволи.
Некаде после 10 часот имав удар, контра и рибата бесе закачена. По неколку минутна борба во кепот се најде прекрасна пастрмка
Удри на кашика на дно Aby Toby 20 грамска. Опремата беше: Трска ЦТС Аффинитѕ Џ, Машинка Shimano Vanquish 4000, Плетеница Варивас Авани Сеа басс 0.8 пе и предвез Daiwa Hyper Clear Флуоро царбон 0.28
Вагата покажа 4.3 кг тежина и 75 см должина
На возбудата и немаше крај.
Пофрлавме уште некое време но без понатамошен резултат. Се договоривме за пауза и отидовме во Мал Одмор на кафе.
За време на паузата ковавме планови каде да продолжиме со риболовот и се договоривме следна локација да ни биде каменоломот.
Дафко имаше прв удар и искочи убав клен 2.2 кг. По некое време уште еден клен кај Дафко. Следен беше Ненад со клен од 1.8 кг и на крај и јас извадив еден клен. Сите кленови беа фатени на кашики.
Добитните кашики беа две Jakson и Tiemco
Прекрасно поминат риболовен ден на Мавровско езеро во убави луѓе и добар улов
Бистро
Мушичарска репортажа 1 - 2017
После неколку одења на Радика годинава, да ја направам првата репортажа :)
За жал, немаше ниту еден позначаен улов во овие неколку риболови, пред се поради водата која варира и е снежна поради топењето на снегот и мразот на Кораб и Дешат, односно на водата која доаѓа во Радика преку Рибничка река (Нистровска).
Надолу водата е голема и речиси и да нема услови за мушичарење. Во горниот дел рибата е активна, но излегуваат само ситни, ја нема горе покрупната пастрмка.
Риболовот на Радика по мене ќе започне во мај, април нема да има поволни услови поради големото количество на мраз горе и дождовите кои претстојат.
Радика надолу е доста голема
Добитна нимфа од сабајле беше имитација на бела ларва.
Над Рибница реката е одлична за риболов
Фазанчињата се пораснати од пред недела-две ;) Горе ловев на слични имитации т.е. на фазан и на оливен фазан
Бистро
Ангитис - за различни типови болка
Хахах, да...идам на тоа Ангитис да се потсетам на времињата коа пецав спин, но пред се чисто да смениме малце.
Декември месец, а крапот веќе си ја отпеа песната за 2016-та. Моравме да си ја ублажиме некако болката рибарска.
Инаку милина е бе ова спинот, излагаш од кола зимаш трската и веќе фаќаш.
Џак на леџа работава.
Јас, Ховиц, Тафта и дедото.
Дедото ми е страствен рибар, па често одиме наваму...особено одкога покажа голем кеф за спинот. Трска си доби на поклон, за останатото го воведов и не му требаше многу да влезе у шема. Наоружан е за се.
Сабајлето пред тргање камен, -2...но, поминавме граница во 5ч наутро каде беше 10 степена. Само што стигнавме одма се фрливме во акција.
Фрлај, фрлај....и никаков успех.
Сменивме до душа неколку места, но штуката најверојатно веќе беше тргнала на меден месец.
Пробавме на се и буквално на 3 локации немавме никаков удар.
Решивме да одиме уште нагоре, каде после толку малтретирање седнавме да одмориме и да џапнеме по некоја.
Да ублажиме болка...
За мезенцето беше задолжен Ховиц. Богато, богато.
Без чварки не бива. :D
Ховиц сипа, Јоцо наздравува.
Сепак, на толку труд реката не награди со една фина г-жа штукла за да се биде успешно.
Тафта во акција...
Тоа е тоа пријатели, кратко и слатко...несвојствено за мене.
Но сепак и ова е излет.
Терајте само лабаво на вода и не е битно каков риболов практикуваш.
Друштвото го прави риболовот, не рибите. ;)
БИСТРО!
Морска репортажа
Во оваа репортажа ќе објавам слики од повеќе излети на море кај нашиот јужен сосед, претежно со мојата фамилија.
Би сакал со вас да ги споделам системите и мамците со кои сме ловеле. За видот на рибите не би знаел да коментирам. Се надевам ќе уживате во прикажаните слики.
Годишно собрание на Рибар 2011 23.03.2017, 19:00 @ СЦ Борис Трајковски
Почитувани членови на Рибар 2011
Ве известуваме дека на 23 Март Четврток со почеток во 19 часот во Прес Салата во СЦ “Борис Трајковски“ ќе се одржи Годишно собрание на Рибар 2011.
Собранието ќе биде од затворен тип, односно право да присуствуваат имаат само членови на Рибар 2011.
Ќе се дискутира на сите потребни теми поврзани со проблеми и предизвици од суштинско значење за здружението, форумот и севкупно нашите идни активности.
Се замолуваат членовите и активистите да контактираат меѓу себе и да се собереме во што поголем број за да имаме што поголем број присутни и плодни дискусии.
Со почит,
РИБАР 2011
Годишно собрание на Рибар 2011 23.03.2017, 19:00 @ СЦ Борис Трајковски
Почитувани членови на Рибар 2011
Ве известуваме дека на 23 Март Четврток со почеток во 19 часот во Прес Салата во СЦ “Борис Трајковски“ ќе се одржи Годишно собрание на Рибар 2011.
Собранието ќе биде од затворен тип, односно право да присуствуваат имаат само членови на Рибар 2011.
Ќе се дискутира на сите потребни теми поврзани со проблеми и предизвици од суштинско значење за здружението, форумот и севкупно нашите идни активности.
Се замолуваат членовите и активистите да контактираат меѓу себе и да се собереме во што поголем број за да имаме што поголем број присутни и плодни дискусии.
Со почит,
РИБАР 2011
Сефте за 2017 втор дел
Пред две години март месец се покажа за мене како дарежлив со еден убав улов на пастрмка, и таа мисла ми беше во глава додека барав слободно време за прв риболов годинава. Иако без некој посебни очекувања се најде некој саат за инстант риболов. Во претходни разговори со колегите се дојде до некаков договор со Леуново и Петраки кои веќе беа во Маврово но на викенд. Недела беше денот кога се договоривме да се сретнеме и да истераме некој саат на вода. Јас пристигнав пола саат порано од нив, но немаше ништо, само еден удар и откачување и толку. Дојдоа Петраки и Леуново, малку ме искараа зошто не сум го испочитувал договорот. И почнавме да фрламе, све живо, кашики, воблери, силиконци. Но немаше ништо, никаков знак. Некаде околу 9 часот имав удар и борбата почна, отпорот беше голем, рибата едноставно не се предаваше, со секое стегање на кочницата, повлекувањето на конец не престануваше. Како што се приближуваше накај брегот тежината се чувствуваше се повеќе, тешко нешто. Прво мислев дека е некој клен како тој ланскиот на Леуново, но кога се појави на 10 метри имавме што да видиме. Пастрмка огромна, Петраки присебен го зема неговиот кеп, среќа што го носеше, зошто со моено кепче плашка само да црпнеш. Ја доближив рибата и Петраки ја собра рибата. Стоиме и се чудиме, огромна. Се тресев како мало дете. Мамецот беше како и многу пати до сега Byron Toby 10g. Приборот беше Shakespeare equilaizer spin 10-40g, Daiwa exceler 2500, Power pro 1.0. должината е 80цм и тежина 5.600гр. Тоа е мојата риба живота. Голема благодарност до Петраки и Леуново за помошта
Сефте за сезона 2017
На 01.02 започна сезоната за риболов на Мавровско езеро. Иако бев викендов таму, во саботата не отидов на езеро, лошо време проследено со дожд и магла.
Во недела спремив опрема и тргнав на езеро, но каде да се оди. Езерото се уште замрзнато на Леунска страна, а и испуштено доста, па единствени места за риболов на спин се Црн Камен и каналот на Мавровска брана.
Се одлучив за каналот во Маврово.
Времето убаво, мирно, малку сонце малку облаци.
Понатаму сликите нека зборуваат.