ЗРСК Пастрмка - Струга
Здружение на риболовци спортски клуб “ПАСТРМКА“ - Струга
Концесионер на риболовниот ревир „река Црн Дрим 1“
Рекреативен риболов е дозволен исклучиво со поседување легитимација и дозвола за рекреативен риболов.
Цени на риболовни дозволи за 2016 година:
1600 ден. - годишна дозвола
700 ден. - петнаесетдневна дозвола
500 ден. - седумдневна дозвола
200 ден. - дневна дозвола
Жиро сметка: 200000003399648
Депонент: Стопанска банка
e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Контакт телефон: +389 77 766-777
Претседател: Емил Матовски
Телефон за контакт: 078/255-040
Рекреативен риболов е дозволен преку целата година освен во периодот за мрест.
Одредена е забрана за риболов поради мрест на одрдени видови риби и тоа во период:
Пастрмка - од 01. Октомври до 28/29 февруари наредната година
Црна мрена - од 15 мај до 30 јуни
Скобуст - од 15 април до 15 мај
Клен - од 05 мај до 15 јуни
Крап - од 15 мај до 30 јуни
Риболов на пастрмка е дозволен во периодот петок, сабота, недела и за државни празници во периодот од 1 март до 30 септември.
Сите уловени риби во периодот кога е предвидена забрана за истите, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За оние видови на риба за кои не е предвидена забрана за мрест рекреативниот риболов ќе биде дозволен преку целата година.
Голема река и Вевчанска река, по целото нивно течение се определени како природни плодишта каде се мрести пастрмката и на истите e определена забрана за секаков вид риболов во периодот од 1 октомври до 1 март
Дозволен дневен улов, по видови на риба, за рекреативен риболов :
пастрмка во река Црн Дрим - 2 примероци
пастрмка во притоките на река Црн Дрим - 3 примероци
црна мрена - 25 примероци
скобуст - 13 примероци
клен - 10 примероци
крап - 1 примерок
јагула - 1 примерок
Максимална дозволена количина на дневен улов на риба изнесува вкупно 3 кг. Доколку во уловот има разни видови на риба, вкупната количина во еден ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Големина на рибите под која не смеат да се ловат:
Пастрмка во р. Црн Дрим - 40 см
Пастрмка во притоките - 30 см
Црна мрена - 20 см
Писа - 20 см
Скобуст - 25 см
Клен - 30 см
Крап - 40 см
Јагула - 50 см
Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, може да се ловат во сите големини.
Ракот е забранет за ловење во сите големини.
Страната ribar.com.mk е повторно во функција
Почитувани колеги риболовци,
Ве известуваме дека сајтот ribar.com.mk е повторно во функција. Во изминатиот период поради напад со вируси на серверите каде што се хостира сајтот, дојде до оштетување на дел од веб страната и истата не беше во можност да функционира како што треба (дел и поради застареност на платформата на која беше поставена), па затоа решивме привремено да ја исклучиме за да направиме нов и модерен сајт. Во меѓувреме функционираше само форумот на ribar.com.mk/forum
Во моментов се уште работиме на страната, ова е првична верзија, работите постепено се префрлаат од старата страна, колку што нам ни дозволува времето.
Се надеваме дека за кратко време ќе го скоцкаме комплетно сајтот и ќе го освежиме со нови информации корисни за риболовците од Македонија. Доколку имате сугестии или предлози, идеи за нешто што би сакале да видите на сајтот дополнително, слободно испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со почит,
Администрација
“Отворена“ е сезоната на Црн Дрим
Како што не извести на форумот Емил од Пастрмка - Струга, на Црн Дрим 1 почнал да работи бојникот и кленот.
Бистро!
Чешко нимфарење
Чешка нимфа и чешко нимфарење се специјален тип на риболов, кој се разви во регионите на средината и источна Европа. Оригиналната полска нимфа беше преземена од Чешките рибари во текот на осумдесеттите години на дваесеттиот век. Особено врвот на Чешките натпреварувачи експериментирале со овој нов метод, го развиле и го донеле речиси до совршенство.
Принципот на риболов со Чешка нимфа е риболов на кратко растојание , практично под врвот на трската, дека ние ја држиме во испружена рака. Шнурот виси под врвот на трската и неговиот крај често дури и не допира до нивото на водата.
Две или три нимфи со различни тежини се користат. Класични нимфи за начинот на риболов се таканаречените Bobeshs. Но исто така и други видови на мушички се користат (џиг нимфи, со отежнати перли, тунгстен и сл)
Чешки нимфи се отежнати мушички , имитирајќи ракчиња, ларви на сеџ мушички итн... Се користат со големина на јадица 8-16. Чешката нимфа е прилично едноставна мушичка во врска со нејзината изработка. Карактеристични јадици се заокружени (свиткани) gammarus јадици, кои се отежнати со оловна жица. Телото е создадено од природни или синтетички дабинг. Друга типична карактеристика на Чешката нимфа е задниот дел, направен од латекс фолија или материјал со слични карактеристики. За ребра на мушичката се користи монофил, обоена жица... Реалната чешка нимфа е секогаш врзана како многу тенка, да потоне многу брзо кон дното.
Суви мушици
Сувата мушичка претставува поим под кој се мисли на сите мушички со кои се лови на површината на водата или над водениот филм. Мушичката на водата мора да се однесува природно (паѓањето на водата, движењето). Основното правило на мушичарењето до кое секој мушичар мора да се држи е кога ќе дојде на риболовната вода, прво да разгледа какви мушички летаат и паѓаат во вода. Таквите мушички, прво според силуетата, а потоа и според останатите карактеристики, ги користи мушичарот за риболов. Големината на мушичките треба да биде приближна на големината на природните мушички кои се имитираат.
Бојата на вештачките мушички треба да биде слична на природната, но можни се и отстапувања. Важно е силуетата на вештачката мушичка која ја користиме да биде иста како силуетата на природните мушички кои летаат над водата. Значи, ентомологијата е многу важна и основното познавање на оваа наука е еден вид буквар за мушичарот. На категоријата на мушичките кои се изработуваат како сува верзија на вештачки мушички припаѓаат возрасните единки од фамилиите:
Caddisflies (Кадиси - Сеџеви), Stoneflies (Камењарки), Water beetles (водени бубачки), Cicadas (цикади), копнени инсекти - Grasshoppers (скакулци) Ants (мравки), ларви и возрасни форми на одредени Diptera (двокрилци на разни комарци и инсекти) ларви, возрасни и умрени Mayflies (мајски мушички – еднодневки), Damselflies (вилински коњчиња), Wasp (оси), Bumble bee (бумбари и пчели). Најважна особина на сувите мушички е релативно долго да останат на површината на водата. Таа способност се постигнува со соодветна изработка на мушичките, посебно преку изборот на материјали (CDC пердуви - cul de canard или во слободен превод “задникот на патката“и слично.), како и со помош на едноставната употреба на специјални препарати за пловност.
За сувата мушичка да не тоне, таа се изработува од материјали кои ја одржуваат пловноста, повеќе пердуви кои создраваат поголема површина на мушичката, што резултира со нејзино лесно и долготрајно задржување на површината на водата. Риболовот со сува мушичка се смета за совршенство, предизвик и единствен вистински начин на мушичарење. Меѓутоа, има различни размислувања за тоа дали мушичарењето со суви мушички е најлесен или најтежок тип на мушичарење. Генерални поделби во оваа категорија нема, но сепак може да издвоиме две посебни групи:
- Суви мушички со крила: кај овие мушички крилата и пердувите се поставуваат на вратот на јадицата под прав агол во однос на телото. За полесно и подолго да пливаат, тие повремено треба да се третираат со разни силиконски препарати за пловност, а може да се користи и вазелин или растворен парафин во малку бензин.
- Суви мушички без крила: И кај овие мушички пердувите стојат под прав агол во однос на телото. Кај некои мушички пердувите се сместени понапред, а кај некои се распоредени по целото тело. И ние треба повремено да ги третираме со спомнатите препарати поради подобра пловност.
На крајот треба да наведеме дека риболовот со суви мушички се состои од способноста да се осети атмосферата на водата, како и на способноста на мушичарот да се снајде и прилагоди на одреден терен.
За успехот, покрај волјата и упорноста, потребно е и искуство.
Мушичарење на бојник
Мушичарењето на бојник најчесто се одвива “на видено“, при што зафрувањето се врши многу нежно за да не се исплашат рибите, точно пред јатото, буквално нимфата треба да им падне пред уста :) Ако јатото се исплаши, почекајте неколку минути, најчесто пак се враќаат на истото место, посебно кога се хранат ;)
Се препорачува користење на тенки предвези (типети) од флуорокарбон, посебно во бистра вода. Јас би користел и тонечки лидер, бидејќи најчесто бојникот на мушица се лови во побрзи и поплитки делови од реката, за да не му се остави време “да размислува“ за мамецот што треба да го нападне :)
Инаку, има случаи кога бојникот во кратки интервали интензивно се храни и се качува до површината. Во таквите моменти се лови на многу мали суви мушички - еднодневки, врзани на #16 или #18 јадици.
Многу е битно, ако ловите бојник, мушичката/нимфата да има светликав детал на неа. Дали ќе биде тоа златна глава, златна ламета, жица или пак флешбек за гамаруси, не прави разлика, битно е да светка, посебно во присуство на сонце.
Еве нешто што ми фати око од мушички, а е лесно за изработка
Резултатот би бил:
Мушичарење на клен (на река)
Кон крајот на пролетта, во мај, кога надојдените водите на реките ќе се повлечат, се отвора правата сезона за мушичарење на клен. Кленот најчесто може да го најдеме во средните и долните делови на водените текови, по длабоките вирови или на премините од вир во вир. На лето, кога водата е најтопла, знае да се појави и во најголемите брзаци, чекајќи водата да му донесе храна.
Кленот е доста атрактивна риба за мушичарење, пред се затоа што најчесто се лови на суви мушици при што се гледа нападот на мушичката. Проблемот кај сувите мушици е што редовно ги напаѓаат помалите кленови први, додека големите се попретпазливи.
Најубаво време за улов на капитален клен е рано наутро, пред изгрејсонце, кога капиталните кленови бараат храна скоро до површината, пред да се повлечат во “скривалиштата“, и на зајдисонце, кога повторно излегуваат по храна. На зајдисонце риболовот може да биде и најатрактивен, поради најголемата активност на кленот, како и спектакуларните скокови кои ни го креваат адреналинот додека ја упатуваме мушичката кон местото на потенцијалниот удар.
Преку ден, посебно при топло време, капиталните кленови најчесто се кријат во подлабоките вирови, под паднатите дрва и препреки, во помирните места каде што се безбедни, а истовремено имаат пристап до храна. Во таквите случаи можеме да пробаме да ги извадиме од скривалиштата со малку поризични зафрлувања со нимфи или стримери на потенцијалните места каде што се кријат.
Од опрема може да користиме трски од класа 4-6, со соодветен шнур, конусен предвез од 2,5 – 3 метри, и јас препорачувам типетот да биде од флуорокарбон, бидејќи лани летото ми се случи на видено , на бистра вода, да не добијам удар на обичен типет од монофил, се додека не го сменив со флуорокарбон, а мушицата остана иста.
Зафрлувањето го изведуваме малку поостро, за разлика од мушичарењето на пастрмка, бидејќи тука не ни е потребна фина презентација, туку слаб удар на мушицата на водата, што ќе го привлече вниманието на кленот. Може да зафрлуваме директно на местото каде што очекуваме удар, а може и да ловиме со т.н. dead drift (мртво возење) на мушичката.
Доколку користиме стримери за кленот, највеќе се препорачува добро познатиот Wоolly Bugger. Стримерот би го зафрлале попреку или низводно, под местото каде што се крие кленот.
Како што напоменав погоре, за риболов на клен може да користиме и нимфи. Кленот не е многу пребирлив во однос на храната, така да може да го ловиме на реалистични имитации на ларви, пупи, гамаруси, како и на “фантастични“ нимфи. Многу рибари препорачуваат кленот да се лови со мушици на кои има црвена боја. Според она што го имам прочитано по разни мушичарски форуми, најголемите примероци на клен се ловат на нимфи. Истовремено, тоа е и најтешкиот облик на мушичарење на клен, со најмал број на удари, што предизвикува голем број мушичари воопшто да не го практикуваат или да не му даваат доволна минутажа.
Еве дел од нимфите за клен:
При мртвото возење (dead drift) најчесто се користат влажни мушици кои имитираат мртви мушички носени од водата во самиот воден филм. Тие се зафрлаат над местото каде што го очекуваме ударот и се оставаат водата да му ги сервира на кленот.
Пример за влажни мушици:
При риболовот со суви мушици имаме најголем избор на мушици и техники. Може да се користат имитации на мали еднодневки кои кленот секогаш е расположен да ги собере од површината, да се користат терестријални имитации (мравки, оси, бумбари, скакулци), како и “фантастични“ мушички т.н. стимулатори кои со своите бои и изглед ја предизвикуваат рибата без да имитираат било каква мушичка.
Не ретко знае и клен капиталец да удри на сува мушичка, но најчесто први напаѓаат помалите кленови кои се најблиску до површината. Јас од сувите мушици најчесто користам мушички од типот на Red Tag, во било која варијанта, палмер мушички (најчесто со тело од паун и намотан хакл од петел на палмерски начин), имитации на мравки (црни и со боја на цимет), а во последно време се повеќе користам меснати бумбарчиња.
Стимулатор:
Суви еднодневки:
Палмер мушички (втората се вика hot butt caddis):
И за крај, терестријални мушички:
Одбери ја вистинската мушичка
Да се одбере вистинска мушичка, денес кога изборот е огромен, е прав предизвик. Прашањето кое го поставува секој почетник е: што е тоа што ја прави оваа мушичка подобра од другата?
Пред да се почне со риболов со одреден вид на мушичка, потребно е да се размислува за следните фактори:
• Годишно време
• Состојба на водата (матна, бистра)
• Вид на риба која ќе се лови
• На која река или езеро ќе се лови (разни води, разни инсекти, разни услови)
• Твојата локација на водата (брегови со трева, длабоки брзи базени, плитки мирни површини)
• Период од денот (утро, пладне, приквечер)
Секогаш треба да се набљудува кои инсекти се ројат во текот на денот додека мушичариме. Пастрмката го приспособува своето хранење според дневното роењето на инсектите. Со набљудувањето може да се утврди дали рибата зема од површина или се храни со нимфи.
Во зимскиот период не треба да се лови со големи имитации, бидејќи тогаш нема роење на такви инсекти. Преку зима, водните инсекти се мали, па спрема тоа се користат мали имитации како што се: Blue Wing Olives, Midges, и мали Stoneflies.
Во пролет мајските мушички се ројат прогресивно, така да во овој период од годината се користат имитациите: Hendrickson, March Brown и Quill Gordon.
Како што доаѓа средината на пролетта инсектите се поголеми и со појаки бои. Имитациите кои одговараат на овој период се: Green Drakes, Light Cahills, Sulphurs, Olive Elk Hair Caddis и др.
За време на летниот период рибата е заинтересирана за земјените инсекти (Бумбари, Оси, Мравки и др.). Ваквата заинтересираност би требало да потрае преку цело лето. Исто така во овој период не треба да се заборави и употреба на поголеми имитации на Stonefly Nyмphs.
Image
Како што се приближува Октомври, така треба да се вратиме на употреба на помалите имитации.
Изгледот и условите на водата исто така играат голема улога во избирањето на имитации. Доклоку водата е матна, пробајте со поголема и пошарена нимфа. Тука би одговарала- Prince nymph, Black Wooly Bugger. Треба да се внимава дека рибата има добар вид дури и во вакви услови на водата.
Кристално чистите води се сосема друг предизвик, каде рибите ги гледаат сите детали од имитацијата. Во овој случај пожелно е да се употребуваат пореалистични мушички. Мала имитација, деликатно презентирана, е клучот за успех во вакви услови.
Мушичарење со имитации
Мушичарење со пријател е од голема корист, тројца е веке гужва. Пријателот ке ви даде морална подршка кога е тоа потребно,спремен е со кепчето, те слика при улов и притоа со него, можете да ги споделите доживавањата на вода. Доколку немате пријател кој има исти сваќања за рабарењето како вас, би ви предложил да станете по социјални и придобиете еден таков кој е на иста бранова дожина како вас.
ПРОНАЈДИ ЈА РИБАТА
Пронаоѓањето е возбудливо, тоа кога условите ни дозволуваат.Пронаоѓањето на рибата ке ни дозволи нејзино набљудување и анализирање.
Најлесно се пронаоѓа во бистри и мирни води каде дното е светло и рамно. Во побрзи води, воглавно пастрмката е стационарна и се држи за одредена територија. Нешто што би морале да имаме со нас се поларизирани наочари и капче со стреа, како би избегнале светлината да ни пречи. Полека движете се контра течението и правете почести паузи. При паузите полесно ке ги приметиме сенките во движење испод водата.Полесно се приметува движење во водата кога стоиме мирно.
Од ова, најголема корист сум имал во периодот пред топење на снеговите при кое сум имал невероватно успешно мушичарење во раната сезона. Наместо веднаш да се нафрлиме,подобро би било да се потрудиме да видиме што рибата зима. Одалечувајки се од местото, можеме да превтуваме камења и да видиме кој нимфи се најбројни. Ако и тоа не можеме да заклучиме, тогаш една алтернатива е да закачиме повеке нимфи на конецот. Првото зафрлање нека биде пократко како не би ја исплашиле рибата со шњурот.Светлината која се прекшува на површината на водата ни дава лажна слика за местоположбата на рибата.
Прекршувањето на светлината помеѓу водата и воздухот, најчесто придонесува да добиеме слика дека рибата е повисоко во водата и подалеку него што е тоа случајот. Затоа првото зафрлање да е пократко како би можеле да ја оцениме положбата на рибата полесно. При второто зафрлање, израчунајте го и периодот на кој и е потребно на нимфата да дојде на ниво на која е рибата.
ПЕРИОД ОД ДЕНОТ
Утрата и квечерините се најпопуларни периоди од денот. Факт е дека ова се најактивни делови од денот со највеке улов. Една од причините е тоа што во овие периоди има највеќе храна. Мајските воглавно се ројат наутро до пред пладне, а кадисите и комарците во подоцните попладневни часови.
Присуството на храна во изобилие ја прави пастрмката активна. Феноменот на раздвижени нимфи опишан во предходниот текст, има тенденција да се одвива наутро и навечер.При ова,многу индивидуи од иста врста пливаат со струјата, одприлика како и при роењето. Никој незнае како инсектите успеваат да го синхронизираат ова, но тоа така функционира.
Рибата е поплашлива при силна светлина,се чуствува експонирана и изложена на опасност. Кога сонцето е високо на небото,потребно е поголемо количество на храна за да би се осудила да прифати ризик за да би придобила калории.
Одприлика ова е објаснение зошто рибата е поактивна наутро и навечер.
Наесен пастрмката ги менува навиките. Делумично интересот за храна се намалува а фокусот е свртен према спротивниот пол.Најголемите риби први ги завземаат мрестилиштата далеку од периодот на самиот мрест и сеусте интересот за храна е голем. Типично однесување уште во периодот пред мрестот е пасивноста преку ден и лежењето во длабочина. Овие големи риби наесен можеме да ги пронајдеме наутро и навечер во плитките и брзи делови на реката кој се сместени поред длабочина.
Да се улови голема риба е цел на многумина, а за да го оствариме ова потребно ни е познавање на навиките на рибата во различните периоди од денот. Големите риби последни почнуваат со исхрана при роење на површината а први завршуваат. Големата риба го чека најинтензивниот период на роење и често јаде интензивно во кратки периоди.
Оваа уловена риба наесен па дури и во Август месец треба да биде вратена. Во спротивно имаме една риба помалку за време на мрест. Според мене, нема голема разлика дали е рибата убиена во овој период или при самиот мрест. Останува вашата совест да одлучи што ке правите со неа.
КОИ ИНСЕКТИ СЕ АКТИВНИ А КОЈ РИБАТА ГИ ЗИМА
Ова звичи како банално прашање али во суштина релевантно и не секогаш лесно за пронаоѓање на прав одговор. Ако само еден единствен инсект се рои, лесно е да се одлучиме која мушица ке биде врзана на крајот од подвезот. Но ако повеќе се ројат истовремено и притоа масивно,одма станува комплицирано. При ваков случај,често рибите се селективни и се со тенденција да избираат само една врста на мушица. Пресудно е да се уочи кој инсект го зимаат нешто што може да варира од риба до риба.
Се случува да големата риба постојано се храни на комарци иако површината на водата е прекриена со мајски, или пастрмка што ги избира помалите мајски иако и поголемите се ројат истовремено. Има пак случаеви кога рибата ги предпочитува мравките пред било кој друг инсект.
АКТИВНОСТА НА РИБАТА ПРИ РАЗЛИЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ
Рибите се створенија кој ја менуваат телесната температура што значи дека ја прилагодуваат на средината во која се наоѓаат.
Метаболизмот кај различните врсти и локални вариации е прилагоден на една идеална температура кроз еволуцијата. Ова значи дека рибите стануваат млитави и спори при превисоки или прениски температири но истовремено трошат само десети дел на калории во споредба со топлокрвните животни кој не ја менуваат температурата а ја имаат истата големина како рибата.
Идеална температура за пастрмката по дефиницаја е од 8 до 12Цс, кај некој подврсти и пониска. Ова значи дека пастрмката е во потрага на предели со овие услови.Како пример можеме да го земеме промената на активноста на рибата преку денот,базирано на температурните промени.Како што доаѓа пролетта во исти такт се менува и активноста на рибата. Значи во исти такт активностата е се порано наутро а подоцна навечер во периоди во кој температурата на водата е идеална.
Во периоди кога температурата е пониска од 8 до 12 степени, најдобро е да се лови 2 до 4 часа откако сонцето било највисоко на небото.
ДОВЕРБА ВО ОНА ШТО ГО ГЛЕДАМЕ
Кога збориме за мушичарење со имитации би требале да имаме повеќе доверба во она што го гледаме во однос на она што сме го прочитале некаде.Со литература секако дека можеме да дојдеме до некакво познавање. Но прилагодувањето во одредени околности ја објаснува успешноста на локалните мушичари.Постојат рибари кој ги знаат сите факти за мајските мушици, а притоа не ги ни приметиле мравките на површината а уште помалку забележале дека пастрмката е фокусирана на нив.
Успешноста во мушичарењето со имитации зависи и од тоа да можеме да ги елиминираме случајностите. Применувајки ја оваа методика, го прави овој тип на мушичарење во совршенство.
Избор на мушичарка
Доколку прашаме 15 луге, која риболовна опрема е најдобра, ке добиеме 15 различни опции. Изборот на мушичарка е можеби уште поделикатен. Мушичарите се често пребирливи и заљубени во својте мушичарки. Многумина ја гледаат мушичарката како животен сопатник и како таква, сакаат да ја имат најдобрата. За да дојдеме до прав избор, треба прво да ги знаеме различните карактеристики поточно особини кај мушичарските трски.
За што ке бидат користени:
Првото нешто што треба да го имаме на ум, каде и каква риба ке ловиме. Дали тоа ке биде поточна пастрмка на некое поточе или поголеми пастрмки на некоја река. Можеби и комбинирано од двете предходни опции. Прв фактор што треба да го запазиме е големината на реката или потокот, потоа следува големината на мушиците кој ке ги користиме и на крај големината на рибата која планираме да ја ловиме. Големината на мушичарката влијае при зафрлањето и при самата борба со рибата....
Знакот #
Цврстината или ја ке ја наречам класата на една мушучарка се означува со знакот # и бројка. Пример #5. Ова исто така означува со која тежина или која класа ке биде шњурот (конецот). Значи трска од каласата #5 користи соодветен шњур кој е исто означен со бројката 5. За разлика од мушиците каде што помал број значи поголема мушица, кај мушичарките е обратно. На пример мушичарка означена #3 се користи за потоци со мали пастрмки додека #12 за големи реки при лов на големи лососи. Најпопуларна "all-around" мушичарка е #5-6, со неа ке можеме да го покриеме целото пастрмско мушичарење. Повекето мушичари кој ловат поголеми пастрмки или помали лососи се одлучуваат за #7 до #9.
Друга бројка на која треба да обрнеме внимание е должината која е изразена во "Fut". За да имате ориентација, 30 сантиметри е 1 фут, или пак 3 фути се скоро еден метар. Мушичарките со должина од 9 фута се најкористени. Со трска од оваа должина, можеме да зафрламе далеку без да се замориме и имаме добра контрола над шњурот (конецот) при водењето на мушицата. Доколку ловиме на мали потоци со богата вегетација, оваа должина би не фрустрирала поради недостатокот на простор за маневрирање. Во вакви случаи најчесто се користат трски со должина од 8 до 7 фута, а може и пократки. При мушичарење на големи реки се користат подолги мушичарки од 9ки,10,11,12 и 13ки како би можеле да добиеме подолго зафрлање и подобра контрола при водењето на мушицата.
Акција
Различни производители ја нарекуваат акцијата кај својте трски различно. Повекето производители имаат 4 класификации, но сето тоа се базира на исти концепт. А тоа е степенот на виткање на трската при зафрлање. Акцијата би ја поделиле вака. Брз "fast", Средно брз "medium fast" и Спор "slow".
Брз
Мушичарки со брза акција се оние на кој само врвот се превиткува при зафрлање. Овие мушичарки се одлични за зафрлање подалеку и при ветер. Ствараат потесни лактови при зафрлање и со самото тоа поголема аеродинамичност кај шњурот. Безпрекорни за шњуреви од типот "shooting head" како и за "double-hauling" техика на зафрлање. Вистински бисери за еден искусен мушичар. Како и да е, брзите мушичарки не се препорачливи за почетници, тешки се за учење затоа што и најмалата грешка при зафрлањето се одразува драстично.
Средно брзи
Оваа акција е најпопуларна. Акцијата на овие мушичарки е негде на средината на трската. Одлични трски за почетници, но овие се и чест избор кај искусните мушичари. Грешките при зафрлање не се одразуваат како кај брзите трски и нудат голема прецизност. Како и да е, со нив не ја постигнуваме истата далечина како кај брзите и ветерот ни ствара повеке проблем во споредба со предходните.
Спори
Ови се виткаат уште од самата дршка, и овие мушичарки се во изумирање. Штета, затоа што се одлични за мали потоци. Со нив, не постигнуваме големи далечини, али они не се потребни при лов на потоци. Овозможуваат понежно зафрлање кое е потребно на вакви места.
Производители
Сите познати производители денес произведуваат одлични трски. Една важна работа бри избор на мушичарка е да запазиме кој од производителите нудат доживотна гаранција. Повеќето сериозни производители денес, нудат ваква гаранција. Доколку трската ни се скриши при борба или ја искршиме затварајки ја вратата од колата, производителот ќе ни го замени тој дел. Ова не е чудно ако го знаеме фактот дека една ваква гаранција е однапред израчуната во цената на мушичарката.
Препораки
Овие нека ви бидат како појдовна точка при избор. За мали потоци препорачливи се мушичарки #3 или #4 со спора акција.
За реки, #5 или#6. (овие предлози се за условите кој ги имаме во Македонија)
Доколку ја се одлучам за само една трска и при тоа воглавно би ловел на Треска и понекогаш на Радика, тогаш мојот избор би била мушичарка од 9'ft #5.
Со неа би можел да зафрлам од најмали нимфи до просечни стримери не многу отежнати. Доколку е потребно и подолго зафрлање, со оваа трска би можеле да го изведеме без проблем. За различните типови на мушичарки има уште многу да се пишува. Со овој текст сакав само да дадам вовед во оваа тема и да им олеснам малку при избор на мушичарка на оние кој размислуваат да започнат со овој вид на риболов.