Правила за риболов на атрактивен ревир Треска - Скопска

Правила за риболов на атрактивен ревир Треска - Скопска

Согласно точка 10 од Риболовната основа за риболовно подрачје „Вардар – Средно течение“, ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје го објавува следниот

ПРАВИЛНИК
за организирање на рекреативен риболов на атрактивна зона „Треска – Скопска“

Дозволени денови за рекреативен риболов

  • Рекреативниот риболов е дозволен секој ден во неделата, без ограничување.

Дозволени количини на дневен улов на пастрмка

  • На делот од брана Матка до каскада во с. Долна Матка рекреативниот риболов се одвива по принципот фати-пушти без исклучок. Сите уловени примероци на пастрмка мора веднаш да се вратат во вода.
  • На делот од каскада во с. Долна Матка до влив во река Вардар дозволен е дневен улов на 1 (едно) парче риба од видот пастрмка со минимална должина од 30 (триесет) сантиметри

Забрани за риболов

  • На атрактивна зона „Треска – Скопска“ се одредува целосна забрана за рекреативен риболов во периодот од 01.11.2025 до 31.01.2026 година
Прегледано 5 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija