RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

Почитувани,

Ве известуваме дека Македонска Риболовна Федерација ке одржи работна средба за сите заинтересирани спортски риболовци кои ќе учествуваат во лига натпреварите при организација на МРФ, дисциплина Крап во 2018 година. Средбата ќе се одржи на 23.12.2017 година во Институтот за сточарство со почеток во 11:00 часот.

Скопје, 20.12.2017 година

Македонска Риболовна Федерација

Местото на малите риби им е во реките и езерата, не во вашата чинија!
Да им помогнеме на риболовците да се информираат и да ги почитуваат законите, а рибите да пораснат...

Местото на малите риби им е во реките и езерата, не во вашата чинија!
Да им помогнеме на риболовците да се информираат и да ги почитуваат законите, а рибите да пораснат...

Во просториите на Информативниот туристички центар при Националниот парк Маврово се одржа работна средба помеѓу претставници од Националниот парк Маврово предводени од Директорот Самир Ајдини и претставници на Здружението на риболовци – Спортско рекреативен клуб Рибар 2011 претставени од Сашо Васков Претседател на здружението и член на УО на МРФ, Филип Серафимовиќ секретар на здружението и член на УО на МРФ и Давор Јакимовски член на УО на здружението.

Претставниците на здружението го истакнаа потенцијалот на НП Маврово за развој и унапредување на спортскиот риболов при што ги истакнаа своите видувања и забелешки за истиот и исто така понудија и предлози како да се унапреди заштитата на рибниот фонд во Мавровското езеро и р. Радика со што би се зголемил интересот за спортскиот риболов на водите во НП Мавово, понудувајќи помош при реализација на сите активности кои ќе ги реализира паркот. Директорот на паркот ја истакна важноста на заштитата на рибниот фонд во водите на НП Маврово и нагласи дека паркот во рамките на своите надлежности врши редовни порибувања на водите, и исто така појасни дека понудената помош е добредојдена и дека во наредниот период двете страни ке останат во контакт за можно потпишување на меморандум за соработка со што би се унапредила соработката со цел заштита на рибниот фонд и унапредување на спортскиот риболов како важна гранка на одржливиот туризам и негова промоција.

Понеделник, 04 Декември 2017 09:26

Еднодневен ноемвриски излет до Пињос

Да не останат за џабе убавите фотки, еве една кратка репортажа од еден од ноемвриските излети на Пињос. Екипата беше јас, Сашо и Влатче, а таму ни се приклучи и Џони.

Регулар си стигнавме пред разденување, уливот стандард нападнат по што моравме да менуваме страна на пристап. Рибаришта куп никој ништо не вади, ги знаевме тие информации и не дека очекувавме нешто ама кога веќе дојдовме зошто да не се опробаме.

Се расфрлавме на сите страни, со чат пат некоја пауза за рибарски лав моабет.

Времето беше солидно, но рибата генерално не ни беше наклонета тој ден, имавме неколку откачувања на зубатици и само две риби извадени. Сашо беше најрасположен за фотосесија и затоа 5 поени одат кај него и секако оваа репортажа.

Генерално убав сончев ден, минимална акција и многу свеж морски воздух во нашите гради.

Во две оделни акции на СВР Охрид , во акција за сузбивање на криволов на Охридското Езеро приведени се 4 лица, кој со соодветен поднесок -Кривична Пријава предадени се пред надлежното обвинителство во Охрид.

Имено, во рамките на добиени сознанија дека одредени лица вршат криволов на Охридска Пастрмка и Белвица во водите на Охридското Езеро, СВР Охрид на ден 26-11-2017 година, кај месноста викана „Рибница“ лишила две лица, кој во пловниот објект имале поголема количина на риба, мрежи и друг алат и прибор кој биле наменети за криволов. Исто така, денес по претходно обработени податоци, затекнале две лица жители на Пештани, во чиј пловен објект исто така биле пронајдени поголема количина на риба, мрежи и друг прибор.

СВР Охрид сака да стави крај на криволовот на Охридското Езеро, кој криволов на рибокрадците им носи голем профит, а и го уништуваат рибниот фонд на пастрмка и белвица во Охрдското Езеро.

Четврток, 16 Ноември 2017 08:43

Неочекувано на Керкини

Додека чекам децава да завршат со редовниот тренинг пага договор со неколку родители да се тркне до Керкини на риболов на тапа.
Брзо спремање купување шекерац и пченица за мамец и крма.
Стигање на езеро милина нема ветер па едно сонце кога запече мераци.
Целна риба ни беше црвеноперкс, караш и ако се појави некое крапче.
За зал само еден удар на крап кој беше околу кило се откачи- скина на јадичката на 16 конче пред сама обала. Друго све што фативме некој 10 кила риба беше црвеноперка парчина по 150-200 грамски и чат пат караш. Активно факавме од 7 часот до 13 часот со уживање и мезење без замарање.
За крапот ни рекоа дека е рано иако имаше доста крапски риболовци наместени со шатори и параболици.
Еве и некоја слика.
Поздрав до Ване, Деки и Иле.

Вторник, 14 Ноември 2017 09:24

Морска идила

Како одминува крапската сезона, решивме малку да се опробаме на морски спин.
Рибоцентар како порачан донесе нова колекција мамци за море и се разбира, како деца у продавница за бомбони и трк на море.

Прогнозата беше идеална...убаво време, не многу ладно, умерен ветер и полна месечина (ако ја видиме)
Тргнавме некаде на полноќ и веке пред разденување бевме на уливот на Пињос во морето. Рибари нормално веке поставени, мамци летаат на сите страни... Не ни требаше спецјална покана. Спремивме трските, се врзуваа флуокарбони, копчи, мамци....

Ветерот беше нешто посилен од очекуваното но сепак бевме упорни и го чешлавме теренот со сите расположливи оружја.
Бевме упорни но до 13Ч00 немавме никаков сигнал или удар на риба. Направивме кратка пауза, почнаа филозофиите за мамци, презентација, водење... рибарска работа :)
Набргу се појавија и колеги од Бугарија кои очигледно беа поредовни на оваа локација. Разменивме искуства и бргу најдовме заеднички пријатели и колеги.

Да не ну биде досадно, додека се одмаравме решивме да фрлиме и некоја дубинка. Горан беше спремен и на тоа поле, веќе спремни сардини за мамец и коктем морски плодови (лигњи , школки и ракчиња). За чудо, не чекавме долго за првиот удар...но по адреналинот следуваше разочарување. На јадица немавме риба...имавме краба. Крабите се редеа скоро на секоја трска која беше фрлена на сардина :) Така да бргу се откажавме дека на сардина ке ни удри нешто друго освен краба.

Пред стемнување ни дојдоа и првите гости :)
Велијан и Докторот, со полна ратна спрема, орни за фрлање и полни со адреналин.
Веднаш почнаа со работа, летаа секакви воблери, попери, силиконци...но рибата едноставно не се појавуваше.
Како се стемнуваше, плажата се полнеше со рибари...ние веќе полека се собиравме бидејки не чекаше долг пат до Скопје.
Вељо и Докторот решија да останат уште малку пред да побараат сместување.

Во продолжение неколку фотографии и бистро до наредниот риболов.

Понеделник, 13 Ноември 2017 08:00

Меѓународен спин куп Требижат 2017

Еве да се јави и Предраг од Тетово.
Не знам од кај да почнам ама ќе пробам од претходнио ден т.е сабота.
Звони телефонот околу 17ч, а јас се уште на работа, кој друг ако не Санид Џино “чекај ме околу 19ч доаѓам во Сараево да спремиме џиг глави и опрема - речено сторено.
Седнуваме, отвараме по пиво и се фаќаме одма за работа, ама пустото додека се суши лепакот, а ми го потроши цел, бидна и мезето.

Иако е вешт рибар исто тако вешто и ги спрема рибите.

На рибараките приказни никогаш крај, легнавме околу 1ч и знаевме дека немаме доволно време да се наспиеме.
Неделата рано наутро станавме околу 3:30, набрзина по едно кафе и тргнавме на пат од 190 километри.

Вози мишко што би рекле.
Некаде пред Цитлук не раздени и имавме добар поглег на штотуку излезеното сонце од една страна и полната месечина од друга страна.

Пристигнавме околу 7 часот таман на доручек и јако еспресо во кафе барот Јим 3 сопственост на нашиот другар, домаќин а воедно и организатор на целиот настан. Крешимир- Крешо.

После кафето на ред беше извлекување на стартните позиции и понатамошните излегувања. Редица долга 60 такмичари се надеваат на добар стартен број, 60 луѓе спремни да се натпреваруваат “наоружани” до заби, 60 такмичари спремни изгледаат вака:

Не џабе речено “балкански” куп.
Отидовме до стазата која беше на 5-6 километри од кафе барот.
Спремни сите чекавме да биде извикано нашето име од страна на главниот судија и да се стрчаме да фатиме прв добар слободен бокс. После 15-тина минути кога сите излеговме на стаза и си влеговме во бокс чекавме главниот судија да даде знак за старт. Иако не ми е прв пат да се такмичам на спин куп трема ме уби како на ни еден куп до сега, сепак се 60 такмичари, и почна борбата 60 мамци во вода а јас на прво фрлање ја закачив таа борбена “калифа” и ја извлеков на сигурно во кепче, почнав да се дерам на глас СУДИЈА СУДИЈА додека дојде да забележи во глава ми пројде “ добре е добро е нема да запишам 0”.
И така риба по риба во првите 10 минути имав вкупно 5 риби, и наеднаш од длабочина сса 7-8 метри се појави “кралицата” долга сигурно 1 метар. По нејзиното појавување се престана да се движи и во мојот бокс и во уште 2-3 споредни бокса. Несвесно додека чачкав по ќошовите да најдам некоја неуплашена риба судијата означи крај на првата рунда.

Почна втората рунда а јас под реден број 57...... после малку подолго цекање ми дојде и на мене ред да излезам на стаза. Се стрчав накај врвот од стазата што се испостави дека е голема грешка. Мојата невнимателност и не пратење на такмичарите беше пресудна, секој бокс према врвот од стазата беше исполнет, немав многу време до стартот. Тргнав надолу по стазата надевајќи се дека ке најдам добар бокс но судијата означи старт. Не знаејќи кој бокс да го одберам а и исцрпен од трчање 600м влегов во првиот слободен.

Навидум доста риби ама ни една активна, пробав на се и сешто и после 20 минути конечно риба на honeyworm бел од Berkley.
Се ќе беше супер да не ми се откачи после само 3-4 секунди, моја грешка а се испостави и пресудна. Додека го подигнав кепчето несвесно го олабавив конецот а рибата си отплива во слобода 
Запишав 0 во втората рунда и воедно тоа беше знак повеќе да се дружам а помалку да ловам.
И се така рунда по рунда до самиот крај извлеков уште две риби и се забетонирав на 23-то место,
А Санид, Санид леташе по стазата од 4 километри само да се задржи на врвот и со уловени 15-4-4-4 риби стана шампион!

Додека траеше такмичењето во позадина нешто вкусно се спремаше.

Сите гладни и преморени со добар гулаш и предобро печење ја вративме енергијата.

Шампионот на Хрватска, што по прв пат некој успеа да ја одбрани титулата во хрватската спин лига Борис Шиљег-Шиљо добар човек и добар пријател.

Спонзорот на скоро сите купови Огњен Боровчанин исто така прејак такмичар и пред се добар човек а воедно и мој добар другар кој веќе некој од вас добро го познаваат.

Секако тука беа и младите кој секој потез на такмичарите го впиваа како сунѓер.

Мајсторот на својот занает Перо Радиќ познат како Тито Крафт воблери.

И нормално победникот-шампионот на овој интернационален куп Санид Џино-Санчо.

После такмичењето сите заедно отиднавме на богата рибарска вечера со музика во живо и богата томбола.

Нашиот добар пријател Миленко Рончевиќ - Миксон проверува дали е навистина злато.

Среќни некој повеќе некој помалку во 22:00 си тргнавме накај дома весело со полни срца нови искуства и секако фантастична дружба што долго ќе се памети. Во продолжение ФБ линк од Спортско Риболовно Друштво Кравице каде може да ја погледате целосната атмосфера во фотогалеријата.

Четврток, 09 Ноември 2017 07:51

Пецање за крај на сезона 2017

Ова година сезоната ја започнав на 10 април со риболов на мојата омилена вода, место и риба. Вардар, ДемирКапија и сом. Планот беше да се почне уште во средина на март но некако задоцни стартот. За почеток излезе едно сомче од 13kg.

Годината одминува. Проведено 52 дена на вода во 12 кампањи. Која кампања подобра, која послаба. Ми се случи и прв пат на риболов на Козјак да бидам без риба. Направена и пауза од 45 дена во периодот на пеколните горештини летово и големата сеизмичката активност во охридското подрачје. Изваден по некое рибче 5+ и многу дружба со прекрасни луге од кои добар дел случајно сретанати и запознаени на вода.

Октомври поминува. Доаѓа ноември и ред е да се размислува за затворање на сезоната. Ке одам на тој фамозен улив. Досега сум бил само 2 пати и тоа годинава и не сум прошол баш сјајно со риба. Обезбеден е чамец со мотор, но од тројцата пријатели, Љупче, Сашо Раец и Боба Бамсе, со кои годинава најчесто одев по риба до еден ми одкажаа. Трајче и Сашо Паланка исто така планираат риболов за крај на сезона. И они ми се големи пријатели но неодам често со нив по риба. Срдечно ме прихватија да одам со нив и договорот падна. Се оди од 2 до 5 ноември, четврток до недела. Местото не ми е битно. Ионака вливот не го познавам. Кај одат они таму и јас.

Временската прогноза е поволна. Ке биде ладно ноќе но преку ден релативно топло и мирно со слаб ветер. И Солунарниот календар не е лош.

На Близанско стигнавме нешто по 12. Товарење опремата во чамецот на Трајче. Возење кон влив па растоварање опрема. Месење на логорот и околу 15 часот Трајче и Сашо влегоа да сондираат со сонар иако го познаваат местото. Одбраа локации, поставија маркер и накрмија. Двете одбрани места беа некаде околу и во коритото на Треска.

Додека они маркираа јас ставив две празни шишиња во кесе, измерив манила, повржав со еден поголем камен и се убаво намотав. Додека нивните маркери беа кон супротниот брег јас мојот го пставив, гледајки од бучката на која бевме лоцирани паралелно со нашиот брег. Додека нивните маркери беа поставени релативно далеку од нас и длабоко мојот маркрер беше релативно плитко и релативно близо до нас. И крмата не ја фрлив на маркер туку во линија од брегот кон средина на езерото. Оваа моја тактика беше неконвенцијална во однос на сите останати тактики кои се применуваат во овој период на годината од страна на рибарите кои риболоват на улив и предизвика малце подбивни коментари. Пробувам нешто ново и мудро молчам. Ако не ми успее тактиката имам секојпат на располагање уште многу вода да фрлам далеку и длабоко.

На размислување за оваква тактика ме наведе репортажата на Тафтабит – Затворање на сезона 2017. Во нејзе прочитав нешто и ми се запали сијаличката, а кој не ја прочитал нека седне и нека чита.

Зафрлив само два стапа на месна боила. Кај 22 и нешто ги извадив и боилите како фабрички. Нема ситна риба да ги јаде. За крап не се знае но нема нити тит. Само ги вратив и на спиење.

Петок сабајле кога ги извадив двата стапа беа тотално празни како никојпат да немало боила. Сепак се собрала риба. Ситна но по нејзе ке дојде и крупната. Повторно ги мамчам стаповите, сега и третиот и во вода. Едниот право кон маркерот. Левиот по накај брег, а десниот накај средина на вода. Сите три на различна длабочина. Не е некоја драстична разлика но по едно 2-3 метри сигурно. Накрмено на исти начин. Во линија од брег кон средина на езеро. И пак исти муабети. Близу ова, близу она. Плитко.

Префрлено, накрмено, испиени две кафиња и пакија со нив. Околу 8 влегувам во шатор да правам Пилешка чорба а Трајче и Сашо се печат на утринското Сонце и прават муабет пред нивниот шатор. Во еден момент штама и се слуша како срамежливо титка еден од моите сигнализатори. ОВИЕ МЕ ШУПЧАТ си помислив но сепак ја отварам вратата на шаторот. Кај мојот родпод нема никој. Сигнализаторот на левиот стап, тој кон брегот титка. Свингерот се потспушта па поаѓа нагоре. Се личи и звучи на удар на ситна риба која едвај го влечка оловото. Веднаш истрчав и стапот во раце. Труп. Веднаш се виде дека е голема риба. Бидејки рибата бега бочно во однос на моите стапови, од брег кон средина на езерото не вади многу конец. А и голема риба не бега панично па сигнализаторот да запали како на узбуна.

Убава борба и рибата е веќе блиску. Бидејки стоев на некои 2 метри над водата релативно длабоко ја видов прв пат. АУУУУУУУУУУУ. ОВАА Е СТВАРНО ГОЛЕМА. Регулаторот веднаш додатно го олабавив. Незнам коку траеше борбата. Едно 5-10 минути и беше најсилна тука блиску до нас. Неколку пати беше над кепот на Сашо пред да влезе безбедно во него.

Потврда на мојата тактика ја даде крап од 2+ кој удри вечерта на средниот стап. За жал овој крап не е сликан.

Од саботата многу се надева. Требаше да биде топло и сончево што и беше но ветерот кој требаче да биде слаб до умерен беше појак од тоа. Мислам дека поради тоа немав удар тој ден. Удар добив неделата сабајле но рибата која нагло го спушти целосно свингерот и го олабави конецот не се закачи.

На крај поздрав до сите пријатели и другари со кои пецав и се дружев во изминатите 56 дена поминати на вода оваа 2017 година.

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija