RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Четврток, 23 Февруари 2017 11:13

Опуштено во Мариово

После две три одлагања конечно успеавме да се склопиме да тргнеме накај Мариово. Знаевме дека не јаде како што јадело пред 2-3 недели, но слободното време не прашува кога да дојдам, а кога ќе дојде мора да се искористи, макар и само да бидеш покрај вода.

Се забравме накај 4 и фативме џенем накај Мариово, таму не пречека Сашо концесионерот на Црна Река во тој дел кој секогаш бил одличен домаќин, пред се поради тоа што е единствениот концесионер кој од кога ја зема концесијата изгради куќичка на сама река и човекот е постојано таму, контролира, работи, едноставно таму живее....е тоа е живот луѓе мои, постојано покрај река да го слушаш и гледаш движењето на реката, скоковите на рибата и целосно да уживаш во природата. Дополнително опушање таму е што тешко каде фаќа мрежа, така што мобилните се во аут, можеш слободно да се опуштиш од модерниот живот.

Стигнавме на река, си седнавме кај Сашо, по една ракиичка, по едно кафенце, добивме инфо дека не јаде поради високиот водостој изминатите денови, ама што е тука е, сме дошле, лабаво ќе се испробаме да го најдеме. Тргнавме да го чешламе теренот, на едно, на друго место, крма ваму, крма таму, бојникот го немаше никаде, нит да скокне, нит да удри. Но, затоа тука беше терасата на Сашо каде уз моабет, уз кафе, гравче, пивце можеше да ја следиме реката, рибарите што се трудеа да прелажат некоја риба и да гледаме дали ќе скокне некаде да му се пуштиме. Во меѓувреме дојде и Злате од Битола да се видиме, да си поседиме, па и да попецаме. Така лабаво и релаксирано, дур речеш кекс веќе не стемни, а од терасата се префрливме внатре во куќата. Внатре како што иде ...уздуш и попреку рибарски моабети на сите страни за бојниците, за мрените, сомовите и краповите, како што иде се фати многу риба :D уз мезето, мариовско сиренце, зимски туршии, селско месо, пивце и винце и така животот се продолжува :)

Сабајлето кој неможеше да стане, кој не му се стануваше поради неактивноста на рибата. Ние што му се пуштивме утрото видовме минимална активност каде од едно 20-тина рибари кој беа на потегот за цел ден се извадија неколку попадичиња, неколку бојничиња и еден клен. Генерално рибата како да ја немаше, односно се очекуваше да почне да работи кога ќе се стабилизира водата која паѓаше, а тоа беше за неколку дена од нашиот престој. Но тоа не беше причина за добра дружба и релаксиран престој покрај реката. Одлично поминати два дена до некое следно идење во прекрасниот Мариовски крај.

Фото и Видео поздрав од Акирибар

Недела, 19 Февруари 2017 12:43

Крапска дружба Рибар 2011 - БЕРСИН 2017

Почитувани колеги крапари,

Рибар 2011 со особена чест и задоволство по четврти пат ја објавува традиционалната крапска дружба која за првпат ќе се одржи надвор од границите на Република Македонија.
Зборното место овојпат ќе биде на атрактивна локација на 5км од Ќустендил во Р.Бугарија, односно езерото Берсин.
Целта е да се соберат љубителите на крапскиот риболов на едно незаборавно натпреварување и дружба, на улов кој секогаш го качува адреналинот од каде секогаш произлегува
и големата мотивацијата за еден голем пријателски крапски натпревар.

Image

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето за дружбата на „Рибар 2011“ е исклучиво на следниве телефонски броеви.

075/20 11 80 Диме
070/22 62 82 Гоце
075/22 20 30 Крсте
070/32 00 51 Филип
070/28 77 73 Здравко

Пријавените екипи ќе бидат запишани во темава веднаш штом потврдат пријава на некој од телефонските броеви погоре.
Максималниот број на пријавени екипи ќе биде 20, од кои 16 екипи од Македонија и 4 екипи од Р.Бугарија.
Екипите од Бугарија ќе се пријавуват кај нашиот Чичко Васил.

Крајниот рок на пријавување и уплата е до 31.03.2017

Сумата (котизација) за учество од екипа со 2-ца учесници иснесува: 60€ или 3.700 денари.
За уплата директно кај Гоце - Тафта 070/22 62 82.

ПРАВИЛА

- Секоја екипа е составена од 2-ца натпреварувачи.
- Правилата се стандардни, односно важат правилата на ФИПС (со одредени олеснувања кои ќе бидат соопштени пред почетокот на натпреварот).
- Се лови со 4 (четири) риболовни стапови.

ПРОГРАМА

Време на пристигнување:

ПЕТОК: - 19.05.2017 година

до 09:00 часот - Пристигнување на екипите на езеро и пријавување
од 09:00 до 09:30 часот - Извлекување за редослед и стартни места
од 09:30 до 10:00 часот - Подготовка за пристап на патека
10:00 часот - Пристап на патека
11:00 часот - Почеток на ДРУЖБАТА


НЕДЕЛА: - 21.05.2017 година

12:00 часот - Последно мерење
13:00 часот - Крај на дружењето
14:00 часот - Соопштување на резултатите и доделување на наградите со ручек на самото езеро

Саатницата е по македонско време.

НАГРАДИ

Наградите кои се доделуваат како пехари се предвидени да бидат врачени после натпреварот, односно за време на прогласувањето.

Пехари ќе има за првите 3 места и за уловена најголема риба.

За пехарите кој ќе бидат уникатни преголема благодарност однапред за Мики и ЛАПЛАСТ -М.

1 место : 2 Пехари
2 место : 2 Пехари
3 место: 2 Пехари

Најголема риба : Пехар

Наградата (пехарот) за најголема риба овојпат ќе биде доделена во чест на една големина од човек кој секогаш ќе биде со нас на вода - колегата Владо Андреев (Vlado MKD).
Мотивот да се освои овој уникатен пехар ќе биде преголем за сите нас!

Благодарност и до нашите помагатели KATRAN и PVA Hydrospool кој обезбедија награди за сите учесници.

- За првите 3 места исклучително добри награди (конци, пва, шок лидери итн.)
- За останатите учесници ќе се организира лотарија со подароци од KATRAN и PVA Hydrospool.

Од сопственикот на езерото Берсин бесплатен риболов за првите 3 екипи. Благодарност и до него.

Дополнителни награди во крапски производи за првите 3 места и од организаторот Рибар 2011.

Секоја пријавена екипа во дружбата, ќе добие по 2 уникатни (КРАПСКА ДРУЖБА РИБАР 2011 - ЕЗЕРО БЕРСИН 2017 ) маици за спомен.

Image

Маиците ќе бидат ЛУДИЛО! :ok_ok:

Подетално околу езерото БЕРСИН.

Image

Езерото е 150км од Скопје. 6км после Ќустендил.

Image

Мапа на езерото...

Image

Клучно место каде треба да се сврти на патот кој директно води до езерото.

Image

Дел од ланските улови и рибниот фонд на езерото...

Image

Забелешки:

1.Бидејќи ќе преминуваме граница со премногу камп и риболовна опрема, задолжителен е список кој ќе биде унифициран и ќе мора сите да го пополниме индивидуално.
Секоја кола доколку има 2-ца учесници, ќе мора да пополни 2 формулари за поседување.
Истиот ќе биде поставен овде во темава за симнување со инструкции за пополнување како не би се двоеле и предизвикале компликации при излез и влез од границата.

2. Ќе се организира кола од Рибар 2011 кој на Деве Баир ќе ги пречека сите учесници за да границата се премине групно со цел да се избегне доцнење, компликации, и др. потенцијални проблеми при влез и излез на границата

3. Учество на 3-ет член кој секако ќе лови рамноправно, дополнително ќе се доплаќа 700 ден.

пс. проблеми нема, но сепак е граница и добро е да бидеме организирани и спремни. :lepi:

Епа колеги, пријавувањето може да започне. БИСТРО!

Среда, 08 Февруари 2017 13:14

Мини мушичарска секција

Зимата е најдобро време за врзување на мушици, а и за мушичарски дружби. Па така, деновиве кај мене имавме мини сесија на врзување на мушици, а наредните денови јас се посветив малку на дополнување на кутиите и припрема за претстојната сезона.

Масата подготвена:)

Image

Најдобриот материјал за изработка на нимфи

Image

Колегите

Image

Image

Дел од врзаните мушици за почеток на сезона

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Image

Најбрз начин за фотографирање на мушици :)

Image

Image

Image

Кутиите наполнети и спремни за февруари 2017 :)

Image

Image

Image

Image

Image

Image

 

Петок, 16 Декември 2016 09:11

Декемвриски бранцини

Причини еден куп човек да се тргне од ова секојдневие и да отиде малку на чист воздух.
Најголемата причина е да се испроба новата трска која штотуку пристигна од Москва.
Нејзиното цело име е Daiko Tidemark Artesano Evoltia TMAES 95/10
Првата ја имам веке подолго време и според мене тоа е најдобра трска за лов на бранцин. Лесна, екстра брза и доволно јака да се избори со било која риба која може да се очекува при морски риболов од обала.
Со вторава само ја надополнив евентуалната потреба за појака трска, за поголема риба и за фрлање на потешки мамци како поголеми стикови и површинци, понекој џиг.
На овој риболов се покажа дека воопшто не сум згрешил.

Времето прекрасно, за шетање, за жал не баш добро за риболов. Ок, јас не отидов баш за риболов, отидов да прошетам и да подишам малку нормален воздух. Башка со фамилијата, сам без риболовните другари ....
Сепак риболовот на море во декември ( а и воопшто ) за да биде успешен потребно е малку пораздвижено море.
Ова не беше баш тепсија ама немаше бран.
Успеав некако да се изборам за еден претпладневен риболов и правец улив на Пиниос.
Ма какво изгрејсонце, уште пред да изгрее бев тамо. Лесно е кога си на 30 км. од местото, тешко е кога си на 350 км како што обично е наш случај. Ладно ? Абе колку и да е ладно ке се издржи.
Пиниос, каков што треб да биде, релативно мал и подизбистрен.
Гледам или поточно наслушнувам, како да има активност и ајде да видиме што ќе се случува.
Прво фрлање, двапати завртувам со машинката и одма удар, вадам и што да видам само главата од силиконецот останала. Одма ставај нов, да не се губи време, втори фрлање одма пак удар, овојпат ни главата не ја извадив, го прегризала флуокарбонот. Ајде по темница врзувај копча, ем ладно ем ти се брза ... Зазорува
Никој жив на улив. Од една страна добро а од друга значи дека не се вртела риба тука деновиве инаку ке вриеше од риболовци...
Фрлам пак и фрлам и фрлам и можно ли е да отиде рибава за 5 минути ?!?!?
Тука е. Ја имам на трска, скокна неколку пати и еве ја
Убава стрелка.
Ама силиконецот за во ѓубре.
Додека сменив поминаа пак неколку минути и како да ја снема рибава. Веке се раздени и сонцето изгреа.
Изнадојдоа и други рибари се испонаместија со дубинките. Дали можеби они ја исплашија ???
Еден саат флање без никаква активност и решив малку да сменам и да го побарам бранцинот.
Тој обично е доле на дно па решив да го барам со потешки силиконци.
Seabass Candy на Драшко Клачар се покажаа одлични
Набрзо на истиот силиконец се закачија три комада
Искрено не сум го форсирал многу но во иднина ке му давам добра минутажа, се покажа овојпат.

До пладне се собраа доста рибари а јас некако задоволен од сабајлешниот улов се спремив за заминување.
Сепак ова беше продолжен викенд со семејството а тоа што скубнав неколку часови на риболов беше само бонус.

За крај и една слика на инвалидите кој што верувам дека ке успеам да ги оспособам за некој нареден риболов.
Неколку силиконци завршија во устите на зубатиците и на нив им нема спас.
п.с.
Овојпат воопшто не ловеа воблери. Останатите рибари што пристигнаа подоцна форсираа воблери и оние нивни направии со васеркугла и Raglou и ништо не уловија. Силиконецот треба да се стави на прво место за бранцин.
п.п.с
Зубатицата и бранцинот не одат заедно. Ако има зубатица нема бранцин и обратно. Имаше пауза од ударите, кога ја снема зубатицата и активноста на површина ( рано наутро ) помина добри два часа додека се појави бранцинот.
п.п.п.с
На улив на река не фунционираат површинци.
п.п.п.п.с.
На улив на река морската риба е во долниот дел на уливот. Тамо е морската вода, потешка е од слатката.
Запамтете ги овие пост скриптуми.

Ајде сега да видиме кој победил на избориве....

Почитувани риболовци,

На форумот на ribar.com.mk вчера започна традиционалната новогодишна лицитација со која се собираат дополнителни средства кои РИБАР 2011 ги користи за порибување на водите во Македонија. Годинава порибивме неколку води, а сумите потрошени на порибување беа далеку над собраните средства од ланската лицитација. И годинава ќе го направиме истото. Лицитацијата ќе трае до 30.12.2016

Повелете во разделот за новогодишна лицитација, дајте го својот допринос за порибувањето во Македонија.

Бистро

http://www.ribar.com.mk/forum/viewforum.php?f=173

Вторник, 06 Декември 2016 08:27

BUD SPENCER од Рјаховски ливади

Апетитите растат, желбата е голема, страста на највисока точка, време се најде и ете не пак на една од подoбрите крапски води на балканов. Идејата ни беше есенва да ја поминеме на Доњи Жабар, но едноставно Рјаховски ливади ни ги замати малце плановите и ја ставивме на мапа без размислување.

Не сакавме натпревар, просто последниве 3-4 год. само по натпревари се влечеме и сакавме да одмориме, иако имавме намера да начекаме нешто такво и да улетаме. На слободен риболов некои работи успеавме да ги консолидираме.

Екипата требаше да биде иста онаа од Агов дол, но Ховиц не успеа да најде време и покрај желбата да си ги тестира новите трски - не успеа да дојде. Но ќе дојде ден. 2017-та е пред нас.

Со чичко Васил разговаравме на кафе во Скопје за една кампања овде и не требаше многу за да се убедиме. Планот беше да ја посетиме некаде средина на септември, но едноставно не се споија коцките па и покрај ниските температури и променливото време се решивме за средина на октомври. Знаевме дека нема да имаме акција како што би имале јули или август, но пустото крапско те јаде и тука нема разум.

Ја наполнивме колата со опрема, се спремивме тип-топ и после нормално непреспиена ноќ пред тргање, веќе бевме во Софија кај Чичко Васил. Дожд не скапа од Скопје до Софија, но по едно топло кафе, баничка кај Чичко Васил и веќе бевме на пат кон Севлиево (Рјаховски ливади).

1

Од Софија до Севлиево имавме 180км, одприлка 2 ипол часа возење, но тоа не се осеќа со адреналин и шашав памет за пецање. Таму не чекаше Љубо (пријател на Чичко Васил) кој не донесе до вода и ни помогна да стигнеме до позицијата како и да ни даде информација за езерото. Веќе некаде кај 14ч бевме на вода. Езерото беше прекрасно, но голем ветар не пречека. Дуваше кинеше.

2

Причекавме да барем потсмири ветарот за да може да се поставиме. Сонце огреа, но ветарот не престана...и нормално, ни ветар не не спречува за да што побрзо се поставиме и фрлиме трските. Крапски мозок! Чичко Васил дури го постави и CHUB аксесоарот за тоалетна хартија.

3

Промоција и на новиот FOX Royal 2 man Bivvy, хотел ХИЛТОН и веќе Гоце се оптегна да одмори после долгиот пат.

4

Фрливме трските, прихранивме блиску за почеток со чатал и кобра и чекавме да престане ветарот за да можеме здраво да прихраниме. Додека чекавме да смири ветарот, веќе почна акцијата...

Крапчиња од 2-4кг, како и еден Амур од 6кг. Прилично солидно за почеток, си викам ќе ги скапеме.

5

Ветарот се смири тек вечерта кај 19:00ч, така да одложивме за утредента да почнеме посериозно да работиме, а вечерта да ја одмориме и да се дружиме....

Сепак, се јави уште еден Амур од 7кг. кој Тафта успешно го донесе до брег.

6

Почнавме да кулираме, малку салатка, малку мрсно и по некоја домашна со чичко Васил пошо Гоце не пие веќе алкохол.

7

Не посети и сопственикот на езерото - Николај кој ни посака добредојде, а ние за возврат по една Македонска жолта и добар муабет.

8

Ни даде дополнителни информации за поуспешен риболов, како и битна информација дека одкога се сменило времето преку ноќ не е толку активен крапот и дека веќе влегува во хибернaција т.е зимски сон.

Но добро, тоа е тоа...бевме спремни на вакво нешто и нема назад па што биде - нека биде...битно сме на вода.

Сефте и на MGS-от на Тафта. Еееее Зиги бееее

9

Веќе беше време за у шатоооор...температурата падна под нула, влагата си го напраи своето и беше брутално ладно.
Но, греалката е тука и у шатор за 5 мин. напраивме бања. Коооој со теб сега заспиваааа..... :D

10

11

Помина ноќта и си дојде утрото...спремни да му фикнеме на ракетите и да излеземе над 100м. Николај ни кажа дека тука блиску активен е малиот крап, така да знае да влезе у серија и да потешко се дојде до капителен примерок. Но до 9 часот беше ладно-болеше, магла...трските не се гледаа!

12

Само што почна да се крева маглата, веќе чичко Васил им влезе у серија и почна да си ги тамани.

13

14

Во меѓувреме, Николај не повика да го снимиме пуштањето на капитален примерок од 22кг. во езерото...
Еееееее...пример колеги, пример е ова.

Но тоа е тоа, одиме понатаму... Накај 12 часот, друго годишно време...сонце пукна, почнавме да се соблакаме, а богами и работиме.

15

Резултатот беше серија на мали крапчиња до 4кг. Но сеуште не проработеле хранилиштата на 90 и на 120м.

16

 17

Tака беше се до попладнето, каде почна да се смирува активноста и сите трски ги фрснавме горе на 100 -120 метри. Време беше за ручек, па се фрливме на работа. Во отсуство на Ховиц, кулинарската палка ја земав јас...искрено ми фалеше, особено во овој дел.

18

19

Се најадовме, удривме по некоја и се спремавме за приквечерието со надеж дека ќе се јави BUD SPENCER.

20

Ноќта беше прилично мирна, не толку ладна како минатата, но сонот беше неизбежен...такво спиење не сум имал досега, но и нешто друго не сум имал досега - ама на трска. :D

4 наутро, затворена врата од шатор, греалката шушти, ќебето ми паднало доле и на вртење слушам тииииититиииирититиииии... Скокам од кревет и се местам пред трски...ПРЕСТАНАААА!....ма какиии нема шанси?!?

Чмаам така клекнат и си викам, ќе продолжи, мора да продолжи...ова не беше повлекување, ова е закачен и тука е... Па немаше 3 секунди и повторно..тииииититиииирититиииии...

Само што кренав, осетив тежина, повлекување и подголтнав....Гоце излезе од шатор, чичко Васил стана и почна да работи адреналинот.
Како го носам накај мене, така ме тегне наназад...лево, па десно, па неколку мали дрила и мислев дека е некаде до кај 8кг.

Но штом се приближи, го видов тоа портокаловото елече така големко и му реков на Гоце...Гоце чизмите мајсторе и влагај у вода.

Влезе целиот успан и шлапа, но мајсторски го укепа од прва...и како што го гледам дека го крева, слушам дека му се смени гласот викајќи...тежжжок е. :D

Голем, колоритен и убаво дебел - BUD SPENCER. Крап 17,760.

BUD SPENCER драги гледачи од Рјаховски ливади - Personal best!

21

22

23

Го погалив, се сликав, и ајде назад...доволно е!

Да напоменам дека рибите беа толку со слуз, по што се гледа дека ова што го имаме како улов е малтене последниот бран.

После тоа си седнав со кафе и цигара за да го симнам адреналинот и пак се шибнавме до сабајле у кревет. :D

А сабајлето веќе беше сосема друга приказна...

Тука Тафта им влезе у серија. :D

Првиот преубав гол крап од 8.580...борба одлична, сефте на Velocity-то и МGS-ите...ВРВ!

24

Еееее, само јас немам видео...

Уживајте...

25

26

Па уште некој до кај 5кг...

27

И нормално, после оваа активност...отиде кофата

28

Откако отиде кофата, интернет провајдерот чичко Васил не зарази да сурфаме...

29

При сурфањето се појавија некој оси од нигде никаде, но јас имам чаре за тоа.
Турско кафе во конзерва и се што треба да се направи е да се запали...100% функционално!
За 2 мин оса не се заврте - истово важи и за комарци. Без 100гр. кафе за палење не тргам по риба.

30

Морам уште еднаш да го ставам, шаторот е ВРВ!

31

После интернет сесијата панично - опасен РАН кај чичко Васил...буквално го запали сигнализаторот.
Како собра брутално, мислиш излегол од вода и си го влече конецот со перка...блесав крап.

Не требаше многу и чичко Васил веќе си играше со него каде се гледаше дека е посериозна риба и дека станува збор за 10+

Чичко Васил во акција, уживајте во видеото...
Крап од 11,260кг - ЛЕПОТАН!

Мала фотосесија..

32

33

34

Па повторно акција насекаде...

36

Се си беше дента на место, па така релаксирано ја дочеаквме и ноќта.
Се шибнавме сите по шаторите, почна некој студ и влага....БИНГО - време е за дремка. :D
Не памтам да сум легнал у 21:00ч...страшно.

Но не е крапскиот риболов таков каков што е, доколку не те шекне...
Така сум се утврднал шо ТОП НЕМАШЕ ДА МЕ РАЗБУДИ...Нит сигнализтор сум чул, нит бутур....ПРАВ ТОП!
Но затоа ортакот е тука...
Ран исто во 4 часот наутро и Гоце го осетив само дека излезе од шатор.

Го прашав...Риба ли е? ...Да, облакај чизмите и дојди да кепаш...И така направив....
Гоце успешно го денесе до брег, но по блесава риба не сум видел...АМУР 13.200кг.

На сите ни залепи по еден шамар, абе кепот ќе го скршеше...борба поголема беше за да се сликаме со него, одколку да го извадиме.
ТОРПЕДО!

37

38

Како сум успан, ме освести со тоа опашката по лице.

39

Ееееее...не звероса рибава, долга метро ипол, глава бучук...класична подморница!
Но се справивме и со неа...
По едно кафе у шатор и по некој 2-3 цигари, па пак директ у кревет. Надвор ЛАДНО - БОЛИ!!!

40

41

Последен ден, утрото магловито - прст пред око не се гледа, но имаше крапчиња од тие калапите па се загревавме со нив.
Веќе се кроеа планови да се собираме зашто пат не чека..

Полека почнавме со процедурата која точно траеше два ипол часа...НО ВО МЕЃУВРЕМЕ...

42

42

Крап од 9.260кг...БРАВО ЗА ЧИЧКО ВАСИЛ! Се отпиша перфектно!!

43

Но, и Гоце се отпиша... :D

45

Отпишување парекселанс.
И така колеги, заврши уште една посета на една преубава вода богата со риба.
Поминавме солидно...но со оглед на околностите - искрено сум многу задоволен.
BUD SPENCER го запознав, на ред е Шварценегер кој ќе го барам у Холивуд 2017, па преку него ќе морам да се запознаам и со YOKUZUNA!
Ме кршеше на Street Fighter. Но здравје. :D
Застанавме на едно кафе во Севлиево и пут под ноги за Софија кај чичко Васил на ручек.
Посетивме по некоја Софиска продавница попат и правец дома.
Заврши целата авантура перфектно и благодарност до чичко Васил за топлиот пречек и дружењето.
Бесценето!
Поздрав од екипава и ветувам 2017-та уште многу вакви репортажи.

46

Петок, 09 Декември 2016 07:00

Случајна репортажа

Еве и јас да сефтосам една репортажа, се надевам иако случајна не последна, Ќе прашате зошто случајна, па затоа што сосема непланирано се најдов риболов во источна Полска, во таа прилика и голема благодарност, до мојот домаќин еден прекрасен млад човек Матеуш Кшик, голем љубител на спин риболовот, што ми го овозможи незаборавна дружба.
По кратко видување и запознавање дека сме на иста бранова должина, едвај најдовме време за една кратка авантура од двочасовен риболов во близина на градчето Легница.
Езерото во сопственост на некој си богати стари лица, а мојот домаќин се грижи за неговиот рибен фонд. Од рибен фонд има крап, лињак, караш костреж и штука во изобилие.
Требаше да фаќаме од чамец но поради тоа што имаше вода, а немавме доволно време да се зафаќаме со чистење решивме да риболовиме од обала.
Знам дека повеќето се запознаваат со грчката по националност, така наречена од колегата Даре „зубла“, но мојата е полска госпоѓица, среќата и задоволството се очигледни.

Тоа би било се за крај би сакал да споделам јутуб каналот и групата на фб на Матеуш https://www.youtube.com/user/mateuszkrzyk00 , https://www.facebook.com/dzikiestawy/ кој преку мене прати поздрав до сите риболовци на форумот, па ако некогаш ве носи патот во Легница, можете да го исконтактирате и со сигурност дружите и уживате.

Третпат годинава Охридското Езеро беше порибено со повеќе од 25.000 парчиња подмладок од јагула од страна на АД ЕЛЕМ.

Порибувањето почна од кај ресторанот „Ривиера“ во Струга и се вршеше на седум локации-Радожда, Калишта, Струга, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во најдлабокиот дел на езерото.

ЕЛЕМ, според директорот на ХЕС „Црн Дрим“ Тони Маркоски, ја продолжува традицијата која ја почна од 1965 година со порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула, поради попречувањето на патот за природен мрест на јагулата со изградба на електраните.

– АД ЕЛЕМ ја продолжува традицијата на Електростопанство за порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула од 1965 година. Со изградбата на хидроцентралите и попречувањето на природниот пат за мрест на јагулата до Саргаско море и повторното враќање во Охридското Езеро, презема обврска да дополнува со количество подмладок за да не се наруши рамнотжата на живиот свет, истакна Маркоски.

Компанијата, нагласи тој, се декларира дека секогаш ќе вложува во унапредување на животната средина и во рамки на таа декларација ја задржува обврската за порибување и ќе продолжи со исто темпо.

Изминатите пет години имаше прекин во порибувањето поради ЕУ регулативи за влез и излез на јагулата што се одрази врз фондот на јагулата, но пречките од ЕУ регулативите се надминати и годинава трипати се пушти подмладок во водите на Охридското Езеро. Со тоа, информира Маркоски, се задоволени препораките од Институтот за сточарство и Министерството за земјоделство и е надоместен недостатокот од изминатите години.

– Рибата е здрава. Набавена е од Грција, проверена е автентичноста и автохтоноста на типот, нема паразити и го помина периодот на карантин. Со надзор на ветеринарна управа и денеска се порибува во присуство на инспектори за рибарство и земјоделство од подрачната единица во Струга, истакна Маркоски.

Со ова, како што нагласи, Охридското Езеро годинава е порибено со околу 2.800 килограми или околу 90.000 парчиња млада јагула.

Следното порибување се предвидува за две години, со што ќе се продолжи праксата од минатото, кога на две години езерото се порибувало со околу 100.000 парчиња подмладок од јагула.

Националниот парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, а согласно годишната програма за работа на ден 28.11.2016 година изврши порибување на водите на територијата на паркот.
Денес во водите на Мавровкото езеро и река Радика беа пуштени 20 000 парчиња поточна пастмка (salmo faroides) со тежина приближно 5 грама која е набавена од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.
Денес се порибуваше со 15 000 парчиња на неколку локации на река Радика и тоа: кај местото Сенечки ливади, кај местото „Состав река“ и на Мавровското езеро со 5 000 парчиња на локацијата Камп и во близина на с. Никифорово, Маврово и кај браната во с. Леуново.
Вклучувајќи го денешното порибување, во водите на Националниот парк „Маврово“ изминативе осум години се пуштени 290 000 парчиња поточна пастмка (salmo faroides) што претставува доказ дека паркот се грижи за рибниот фонд и постојано превзема мерки за негово зголемување. За заштитата и зачувувањето на рибниот фонд во Националниот парк Маврово се грижат 17 лиценцирани рибочувари вработени во паркот.
Според програмата на паркот ваквите активности ќе продолжат и наредните години со што сигурно ќе се оствари целта за зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.

Ветено - Сторено.

Изминатата недела му ветив репортажа на Филип од моето следно рибарење, па се потрудив да си останам доследен на зборот.

Дестинација - Козјак.

Тргнување од Скопје во петокот попладне и доаѓање на локација околу 17:00.
При паркирање гледаме кола на местото - има некој. Се симнуваме надолу и кога долу гледам едно познато лице - Боби Брада.
Поздравување и падна договор да се позиционираме веднаш до него, со оглед на тоа дека наша цел беше попадиката.
Набрзина симнување, монтирање, крмење, позиционирање и испитување.
Веднаш почна да дава резултати. Длабочина околу 4.5 метри, мамец - пченица. Конец 12ка, јадица 12ка, тапа 2 грама (поради ветрот што беше присутен од време на време).
Рибата беше активна цела ноќ, додека во саботата преку ден, абер немаше од активност. Привите реализирани удари на попадика ги имавме поладнето (после 15:00).
Покрај попадиката, имаше улов и на друга риба (слики во прилог).

Воедно, морам да му се заблагодарам на Боби за дружбата и исклучителниот домаќинлак. Одлично поминат риболов, со многу муабет, малку ракија и вино и по некое парче месо.
Боби, дозволи да „ги пробам“ неговите Беркли параболици (додуша постариот модел), и несебично сподели свои ставови околу крапскиот риболов.
Секако, уловот кај мајсторот не отсуствуваше...

Не би должел многу. Погледнете дел од рибарењето и рибите...

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija