Дружење за паметење
Невообичајно но во Четвртокот дури напладне стигнав на Суки Лејк, се распакував, местење на трските , малку прихранување и веќе бев во очекување на првата риба. По едно два часа пристигна и мојот пријател од Сандански Митко, и Тој по моите стапки, распакување, местење
Незнам колку време помина до првата риба, тоа и не ни е императив , во меѓувреме сваривме по едно кафе па малку муабет за се и сешто. Очекувавме порака од пријателите од Македонија, поточно од Штип и од Виница, Слободан и Дарко кга ќе тргнат. Беа најавени за петок па така некда малку после пладне ете ги и нив.
Ние како добри домаќини им ја резервиравме една од за ова време надобрата позиција на езерото. И не погрешивме, не помина ни еден час веќе имаа две риби, беа многу задоволни.
Понатаму работите си течеа како што треба, ред риба, ред ракијка, ред салатка, приказни до бескрај,
Се има почеток па и крај така да денеска на пладне се собравме, колегите тргнаа на Југ а Јас на запад кон Софија. Се разделивме како вистински пријатели со обеќување наскоро повторно да се видиме на вода.
Како што и обеќав на форумот ѓи качувам сите фотографии кои ѓи имам, малку се без ред ама ме мрзи да ги средувам.
Поздрав од прекрасното Суки Лејк
Во потрага по бркото
Здраво Почитувани Колеги. Ова беше првиот излез на вода оваа година и тоа на една од омилените води во оваа наша државичка која држи риба-Глобочица. Причина беше и успешно завршената училишна година на Фиќо(одличен 5) и во надеж дека повторно ќе имаме успешен излет како и минатата година, јас, Фиќо и Столе-мојот голем другар и колега,петочки после работа тргнавме накај Ташма. Пристигнавме во вечерните саати,со чамец се префрливме од другата страна на обалата,зафрливме на брзинка и си легнавме надевајќи се дека ќе не разбуди некој од сигнализаторите. Тоа не се случи,од причина што имаше многу треви кои ни ги носеа конците и бевме принудени да ги извадиме трските. Утрото изсондиравме, накрмивме, зафрливме и го чекавме првиот удар.Но за жал,од премногу ѓубре, не бевме во можност да го бркаме крапот, ни ги носеше конците, па на местата каде што беше накрмено пробавме на тапа да пофаќаме бела риба.За наша среќа,рибата беше насобрана и така почнаа мераците.Двата дена се ловеше од чамец,на шекерац. Следуваат неколку слики и едно видео.
Би сакал да апелирам до луѓето кои се грижат за Форумот,да пробаат да најдат начин полесно да ги постираме сликите,на пример како на Facebook,се со цел да не губиме по околу еден саат на правење репортажа.Уште еднаш Голем Поздрав до сите форумџии со риболовечкиот поздрав Бистро.
Трoјцата Мускетари
Во пресрет на празникот 11 Октомври видовме шанса за поврзување на неколку денови за риболов.
Падна договор да одиме во соседна Бугарија каде што во опција беа места за риболов па се одлучивме да одиме во Костенец на Суки Лејк.Исконтактиравме со чичко Васил и го задолживме да ни резервима место за термин од 08.10 до 11.10.2016г.
Не помина ниту еден ден се јави чичко Васил и не извести дека ја резервирал позиција број 5 за тој период.
Два дена пред одење ја спремивме и храната со која ке ловиме,се одлучивме за два вида на боили (темна и светла)боила.
Во саботата се најдовме на договореното место и се упативме на замислената дистанца.
Стигнавме на езерото во 15.00 часот,како домакин не пречека синот на чичко Васил,Алек кој беше на позиција 1 и 2 со своите другари кои беа до понеделникот.
Дојдовме до позицијата која ни беше резервирани и си фрливме ждреб кој каде да лови и почнавме да се местиме и маркираме.
Веке во 16.00 трските беа фрлени во вода и почнавме да ја местиме останатата опрема.
Во 17.15 веќе го имавме и првиот удар кај Роби и надвор беше крапче од 3кг.
Во 18.00 удар кај Дени и убав примерок на крап од 10.200кг.кој што не успеавме да го сликаме.
Во 18.30 удар кај мене и надвор се најде убав гол крап од 7кг.
До полноќ имавме уште три удари од кој еден се откачи а другите два од кои еден 4кг и еден 6кг веке беа надвор.
Одлично за прв ден со оглед на тоа дека касно стигнавме,вечерта ладна со оглед на тоа што се наоѓавме во подножјето на планината Рила.
Ноќта доста активна,освен еден примерок од 8.700кг.другите 5 примероци беа од 3 до 4 кг.
Утрото на гости ни дојде домакинот Алек со кого се напивме кафенце,сркнавме по една супа и секако по една ракија.
Во 11 часот удар и еден гол крап од 8,800кг веке беше надвор.
Додека беше Алек кај нас го замоливме да ни направи едан фотографија.
До ноќта имавме извадено уште 4 риби од кои две беа по 2кг.еден 8,500кг и еден 6,500кг.
Нареден удар во 00,30 часот убав гол примерок од 10,700кг.во 01.15 удар кај Дени и надвор се најде примерок од 8,400кг.
До 04.00 извадивме уште 4 риби од 3 до 4 кг.
Во 10,30 удар и пвторно надвор преубав примерок на гол крап од 10,300кг.не поминаа ниту 30 минути надвор се најде уште еден гол крап од 7,700кг.
Затишје од неколку часа кое го искоритивме да одмориме,апнеме и пивнеме.Овде мора да го пофалам Роби кој што беше задолжен за приготвување на јадење а и за дегустација на ракија и вино,ни приготвуваше разни јадења и салата а како главно јадење ни беше грав со ребра-ала Роби.
Во 14.00 и 14.05 два удара и два крапа од 12кг. и 11кг.веќе беа надвор.
Додека се сликавме и ги пуштивме рибите уште два удара и две реализации,една од 8кг.и една од 9кг.
До вечерта уште три реализации од кои еден 5кг.еден 2кг.и еден прекрасен примерок од 15,100кг.
Во ноќта имавме уште 4 удари од 2 до 5кг.се до 08.20 часот каде што имавме раализација на примерок од 10кг.
До 12.00 часот до колку што и ловевме имавме уште 3 риби од кои едната 8кг.другата 5кг.и последната за целот риболов 9кг.
Одличен риболовен излед на кои што на 9 трски се уловени 242 кг.од кои 36 мерени 15 немерени примероци,испиени неколку литри ракија и вино.
Благодарност до чичко Васил кој освен што ни резервираше постојано беше во контакт со нас дали се е во ред,Алек се покажа супер домакин и би сакал уште многу риболови да се дружиме.
Бисто до нови риболовни излети.
Мавровски кленови капиталци
По натпреварот со Компир отидов на фамилијарен викенд во Леуново
По обичај опремата стои во кола за да не се испушти некој битен момент и така и се случи.
Недела сабајле станување во 4 часот надвор темница, свежо и облачно. Пијам утринското кафе на тераса и посматрам.
Темни облаци над езеро проследени со грмотевици. Уште не испиено кафето почнува да врне силен дожд и да маваат громови.
Ништо од риболовот се вратив во кревет на спиење.
Сабајлето цело време силен дожд со громови. Околу 11 почна да се расчистува облаците ги снема и се појави сонце. Брзинско спремање и правец на езеро на Леунска брана кај каналот.
Првиот поглед ветува, реката заматена и надојдена. Прво фрлање ништо, второ пак ништо и така продолжи. По некое време промена на местото, малку подесно кај карпите на Црвеники.
Прво фрлање воблерот се приближува на неколку метри од обала и удар. По некој миг кленот е во кеп.
По натпреварот со Компир отидов на фамилијарен викенд во Леуново
По обичај опремата стои во кола за да не се испушти некој битен момент и така и се случи.
Недела сабајле станување во 4 часот надвор темница, свежо и облачно. Пијам утринското кафе на тераса и посматрам.
Темни облаци над езеро проследени со грмотевици. Уште не испиено кафето почнува да врне силен дожд и да маваат громови.
Ништо од риболовот се вратив во кревет на спиење.
Сабајлето цело време силен дожд со громови. Околу 11 почна да се расчистува облаците ги снема и се појави сонце. Брзинско спремање и правец на езеро на Леунска брана кај каналот.
Првиот поглед ветува, реката заматена и надојдена. Прво фрлање ништо, второ пак ништо и така продолжи. По некое време промена на местото, малку подесно кај карпите на Црвеники.
Прво фрлање воблерот се приближува на неколку метри од обала и удар. По некој миг кленот е во кеп.
За кратко време се редеа удари. По кратка борба завршуваа во кеп.
Сите удари беа блиску до обала и на еден ист воблер ЗЕКА кој по неколку успесни откачувања од карпите на крај заврши на дното од езерото ( заедно со клештите).
Најголемиот клен 2,7 кг и 58 см
И на крај Мавровско езеро има риба. Само треба почесто да си на вода менување на места и упорност.
БИСТРО
Штука, буцов, клен...
Додека се договараше екипата кога да го нападне Мавровско Езеро, мене ми излезе комбинација за до Грција.
Веќе добра позната локација, река Агитис.
Рано сабајле, со дедото (кој лови исклучиво на тапа) тргнавме на прва договорена локација.
Дравискос, кај прочистителната станица.
Рибата слабо активна, тука излезе една штука и еден буцов. На тапа убава крупна попадика пецкаше дедо Ристо.
По некое време сменивме локација, сега под железниот мост. Јас се пуштив по река накај састав, компањонот си фати позиција одма после еден брзак, накрми и почна да си ги пегла.
По река надоле, скокови еден куп. Буцов рипа, несака да пипне. Штуката како да ја немаше... Се појави по некој клен на воблер, но немаше активност како што знае да има на докажани локации.
Во глобала добар ден, убаво време, имаше риба...
Еве и некоја слика, колку да не е без ич.
Празнично на Мавровско
Како што се ближи крајот на сезоната на мавровско езеро така се зголемува желбата за уште некој риболов +. После неколку дневно договарање кој ќе оди, кој ден ќе се оди. Падна договор. Недела две коли, 6 луѓе, празник, строг пост, мора да има риба. Делегација проширена во состав: Гони, Ненад, Давор, Лимун, Синиша и Јас. Собирно место пред лептокарија. Се распоредивме кој со кого во кола и тргнавме. Прва попатна станица Лукоил пред тетово кафе и едно селфи.
Пристигнавме 5.30, со задолжително вадење на дозволи, на вода бевме околу 6.00. Во темното се симнавме некако, риба рипа, на секаде. Ама активност 0. После саат ипол фрлање, удар кај Ненад тука е вика, добар е и искусно го совлада кленот. Покасно мерен 1.830грама
Добро е си викам ќе има риба, продолживме со фрлање ама ништо, тоа беше кај нас од сабајлето. Го прашувам Ненад како е кај другите, вика Давор има три клена. После некое време отидев до кај него. Таму и Синиша и Гони. Дојде Давор и вика ај да ги сликаме рибите. Гледам нешто и не ми е јасно. Нешто големо му викам крап е ова. Се смее и го зема да позираат двајцата.
Вади Давор вагичката и гледаме 2.900 грама
огромен клен фатен во матицата на каналот, борбата може да се замисли, тука е фатен.
Дојде полека време за доручек-ручек и се обравме во мал одмор, Давор насмеан, другите исплашени заради црнецот, некој сакаше да си купи риба.
После одморот се вративме на истото место времето убаво мирно со малку ветерче, таман. излегоа уште два клена убави нешто помалку од 2 кила
Асистент без кепче Лимун, да не беше до мене немаше да ги извадам рибите. Имав и една пастрмка која беше колатерална штета ми удри многу блиску, и беше проголтана кашиката и бидејќи е во забрана веќе нема слики од неа.
Се на се прекрасен ден, убав риболов, убаво дружење, убави риби. Одлично сефте со трската нова МЈ Солпара, фала Зоки од Битола.
РОБИНЗОН Брада
Во август на риболов поминав петнаесет дена во три кампањи. Решив да направам мала пауза, но таа се одолжи скоро цел месец. Не е дека не планирав но некако плановите се беа јалови. Со тешко срце на крај решив одам САМ. Пред 10 години бев сам на риболов, на Вардар. Иако кампањата беше планирана на 5 дена, по изминати 3 дена и 2 ноќи збеснав. Се спакував и си дојдов дома. Одам од среда до недела, од 21 до 25 септември. Овој пат ќе издржам па што сака нека биде.
Среда 21 септември
Сабајлето на раат со сопругата се напивме кафе и ја испратив на работа. Си ја натоварив колата и во 08:00 влегувам во Јасен. Не брзам никаде. Денес денот ми е предвиден за поставување на логорот. Да го накрмам местото. Зафрлам иако првиот ден никојпат не очекувам удар на крап. Вечерта и ноќта да но дента ако удри удри.
Времето никакво. Лигаво. Врнр па ке престане. Не е некој силен дожд но досаден. И ветер дува. Појако, послабо па ке престане. И пак од почеток.
Логорот е поставен.
Се крми со Арка - Т5. Последниот мој брод кој по репарирање од последиците кои ги има добиено за време на невремето кое ја погоди Македонија во почетокот на август повторно е во функција.
И конечно во пладне сите планови се исполнети. Зафрлени се и стаповите.
Водата постепено си паѓа. Поставен е и маркер на брегот како би можел да го пратам нивото на водата.
До вечерта имам само 3 спуштања на свингерот и неколку кратки титкања. На крмата е собрана ситна риба, но по ситната ке дојде и крупната.
Одвреме навреме се проверуваат боилите.
Се стемнува и полека се повлекувам во шаторот. Околу 20 часот почнува да станува интересно. Почнува да рипа риба на моето хранилиште. Освен попадика и клен рипа и голем крап. Го очекувам да се спушти во длабочина на моите мамци. 21, 22, 23 часот. Нема акција и веќе е досадно, а и дождот одвреме навреме ќе заврне. На спање. Треба да се стане рано. Да се префрли и накрми и да се чека утринската активност на крапот. А може и да не ми даде да спијам ноќеска. Кој знае.
Четврток 22 септември
Нешто пред 5 пишти базата. Убав ран. Како попарен излегувам од вреќата за спиење и уште побрзо од шаторот. Стапот ми е во раце, контра и отпор. Убаво тегне. Наваму, натаму и по куса борба крапот е во кепот. Набрзина сместен во сак и назад во шаторот. Ладно и многу влажно. Додека чекам саатот да ми ѕвони за утринско префрлање и крмење, бидејки не ми се исплаќа да легнам си го подготвувм првото кафе. Температурата во шаторот е едвај 13 степени, но плинот додека го варам кафето ја подига температурата на пријатни 18 степени.
Накрмено, префрлено и чекам на утринска активност на крапот.
И сонцето излезе а јас сеуште чекам. Нема активност.
Под дејствие на утринското сонце целит крај е прекриен со измаглица.
Некаде околу 9 свингерот почнува да се симнува. Ке се поткачи па пвторно надоле. Се мота нешто околу бојлата и срамежлив ран. Следи контра и влечам нешто но без значаен отпор. Клен околу 500 грама. Би му направил мерак на некој тапарош.
Само што го пуштив и префрлив и уште не се сместив убаво во столот кога ран. Вистински. Вади конец. Контра, едно пумпање и нема ништо. Си отиде. Најверојатно не бил убаво закачен.
Во период од 14 до 17 часот на секои 2, 3, најмногу 5 минути тит. Ме држи во неизвесност но нема озбилен ран. Како да го нема крапот. Денот ми помина во префрлање и менување на боили.
Боилата од 16-ка за час час и половина стануваше 8 па и помала.
По 18 часот до стемнување 2 рана и две риби. Ми се врати самодовербата. Ќе зајаде крапот конечно, но приказната тука завршува. Ниту тит. Само се слуша како се бањаат крупни крапови. Само овие се покрупни од минатата вечер или се поблиску. Многу силно се слушаат. Иако студи надвор и не се гледа прст пред око излегов од шаторот. Краповите рипаат на влез во заливот од мојата десна страна.
Цел ден сум на цигари и кафе и пак не ми се јаде. И ракија не ми се пие. Правам салата и топлам гравче колку да утепам време. Иако сум станат пред 5 и не сум спиел цел ден, не ми се и спие. Времето никако не поминува, а студи . . . Пингвини во несвест паѓаат.
Бродот го танкирам со струја иаку ни 20% не сум ги испразнил батериите.
Здодевно. . . . . . Да имам фломастер и парче картон ќе нацртав смајли да ми први друштво во ракијата. Се чувствувам како РОБИНЗОН КРУСО.
Петок 23 септември
Многу е ладно. Термометарот на ДАМ вагата покажува само 8 степени. Иако сум наоблечен со скоро се што носам и спијам во гумирана вреќа студи. Овој крап па и не мораше да ме разбуди во 4 часот. Додека го извадив. Додека ги префрлив сите 3 стапа стана веќе 5. Ќе се раздени за саат време каде и да е а не ми се спие. Додека се стоплам и успијам ќе треба повторно да станувам. Го палам плинското решо да го загреам шаторот.
Се спремам да ставам кафе и ми светнува. Носам со мене крем чорби од печурки и домати, а најдобро баш жешка чорба ќе ме загрее. Има време за кафе. Цел ден е пред мене.
Се раздени прекрасно утро. Пука сонце и се печам како гуштер. Чекам на ран. На час и половина менувам бојли и само чекам. Пројде и пладне и чекам.
Одеднаш, без било каква најава, почнува да пишти сигнализатор. Секунда две сум дури и збунет. Што се случи. Краток трк и адреналинот расте. Убаво влече. Се бори. Полека го привлекувам кон брегот, но не се дава. Убава риба. Ако и не е толку голем извонредно е борбен. Бега во лево каде е шума од гранки под вода. Успевам да го задржам и свртам на десно кога по неколку секунди го снема отпорот. Се откачи на пола пат. Вадам празна јадица . . .
Повторно во столче и чекам. Ги нема ниту оние досадни титкања на ситна риба како претходниот ден.
Секакви мисли ми се мотаат низ глава. Од барање на грешки во риболовот, подобрување на бродот па до Робинзон Крусо. За разлика од мене он го имаше Петко, а кого јас имам. Вчера се мотаа тука во заливот неки тапароши но денес нема ни жива душа. И кога слушам над мене горе се паркира некоја кола.
Се симнуваат тројца полека. Натоварени и оптимистички расположени. Млад дечко и двајца повозрасни. Оставија една тура опрема и полека по останатата опрема. Едниот оди полека кон мене и ми вели: - Боби Брада? Јас сум Јоцо, Фиксна. Од форум. Стварно сум Робинзон Крусо. Денес е петок и еве ми го Петко.
Додека се запознававме удри крап. Петко веднаш се фати за кепчето како да бевме договорени и крапот за кусо време заврши во сак.
Не ни требаше многу време да разврземе муабет како стари пријатели. Им го понудив моето гостопримство и веднаш се фузиравме. Почна вистинска дружба пошто се распремија и заземаа позиции за риболов. Набргу се стемни и се прејде на подготвување на скара, салати . . .
Му понудив да преспие кај мене во шатор наместо во кола. Муабет и муабет и не бевме свесни кога заспавме.
Сабота 24 септември
Длабокиот сон 2 пати ни го наруши крап. Едниот веднаш беше вратен назад во вода бидејќи беше маломерен.
Нешто по 5 часот повторно се јави убав крап. А околу 7 част удри клен од кило и тоа беше се за сабота. Сигнализаторите не се јавија повеќе со ран. Титкања и спуштања на свингерите имаше. Ситна риба. Попадика која одвреме навреме и на јадица ќе беше извадена.
Во дружење и муабет не ни забележав кога пројде денот. Фиксна со своето друштво се спакува и замина со вечерниот термин за поминување низ Јасен, а јас повторно останав сам.
Недела 25 септември
Нема што да се каже за недела. Немам удар на крап од вчера од 5 часот. До вечер додека не си појдов тоа е 36 часа. Ваква неактивност на риба досега не сум доживеал на Козјак. Овој септември не е нешто посебно по различен од минатата или предминатата година кога во овој период имав доста риба. По десетина удари дневно. Можеби не сите во мерка но било интересно.
И други 5 - 6 екипи кои ги имам контактирано се жалат на потполна неактивност на крапот. Причината е можеби во нивото на водата која континуирано опаѓаше. Околу педа дневно. Од среда на пладне до недела на пладне водата се повлече по брегот на мојата локација за околу 5m, односно околу 1m висински.
Се надевам дека во догледно време или никојпат повеќе нема сам да одам по риба. Многу е ЗДОДЕВНО, а и времето на Робинзон Крусо одамна е поминато.
Репортажата во која Фиксна фати некој бојник
Гледам штама на форумов, па ајде малку да го раздвижиме..
Ден недела (минатиот викенд).
По консултација со драги пријатиели и колеги (поздрав до Боби Брада), во саботата одлучено е да се оди до Козјак и да се провери активноста на бојникот.
Аце и Лимун спремни ко пушка, јас си викам, да одам на попаравен после обидот за бојник на Дрим со другарчињата :)
Падна договор и гас накај Козјак.
На Кула во 7:20 и пристигање на место (Близанско) пред 8:00.
Додека се спремаше крмата, Лимун веќе фрилил и го извади првиот бојник за денот.
Почнаа да се редат ударите и уловот. Крма воопшто не беше потребна.
Речиси до пладне рибата беше активна. Потоа престана да јаде и беше потребна крма. Со самата крма, се прибра и плашка која не оставаше на раат после тоа да се фаќа. По промена на локација (малку полево), излегоа уште неколку убави парчиња.
Денот мал и додека средувавме импресии, дојде време да си одиме.
Сума сумраум - убав и топол ден, со солиден улов.
Присутно беше доволно количество на ракија, чварки, туршија и суџук (во случај да берете гајле)
Убаво поминат ден со потврден заклучок во кооперација ;)
Инфо за сите колеги: целиот потег од црквата до Близанско, па се до крајот на Здуње е ловен. Секаде е присутен бојникот и нема потреба од гужви.
Во прилог дел од случувањата и дел од уловот.
Поздрав до следната репортажа.
Репортажата во која Фиксна требаше да ги „утепа“ бојниците
Си бил еден Фиксна и си имал нови другарчиња што го тераа да идат да фаќаат бојник на Дрим.
Фиксна, иако типичен езерски рибар, сепак им поверува на другарчињата дека лесно ќе фати (цитирам) „минимум 20 кг бојник“ :) (веќе станува смешно, ама ај...).
Време и локација на настан - 22.10.2016 - „кај трскиНе“
Прибор: трска-Хантер 5.5м, конец - Исклучително STROFT 14ка, тапа-Fassа, подвез 12ка Trabucco конец, отежнат со вирбла.
По куси договори и преговори договорен викенд во Охрид/Струга со акцент на риболов на бојник/скобал.
И така Фиксна се нацрта во саботата на бензинската на Макпетрол на влез во струга. Таму седнати на баничка го чекаат другарчињата Емил и Филип.
Доручек и гас накај локацијата.
Стигаме таму, Емил ја гледа водата и вика добро е. Ќе ја биде. (не зборам ништо...)
Една Bear Grylls обиколка на локацијата со цел да се позиционираме на најпобољето место. (пак не коментирам ништо...)
Одбрана локацијата и почнуваме со процедурата.
Сликите ќе го раскажат остатокот :)
Морски будалаштини
Море, Море, Море....неограничен и неистражен рибарски свет кој чека да биде откриен. После некое време во кое се токмам за на морски спин дојде и тој викенд. Размена на информации со Сашо каде да се оди и од неколку можни места се одлучивме за Алики, пред се заради информацијата дека таму имало некој кој давал чамци и може да се изнајми....Хммм чамец + море + два дена....тоа беше интересна замисла и тргнавме со таа мисла.
Склопување екипа со љубители на морски предизвици Мишо, Тафта и Лале.
Временската прогноза малку не беше наклонета затоа што ветер над 20км на час на море и не е баш интересно за да се влага со чамец.
Стигнавме на местото и решивме првиот ден да фаќаме од обала, а следниот да го бараме тој со чамецот за да го изнајмиме. Расположение на ниво, склопување пушките, вадење варките и почнавме да фрламе. 10 минути од како почнавме првиот удар на површинец и првиот бранцин изваден.
Добро е си рековме, тука е, сега ги убивме....фрлај, фрлај, фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,фрлај, фрлај,.....ништо. Имаше и други луѓе, никој ништо. Почна некој ветер и полека почнавме да сваќаме дека ништо од првиот дел од денот
Решивме да тркнеме до Пињос на некој 70 км од Алики да видиме дали е добра реката за да пробаме поручек и на стемнување таму. Стигање на Пињос што да видиме, чоколадно млеко и реката и цело море на уливот.
Како покакани назат во кола и назат во Алики, џабе отепани 140 км. Изморени, издувани од ветерот се вративме во Алики
Решивме да го побараме типот со чамаците затоа што веќе мислите ни беа во утрешниот ден. Го најдовме, ни кажа дека неможе да ни изнајми чамец, но неговиот брат утредента ќе дошол и во 8 сабајле ќе тргнел со едно бротче, може за 10 евра од човек да не носи на риболов. Топ инфо. Задоволни од информацијата се вративме кај докот што фаќавме сабајлето да видиме дали има услови за риболов. Гледаме ветер корне, во морето овци се прават. Решивме ќе си поспиеме во кола. Таман заседнавме, Мишо едно време се издра....Леееееее абе видовте ли. Шо бе му викаме. Абе видовте ли колкаво рибиште рипна .....Му се изнасмеавме дека му се причинува од брановите. По една минута пак... Леееееее колкава е ....абе како не ја видовте пак скокна. Гледаме сите ништо само бранови. Абе ти се причинува му викаме.....и по една минута гледаме сите и ете ја ....скок на рибиште преку 30 кила сигурно ,...сабјарка ли беше, туна ли беше, ама големо беше и релативно блиску до докот. Како попарени сите изрипавме, извадивме опремата и трчанката на докот. Ваму беше, онаму беше, фрлај, мењај воблери и моли се да удри и да ти го земе цел конец :) Ветер кине ние фрламе како луди.
Никој друг на докот, сите си фатиле џенем, ние фрламе ли фрламе. Ништо, едно 2-3 сата фрлавме и полека си се прибравме, рибата повеќе не ја видовме.
Вечерта извадивме шаторите и заседнавме да замезиме.
Ветерот на раат не не осатаваше, летаат шатори, се кинат конци, врзувај, стегај, колчи....налет седењето. За многу скоро бевме во шатори и заспани со мисла за следниот ден и риболовот од брод.
Дојде утро.
До 8 часот имаше време да се пофрла некоја рака, но ништо не удри.
Се собравме и правец кај бродовите.
По некое време дојде Гркот, се утоваривме во бродот, дојдоа уште 4 грци риболовци и сите заедно во големо исчекување испловивме од пристаништето. Филинг невиден. Како на емисиине за туни ловење. Испловуваш кон отворено море на риболов :)
Го прашуваме гркот има ли риби таму кај што не носи...вика има...добро е...извадивме по некоја ракија, вино да наздравиме. По некој си 15 минути гркот го врза бродот за една од повеќето бови што стоеја во морето. Тука ќе фрламе вика. Одлично извадивме опремата, ја завземавме палубата и почнавме да џиткаме. Грците ги гледаме аматери со конците во рака, оловото и од рака фаќаат. Фрлај, фрлај, фрлај, фрлај, ништо. Позади нас грците видно расположени на пола минута некој се дере ОПОПОООПОООПОО и вадат некој рипчиња од по 50 грама. Што се дерат овие за вакви ричиња си викаме, ама нив им беше филм, добро си беа расположени, а ние ништо, никаков удар. Бре мењај варки, џигови...ништо. Едно време Мишо виде невиде попушти, монтира систем со две јадички и олово, батали спинот и почна да фрла како грците. Почна и на него да му удира, што по една, што по две риби, битно нешто работи. По него и Лале се фати за истиот систем и он почна да вади. Искачаа секакви и најчудни рипчиња.
Ја и Тафта останавме посветени на спинот и со надеж дека мора нешто да удри. Ама мора само да се умре, ништо друго не мора. Утепавме едно 2-3 сата, а ветерот стануваше се посилен и посилен, брановите поголеми, а клатењето на бродот се понеподносливо. Почнаа да се осеќаат првите знаци на лошење. Очигледно истото го чуствуваа и грците и едно време капетанот најави враќање затоа што веќе немаше услови за риболов и очигледно ќе почневме да повраќаме.
Така заврши патешествието со бродот, кое инаку да би било мирно море би било одлично искуство. Се вративме на докот и продолживме да фаќаме, кој на спин, кој на олово.
Освен малите морски ричиња не искочи ништо друго.
Си фативме патот за назат, а главите ни беа тапан од ветерот, што би рекол Мишо, се чуствувам како да сум возел до Грчка на мотор...без кацига
Така заврши уште една рибарска будалаштина....Бистро до некоја следна авантура