RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

Спин риболовците на Рибар 2011 на ден 15.05.2016 ке организираат спин дружење на Мавровско езеро во делот на Леуновска Брана.
Секој учесник во дружењето е потребно сам да си обезбеди дневна дозвола.
Нема потреба од спортски легитимации, лекарски уверенија, осигурувања ...
Нема котизации.

Сето ова е замислено како спин дружење со мал натпреварувачки дел кој ке започне во 7,30 и ке трае до 11,00 часот.
Саатницата би изгледала вака
7,30 Пристигнување, пријавување и запознавање со патеката.
8,00 Започнување на натпреварувачкиот дел
11,00 Завршување на натпреварувачкиот дел.

ПРАВИЛА

1. За натпреварот ќе бидат ангажирани лица кој ке го мерат уловот
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов
3. Дозволено е зафрлување со една трска со вештачки мамки кои се предвидени, со најмногу две трокраки јадици.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец.
6. Забрането е вадење на риба без кепче и оставање на рибата надвор од вода на суво, камен и сл.
7. После секој улов риболовецот е должен да го причека судијата за да го измери уловот и потоа рибата ке биде вратена во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
8. Забрането е влегување во вода освен во исклучителни ситуации ( вадењее на дел от опремата или мамци доколку се паднати или закачени во вода )
9. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
10. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
11. Се бодува риба од видот клен и пастрмка
12. За најголем улов ќе се смета риба која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и 1, 2 и 3 место
13. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба носи 10 бода на натпреварувачот
- За секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 3 бода
- За секој уловен клен се мери должината и 1 см = 1 бод
(Пример: ако натпреварувачот има уловено 2 клена од 30 см и една пастрмка од 25 см, се бодува на следен начин: 3 риби х 10 бода = 30 бода, 2 клена по 30 см = 60 см х 1 бод = 60 бода, 1 пастрмка од 25 см х 3 бода = 75 бода. 75 + 60 + 30 = 165 бода за тој натпреварувач)
14. Минимални мерки за мерење:
- клен 20 см
- пастрмка 25 см

Заради подобро организирање на дружењето потребно е сите заинтересирани да се пријават на форумот во соодветната тема.
Секој учесник во натпреварувачкиот дел ке добие листа на која ке бидат прибележани уловите од страна на лицата кој ке го вршат мерењето.

Во организација на Здружението на сортски риболовци „Бабуна“ од Велес викендов на езерото Младост ќе се одржи „Куп во крапски риболов“. За таa цел неодмана во водите беа пуштени 350 килограми крап.

Рокот за пријавување на екипите веќе заврши. Организаторите велат дека средствата кои ќе се соберат од котизацијата за учество, повторно ќе се искористат за наредно порибување. Целта на надлежните е во иднина велешкото езеро да стане центар за одржување на натпревари од меѓународен карактер.

„Ние во моментов до Институтот за сточарство имаме поднесено барање да се стави целосна забрана за риболов на крап на ова езеро во наредните две до три години. Идејата е да се намножи крапот за да можеме овде да организираме не само балкански туку и европски првенства во оваа дисциплина“, рече Ѕвонко Мечалов, претседател на ЗСР Бабуна.

Токму за оваа цел неодамна околу езерото Младост се изгради првата патека за крапски риболов во државата.

Езерото „Младост" е порибено со крап. Во водите беа пуштени 350 килограми. Рибата е донација од страна на Македонската риболовна федерација

Порибувањето е по повод е претстојниот крапски куп кој треба да се одржи на 6, 7 и 8 – ми мај. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој изрази задоволство од реализацијата на оваа акција. Со цел зачувување на рибниот фонд во езерото, од СРД „Бабуна" упатија апел да се почитува риболовниот кодекс.

Ви пренесуваме неколку лични осврти од членовите на форумот за одржаната крапска дружба Мавровица 2016 во организација на РИБАР 2011 и галерија на фотографии

Трасул:

Еден осврт од мене за настаните...

Пристигнавме со топол бурек за " мештаните " накрцани во желчето на Ѕвер до даска.Полека почнаа да пристигнуваат и останатите екипи кој од кој понакрцан со повеќе опрема.Почнува влечење...
Бато Ѕвер влече редослед на влечење 16ти,за потоа да извлече позиција 21.
Првично не ни се допадна бидејќи не сме на улив и затоа што сме на средина ама тоа е што е.Кога пристигнавме гледаме комшии од едната страна Ицо и Даниел,а од другата Сашо и Сашој.
Маркирање,зафрлање и чекање...После први саат време удар и промашување,за потоа да следи 20часовна тишина,па повторно удар и риба на трска 10тина секунди но се откачи во камењарникот на таа позиција.До крајот на натпреварот ништо,освен многу дожд и ветер,а ние моравме многу да пазиме на временските услови бидејќи кампот ни беше нешто слично налик Игумени
Искрено за прв натпревар,ја немавме таа почетничка среќа,дури и малер доста имавме,нервоза бидејќи со емоции влеговме,меѓутоа се се занемарува кога ќе се земе во предвид секое кафе испиено со комшиите, или со луѓето кои не посетија и НОН СТОП прашуваа како е и делеа совети,сите нови познанства и одлични луѓе,гостите од Бугарија,прекрасната природа, до случувањата во ресторанот кои ми покажаа дека не треба да се свати ова како неуспех него како школа која во иднина ќе донесе резултат.
Благодарност до РИБАР 2011 за овие 3 дена !!!

МартинМК:

Организацијата беше на ниво.. дружбата беше одлична..

4ка позиција добро испланирана.. но сепак за овој период длабока, рибата беше мал дел од првиот ден присутна, во првите 3 саати имавме 2 риби, вечерта уште една маломерна и првпат во мојот живот школки ми го дрпкаа мамецот, извадиме 2 школки комплетно јадица и боилата ја имаа лапната.. вториот ден не уби север па малце јузгозапад и не дотепа времето.. општо тој дел е проблематичен за ловење овој период.. заливот беше 6-8м.. преоравме со маркери се.. најдовме два гребени на тие ловевме и за 3 саати имавме 2 удари..

Ѓи прошетав сите позиции, дел добри дел тук тек.. дел ќори.. нормално е тоа.. затоа и сектори во лига..

Рибата вториот ден на улив правеше клокотници.. вториот ден рипаше на 80-110м.. каде имавме дубина од 10-14м.. подалеку не ни фрлавме маркери пошто немаше сврха..
Како и да е.. со оглед на времето и состојбата на езерото и позицијата за мене ОК резултат..

Благодарност до Рибар 2011 што се потруди да ги очешаме крастите.. да укрстиме трски пак.. да иа тамба ламба муабети.. зезанции.. се видов со стари пријатели.. дојдоа стари спомени убави.. се на се ништо не беше толку битно колку дружбата..

Спаива:

Сакам да се заблагодарам на сите екипи кој присуствуваа на ова дружење. Одамна не сме се собрале толку екипи на една вода.
Исто голема благодарност и до 2-те екипи од Бугарија за учеството, мислам дека бевме добри домаќини и ви го направивме престојот интересен.
Васил особено расположен, додека кастинг машината Људмил изнуди многу воздушки кај сите нас додека го гледавме како зафрла.

Впрочем, задоволство беше да се види Мавровица од далеку, од брана....полна со крапари!

Многу позитивна енергија, многу дружење, многу уживање....риболовот беше на 2-ро место.
Рибата некаде беше активна, некаде не...но се е тоа сплет на околности кој се занемарливи на ваков тип на собир.

Направивме напори да сите што се пријавија учествуваат и да направиме услови сите да можат удобно да се постават на своите позиции.

Бистро на сите до следната дружба..

Предраг:

Краток осврт од мене за долго очекуваната и најавувана дружба во организација на Рибар 2011 - Мавровица 2016-та.
Најпрвин голем поклон на дечките кои се виновници за овој спектакал да помине во најдобар ред Крсте-= крки, Гоце-тафта, Диме-спаива и Филип- кременадла и уште еднаш
Изорганизирано максимално во секој поглед. Дружба за паметење и дружба која никогаш нема да се заборави, едноставно оние кои неможеа да учествуваат може само да им биде криво.
Голема блегодарност и на двете екипи кои дојдоа од Бугарија, едната позната нашиот помагател кога е во прашање крапскиот риболов г-дин Васил со колегата кој не удостои да присуствува како на првиот натпревар на Црничани така и оваа година господинот Јордан. Втората екипа која посемно ми направи чест да ловам бокс до бокс со сребрените од светското во Романија, репрезентативци со кој сме биле на светското во Англија и Италија и човекот со најдобра кастинг техника Људмил. Едноставно несебично ни презентираше за кастинг техника која ќе ја снимив и имам видео клип па подоцна ќе видите за техникава и човеков.
Времето, периодот, активноста или неактивноста, 23 екипи распалија со ракети и спомбови, избегана или исплашена риба, крап кој се превртува на површина а не слегува да јаде, домашна екипа која имаше една од најдобрите по мене фаворизирана позиција 13 едвај една риба, 23-ка и екипа која е и те како искусна и знае останата без улов е тема и дилема што се случува гога ќе има инвазија од екипи и рболовци на една вода.
И да се сложувам со кажаното дека победници се СИТЕ кој допринесоа оваа дружба да помине во најдобар ред. Секако новите натпреварувачи осетија што значи натпревар, што значи адреналин на уловена но и на изгубена риба и дај боже да имаме што повеќе овакви дружби каде најпрво се стекнуваат нови пријателства и се среќаваме со нови луѓе.
Подоцна слики.

п.с. да не заборавам да ја напоменам несебичноста на големиот човек господин Милчо која остана да лови една вечер сам, успеа да направи резулат, се дружеше и на крај помагаше за вадење на колите од калта. Милчо пријателе стар секоја чест

Борис:

Поздрав и од мене до сите учесници, а пред се до луѓето кои се откажаа од комодитетот и беа и во улога на организатори, се акаа по езерото да мерат и сл...Мишо-Кременадла, Крсте, Диме и Гоце....Поздрав до сите учесници...Дружба како дружба релаксирано....убаво време да се очеша крастата како некој што пиша, да се проба нешто ново, да се усоврши техника на ловење, готвење, дружење и спиење :

Езерото е прекрасно, позициите генерално ОК, ние бевме на 2-ка, и во наша околина ги следевме 1, 3 и 4-ка....од 1-3 немаше улов, а со оглед на тоа што и од другата страна од страна на браната повеке екипи немаа улов јасно укажува дека рибата не беше кон браната и од она што беше малку од скокови беа пред се во средина езеро...фактори за тоа се куп...

Од мене исто голем минус до концесионерот...но во една друга насока, а тоа е што не видов интерес од нив за ваквата дружба, за крапџиите како клиенти, да дојдат да пооздрават на отварањето, да поминат по боксовите, да ги прашаат луѓето да не им треба нешто, да чујат од луѓето забелешки и пофалби, да купат некоја идеја или совет за подобро концесионирање, конечно да дојдат на крај во ресторанот да ги поздрават учесниците и победниците. Од финансиски аспект инкасираа скоро 400 евра за еден куп неделни дозволи што беше уште еден голем аргумент зошто треба да бидат присутни меѓу клиентите. Тоа што им се шуњаа по некој кинез и локалец на тапа и тоа што од време на време им зимаат крапови за мене не е најстрашно, ако се има во предвид дека нема езеро и концесионер во МК кај кој не постојат вакви проблемчиња. Но гостопримството и интересот за дружбата и крапџиите од мене голем минус, можат да одат кај Тасим на неколкудневен семинар на таа тема. Се надевам дека ќе стигнат до нив овие критики и ќе се подобруваат во иднина, а во исто време не мислам дека е во ред одма некои радикални изјави да се даваат, сепак луѓето држат убаво езеро и треба да им се помага за да станат подобри.

Понеделник, 18 Април 2016 12:59

Риболов на Мавровско езеро

Сабота 16.04.2016, прекрасен ден на Мавровско езеро. Сончево и топло како да е месец јуни.

Уловот се состоеше од:

Пастрмка од 2 кг, уловена на Maria Fake Baits

2 клена од 1.4 кг и 2.2 кг, уловени на Megabass fx 6.6

Прекрасно поминат риболовен ден, со уште неколку нереализирани удари и неколку откачувања.

Бистро!

Почитувани,

Ве известуваме дека 33- та Седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 17.04.2016 година во спортската сала Борис Трајковски со почеток во 11.00 часот во Скопје.

Повеќе информации со кликање на следниот линк: СОБРАНИЕ НА МРФ

Со почит,

ЗРСРК РИБАР 2011

Недела 10.01.2016 на Мавровско езеро прекрасно утро. Сонцево мирно подоцна почна малку ветер.
Езерото е многу големо, годинава ќе биде водостојот на максимум изгледа.
Локација на риболов пред Леуновска брана. Покрај убавите пејсажи имав и два удари, од кои еден беше реализиран.
Мамец: Vobler MEGABASS FX 6.6

Саботата 08.04.2016 год. беше среќен ден за рибарот Науме.
На 50м од мостот во с.Таш Маруништа м.в. Брод беше уловен редок пример на карас и тоа златен.
Усидрен покрај коритото на Црн дрим од тука каде што практично започнува и акумулацијата рибарот Науме успеа да го улови овој златен карас на глиста.
Останува предизвикот на сите Вас да дојдете на Глобочица и да си ја испробате среќата кој знае можеби и Вие ќе успеете да уловите златна рипка!

12932688 10209664800915934 6173189110195938862 n

Среда, 13 Април 2016 12:44

45 км .на едно тркало by Oki ribar

Риболов на наш начин, денешниот ден решивме да го поминеме на Дојранското езеро да видиме што се случува на него во еден убав, топол и сончев ден, времето како од бајка услови за риболов одлични па решивме да ловиме Караш риба која барем по мое мислење прави добар мерак на вадење од вода.
Како и секогаш малку сликовито за овој наш излет кој почна во раните утрински часови поточно во 01 часот по полноќ, и сега ќе се запрашате зошто стасавме во Дојран во 05 наутро, кога ке ги погледнете последните две фотографии се ке ви се разјасни. Од пред ..Удово.. ни се дупна левата гума на приколката од чамецот и како и обично ..не ..носиме резервна зошто државичкава ни е мала па можеме да поминеме ..45..км на ..ЕДНО ТРКАЛО..резултатот од гумата, само бандаш кој ..искри..како брусалка, среќа што патувавме по темница инаку ке имаше смеење за сите пари, не видоа само неколку минувачи кои секако се збунети, не е битно, сепак денот убаво си го поминавме имаше добар улов, ладна ..фрижидерка..добра салата и на крај една скара.

Еве и некоја фотка со прекрасно почнатиот риболовен ден на Дојранско, нешто од опремата и мамците и секако некоја рипка која ни го разубави денот, се разбира и одма заборавивме на гумата.

Направивме и едно кратко клипче за долго сеќавање на тој убав риболовен ден.

Солидни примероци на риба кои го виткаа врвот на трската и ни направија мерак при вадење.

Што да кажам освен ..ПАЛАЧИНКА..и сепак не се колебавме ,и нервиравме го свативме ова како зезање и Жацо машки извози 45 км на едно тркало, само ако те сопреа колегите ке имаше смеење и ден денес.

Се гледаме на вода поздрав Оки рибар, Горан жацо и Даце живели

БИСТРО

LOGO RIBKRADCI 233Ве известуваме дека по иницијатива на повеќето активни членови на форумот на (www.ribar.com.mk) со голем ентузијазам, големи замисли како да се променат некои работи во нашиот Македонски риболовен свет и со единствена цел да имаме уште една форма повеќе преку која би ги реализирале нашите цели, во декември 2011 година формиравме ново спортско-рекреативно риболовно здружение РИБАР 2011.

Здружението го формиравме со единствени заеднички цели: нашите дружби на интернет да се преточат во се почести дружби, натпревари и седенки покрај вода, борба против рибокрадството, зачувување на животната средина, собирање на средства за порибување, побогати реки и езера со риба, популаризација на риболовот како спорт во Република Македонија, поорганизирано настапување пред институциите на државата, влијание на политиките на Риболовната Федерација на Македонија и повеќе други цели кои можат да се прочитаат во Статутот на РИБАР 2011.

СТАТУТ НА ЗРСРК РИБАР 2011

Здружението Рибар 2011, функционира на целата територија на Република Македонија, братски соработува со сите наши здруженија кои имаат исти или слични цели и кои ревносно и посветено работат на остварување на истите.

За остварување на нашите цели, планираме да спроведеме повеќе акции во годините кои се пред нас.

ЗРСРК РИБАР 2011

Ги повикуваме сите риболовци кои сакаат да пристапат кон нашето здружение, да пополнат пристапница која можат да ја преземат на овој линк ПРИСТАПНИЦА, и да ја испратат на следната адреса:

Партизански одреди 42/4
1000 Скопје
Република Македонија
Членарината за 2016 година ќе биде 100 денари.

За нашите сегашни и идни членови ги нудиме следните опции:

Пакет 1. Членарина + легитимација - 500 денари

Пакет 2. Членарина + легитимација + маица РИБАР 2011 - 1000 денари

Уплатите се вршат на следната уплатница:

opsta uplatnica

Со почит,

ЗРСРК РИБАР 2011

П.С

Забрането за Рибокрадци

stop

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija