RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Вторник, 17 Април 2018 06:00

А тргнав по крапови

Денеска последен празничен ден решив да се прошетам до Блискиот Богров, да направам и Јас оркривање на овогодишната риболовна сезона. Демек сефте.
Станувам во шес , пиење кафе , зимам две трски и ппаѓам, за петнаесетина минути сум на паркингот пред езерото и што да видам, како половина Софија да решила денеска тука да е по риба.
Паркирам колата, решив прво малку да се прошетам да видам има ли некаде место да застанам. Е има ама нема, каде и да решев да застанев имав осеќај дека ќе му пречам или на колегата од лево или од десно. И така размислувајќи што да правам, на половина памет веќе бев решен и да се вратам кога ми се јави пријателчето Марјан, се поздравив со него и со другите од друштвото исто мои познати.
Малку муабет, по едно пиво рано на сабајле и некако ме кандисаа да се сместам до нив.

Решив да ловам само со една трска, ќе пречев сигурно ако ја бев извадил и втората.
Од едно две недели на езерото е пуштен поголем број на есетри со тежина од 5-12килограми, па пошто несакав да ловам на голема далечина да не се уплетувам со колегите решив да ловам блиску до брегот, на некои 5-6 метра , ловев целонасочно есетра.
Боила Туна на CC MOORE, комбинирано со мал попап и дип туна.
Резултатот не изостана, уловив една есетра, отприлика 12-13 килограма, најголема уловена тој ден на езерото. Иако до крај немав улов и поред неколку повлекувања се вратив дома задоволен со мојот прв улов во новата сезона.
Еден млад брачен пар запалени крапски риболовци мои пријатели Бојка и Александар имаа исто така убави неколку риби.
Во целина убаво поминат ден со вистински пријатели, ладно пиво, убава скара , по некоја риба.

Понеделник, 16 Април 2018 09:34

Морски викенд по кефалото

Ги поздравувам членовите на форумот со нашата последна репортажа од викендот кој измина.

Уживајте во видеото, бистро!

Вторник, 13 Март 2018 10:12

Река Радика - Спин лига 2018

Мал и скромен допринос од моја страна кон браќата спинерџии, едно слајд фото видео за спомен и подсетување на сите од овој прв и историски рибарски настан за нас и Македонија !!!
Ве поздравувам сите и посакувам многу успех во последна рунда а воедно го поздравувам и цел форум, уживајте и бистро !!!

Вторник, 13 Март 2018 10:08

Река Радика - сефте 2018

Конечно дојде денот да се прави сефтето за 2018год и тоа баш на прекрасната и уникатна Река Радика !
Зимски услови со снег,ден прилично топол и пријатен,реката одлича со водостој и прекрасна тиркизна боја,рибче позади секое камче,ултра лајт спинот и некој минијатурен спин мамец и шетај цел ден по река,диши воздух и уживај !!!
Ние денот си го поминавме прекрасно чиста 10ка !

Користам прилика да го поздравам мојот сопатник и тандем бате Боро !!!

Сеа како знаеме сите викендов е првата спин лига во мк на оваа река и горе доле на овие места каде ние риболовевме...
Се надевам дека нашата репортажа и видео запис ке им помогне на сите натпреварувачи да имааат представа што ги чека и пробам да им помогнам преку сликите и мотивирам за натпреварот кој следи!
Риба има многу,не многу голема ама ја има и најголем проблем и мајсторија ќе биде да се совлада и извади успешно на спортски начин без контра на јадиците што увидовме дека е многу лесно при најмала луфта во борбата таа да се откачи и избега! Треба соодветна опрема прецизно согласена за тој префинет ултра лајт стил на спин риболов...Ќе треба многу камуфлирање и мајсторија нечујно да се пристапува по тешко достапниот терен без да се вознемири или да не види рибата во таа бистра вода и најважно од све е да се пласира правиот мамец на право место со правилна презентација и излаже итрата радичка пастрмка
Зимска и скијачка опрема задолжително...

Ви посакувам многу успех и среќа на сите натпреварувачи !!!

Ве оставам да уживате во видеото,ве поздравувам и посакувам бистри води !!!

Врз основа на член 42 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15 и 39/16) и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Винички“ бр.44-7931/1, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Штипски“ бр.44-7931/2, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 1 - Гостиварски“ бр. 44-7931/3, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 2 - Скопски“ бр. .44-7931/4, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 4 - Велешки“ бр. 44-7931/5, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 7 - Гевгелиски“ бр. .44-7931/7, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Пчиња 1 Кумановски“ бр.44-7931/11, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Пчиња 2 Скопски“ бр.44-7931/12, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Крива Река 2 - Кратовско-Кумановски“ бр. .44-7931/9, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Злетовска река“ бр.44-7931/8, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Треска 1“ бр. .44-7931/17 , Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Црна Река 1“ бр. .44-7931/14, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Црна Река 2“ бр. 44-7931/15, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Црна Река 3“ бр. 44-7931/16, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Црн Дрим 1“ бр. 44-7931/18, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Црн Дрим 2“ бр.44-7931/20, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Охридски“ бр.44-7931/10, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Липково” бр.44-7931/13 година, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Шум” бр. 44-7931/19 година и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Матка” бр.44-7931/6 (“Службен весник на Република Македонија“ бр.187/17), Комисијата за спроведување на постапки за доделување концесии на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативните зони формирана од Владата на Република Македонија, со Решение бр. 44-8445/1-20 година од 19.12.2017 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони

Целиот Јавен Повик е во додатокот за превземање (види горе)

Откако го преседовме дома претходниот викенд поради лошите хидролошки услови на Радика, во петокот отидовме со Цакуле да ја отвориме сезоната.
Радика не пречека зголемена, но релативно бистра, со одлични услови за риболов. Времето во петокот беше сончево и не врнеше што беше најбитно.
Ловевме на горниот дел, од составот на Радика со Рибница па нагоре се до мостот што води кон Стрезимир. Пастрмката беше активна после 10 часот, дента извадивме околу 50-тина парчиња вкупно, најголемата беше околу 30 см. Јадеше на фазан, обичен и црвен, како и на полски фазан. Пробавме и на некои други нимфи, но на овие имавме највеќе успех. Повеќето пастрмки беа слаби после мрестот.
Бистро до следната репортажа.

Три лица заработија кривични пријави поради незаконит риблолов во водите на Охридското Езеро.

Лицата С.С. (54) од Охрид, А.С. (62) од Пештани и Ѓ.К. (64) од Љубаништа, на 9 јануари годинава биле пријавени дека вршат незаконит рибилов во езерото, на потегот кај месноста Лагадин.

Според полициското соопштение, тие биле затекнати од страна на полициски службеници при обид бесправниот улов да го пренесат во хотелско-угостителски објект, инаку сопственост на пријавениот С.С. Кај нив биле пронајдени шеесет и седум парчиња охридска пастрмка, белвица и друга разновидна риба.

По насоки од Јавен обвинител, за случајот биле известени судија на претходна постапка, како и Државен инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата, по што бил извршен увид на местото на настанот, како и претрес во хотелот сопственост на пријавениот С.С. Уловената риба и риболовниот алат се запленети.

Почитувани колеги риболовци,

Во прилог може да го преземете Решението од МЗШВ за висина на одобрени цени на дозволи по риболовни ревири и рекреативни зони за 2018.

Со почит,

РИБАР 2011

LOGO RIBKRADCI 233

Почитувани колеги риболовци,

Започнати се процедури и може да се аплицира и за годишната државна дозвола. Цената е 7.000 денари и важи на сите риболовни ревири и рекреативни зони (реки и езера) каде што е доделена концесија.

Ако некој сака да извади државна дозвола, истото може да го стори и преку РИБАР 2011

Постапката е следната:

1. Поседувате или ќе извадите легитимација/маркица за 2022 година (ако имате - ни доставувате копија)

2. Ги уплаќате уплатниците наведени подолу

3. Ни ги доставувате уплатниците, ние поднесуваме барање за вас, ви ја изработуваат дозволата и ние ви ја доставуваме

Дозволата важи за сите реки и езера во Р. Македонија кои имаат концесионери и може слободно да ловите насекаде,без да трчате да уплаќате повеќе годишни дозволи за различни ревири, или пред секое одење на риболов да го барате пунктот за наплата, или да уплаќате дневна дозвола на жиро сметка кај концесионерот.

Уплатница 1:

uplatnica drzavna 1 2017

Уплатница 2:

uplatnica drzavna 2 2017

 

Недела, 31 Декември 2017 18:52

Среќна Нова 2018

Среќна Нова 2018 година ви посaкува тимот на Рибар 2011!
Многу здравје, среќа и слободно време за риболов во новата година!
Бистро

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija