RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

Согласно точка 10 од Риболовната основа за риболовно подрачје „Вардар – Средно течение“, ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје го објавува следниот

ПРАВИЛНИК
за организирање на рекреативен риболов на атрактивна зона „Треска – Скопска“

Дозволени денови за рекреативен риболов

  • Рекреативниот риболов е дозволен секој ден во неделата, без ограничување.

Дозволени количини на дневен улов на пастрмка

  • На делот од брана Матка до каскада во с. Долна Матка рекреативниот риболов се одвива по принципот фати-пушти без исклучок. Сите уловени примероци на пастрмка мора веднаш да се вратат во вода.
  • На делот од каскада во с. Долна Матка до влив во река Вардар дозволен е дневен улов на 1 (едно) парче риба од видот пастрмка со минимална должина од 30 (триесет) сантиметри

Забрани за риболов

  • На атрактивна зона „Треска – Скопска“ се одредува целосна забрана за рекреативен риболов во периодот од 01.11.2025 до 31.01.2026 година
Четврток, 27 Февруари 2025 10:53

Дозволи за 2025 година

Цените на дозволите за рекреативна зона „Вардар – Скопска“ се следните:

Рекреативна зона „Вардар – Скопска“
1. Дневна дозвола – 200 денари
2. Тродневна дозвола – 400 денари
3. Месечна дозвола – 1000 денари
4. Годишна дозвола – 2000 денари
5. Годишна дозвола за лица над 64 години – 1500 денари

Атрактивна зона „Треска – Скопска“
1. Дневна дозвола – 300 денари
2. Тродневна дозвола – 500 денари

• Блок 20 дневни дозволи за атрактивна зона „Треска – Скопска“ – 4000 денари
• Цените на дозволи за инвалидни лица се во висина од 50% од горе утврдените цени на дозволи (со приложена инвалидска книшка)
• Цена на државна дозвола преку ЗРСРК РИБАР 2011 изнесува 8.300,00 денари и се издава од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
• Државна дозвола важи на рекреативна зона „Вардар – Скопска“, но не важи на атрактивна зона „Треска – Скопска“.
• Дозволите од рекреативна зона „Вардар – Скопска“ не важат на атрактивна зона „Треска – Скопска“ и обратно.
• Дозволите се уплаќаат на жиро сметка 300000003352938 во Комерцијална банка, со дознака „за годишна дозвола за 2025“ или „дневна дозвола за __/__/2025“.

Дозволите за рекреативна зона „Вардар – Скопска“ ќе се продаваат на следните локации:

1. Продавница за риболовна опрема „САРА СПОРТ“ (карши Бит-пазар)

2. Продавница за риболовна опрема „БЛИНКЕР“ (населба Ѓорче Петров)

3. Продавница за риболовна опрема „ФИШЕРМАН“ (Порта Влае)

4. Продавница за риболовна опрема „ПЕТ ШОП ЛИКВИД“ (Маџари)

5. ЗСР ВАРДАР Скопје (Центар, во седиштето на МРФ)

Дозволите за атрактивна зона „Треска – Скопска“ ќе се продаваат на следните локации:

1. Продавница за риболовна опрема „БЛИНКЕР“ (населба Ѓорче Петров, Ацо 070/311-053)

2. Големиот паркинг на Матка кај кајак стаза (Бурхан, тел. 072/587-803)

3. Продавница за риболовна опрема „ФИШЕРМАН“ (Порта Влае)

Четврток, 27 Февруари 2025 10:42

Почитувани колеги риболовци,

Со оггромно задоволство ве информираме дека екипата на РИБАР 2011, која ја претставуваше Македонија со уште една екипа на првиот Јадранско-подунавски куп во дисциплината спин (риболов со вештачки мамки) го освои првото место во екипна конкуренција и стана балкански шампион во спин риболов. 

Честитики до сите учесници и до сите натпреварувачи кои достојно ја претставија Македонија на првото Балканско првенство во спин.

Бистро!

340602 3228906571199 1522633539 3070283 1927447254 o 2

Здружението РИБАР 2011 во периодот од 1.6.2022 до 1.10.2022 година го имплементираше проектот „Едукација на младите за заштита на биолошката разновидност и зачувување на природата преку еколошки активности”. Истиот беше финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Целта на проектот беше да се подобри заштитата на биолошката разновидност во реката Треска и да се зајакне концептот на младинско учество во еколошки активности. Во проектот беа спроведени 4 активности, во кои земаа учество членовите на нашето здружение, 20 млади еко активисти како и други спортско рекреативни риболовци. Во рамките на активностите беа поставени едукативно-информативни табли по течението на реката Треска под браната Матка(од каскада под м.в. Кула до брана Матка) во должина од 2 километри и беше спроведена еколошка акција за чистење и уредување на истата патека. Беше спроведена обука на 20 млади активисти, која имаше за цел да ги подобри знаењата на младите за значењето на биолошката разновидност и потребата од зачувување и унапредување на природата, како и да го зајакне интересот на младите за рекреативен риболов и заштита на речниот биодиверзитет (справување со рибокрадството).
Во септември беше спроведено порибување на реката Треска со подмладок од македонска пастрмка. Рибата беше набавена од овластен репроцентар. Со оваа активност во реката Треска беа пуштени 80 килограми мешан подмладок од 20-90 грама поточна пастрмка, со цел да се зголеми рибниот фонд во реката Треска и да се зачуваат и заштитат автохтоните видови риби во речните води.
За време на овој настан на присутните риболовци и рекреативци им се обрати проектниот координатор кој посочи дека целта на оваа активност е да го зачуваме овој автохтонен вид и дека со збогатување на риболовните води и подобрување на условите за риболов за сите нас здружението РИБАР 2011 ќе продолжи и во иднина. Меѓу другото најави и дека контролите ќе бидат постојани и зајакнати на порибените локации во наредниот период.

ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје

И во 2022 година, сајтот http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2022 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.

Легитимацијата (Маркица за 2022 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.

За оние кои веќе имаат извадено легитимација преку “Рибар 2011“ во претходните години, можат да уплатат 400 денари за маркица за 2022 година и со таа уплатница да си ја земат маркицата во канцеларијата на РИБАР 2011 во центар, карши Црвен Крст во високата кула некој од следните риболовни продавници низ Скопје: РСара-Спорт на Битпазар, Мак Дам во Порта Влае, кај Сашо Фишерман или во Битола во продавницата Бистро Бт и кај Нико.

За сите останати, доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2022 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено, испратете ни слика од уплатницата и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.

Уплатницата пополнете ја на следниот начин:

uplatnica2017

Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2021), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)

Потребни документи

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2021

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА

ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)

Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Рибар 2011

ЦЕНИ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2022 ГОДИНА

1. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

НЕ ВАЖИ за фати-пушти ревир на река Треска од каскада во Долна Матка до брана Матка:

(ВАРДАР ОД РАДУША ДО СОСТАВ СО ПЧИЊА, ТРЕСКА ОД МАТКА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, ЛЕПЕНЕЦ ОД ГРАНИЦА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, КАДИНА РЕКА, МАРКОВА РЕКА)

- ГОДИШНА: 1800 ДЕНАРИ

- ПЕТНАЕСЕТДНЕВНА: 900 ДЕНАРИ

- СЕДУМДНЕВНА: 700 ДЕНАРИ

- ДНЕВНА: 300 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – ГОДИШНА 1400 ДЕНАРИ)

2. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

ВАЖИ за фати-пушти ревир на река Треска од каскада во Долна Матка до брана Матка:

- ГОДИШНА: 4000 ДЕНАРИ

- ДНЕВНА: 600 ДЕНАРИ

3. ГОДИШНИ КОМБИНИРАНИ ДОЗВОЛИ:

ВАРДАР 3 + ПЧИЊА 2 (СКОПСКИ ВАРДАР, ПЧИЊА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЕЗЕРЦА БАДАР)

2800 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)

ПУНКТОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2022

1. КАНЦЕЛАРИЈА НА РИБАР 2011 (СПРОТИ МРФ/ВАРДАР)
Работно време за издавање дозволи 08:30 – 14:30

2. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА САРА СПОРТ БИСТРО, (СПРОТИ БИТ-ПАЗАР КАЈ ПЕРО)
Работно време 09:00 – 17:00

3. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА МАКДАМ ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 09:00 – 20:00

4. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА ФИШЕРМАН ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 10:00 – 18:00

5. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА БЛИНКЕР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Работно време 08:00 – 20:00 ; Контакт телефон 070/311-053

6. ЗСР ВАРДАР СКОПЈЕ, БУЛ.КОЧО РАЦИН БР.75, СКОПЈЕ
Работно време 08:00 – 16:00

ЦЕНИ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2022 ГОДИНА

1. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

НЕ ВАЖИ за фати-пушти ревир на река Треска од каскада во Долна Матка до брана Матка:

(ВАРДАР ОД РАДУША ДО СОСТАВ СО ПЧИЊА, ТРЕСКА ОД МАТКА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, ЛЕПЕНЕЦ ОД ГРАНИЦА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, КАДИНА РЕКА, МАРКОВА РЕКА)

- ГОДИШНА: 1800 ДЕНАРИ

- ПЕТНАЕСЕТДНЕВНА: 900 ДЕНАРИ

- СЕДУМДНЕВНА: 700 ДЕНАРИ

- ДНЕВНА: 300 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – ГОДИШНА 1400 ДЕНАРИ)

2. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

ВАЖИ за фати-пушти ревир на река Треска од каскада во Долна Матка до брана Матка:

- ГОДИШНА: 4000 ДЕНАРИ

- ДНЕВНА: 600 ДЕНАРИ

3. ГОДИШНИ КОМБИНИРАНИ ДОЗВОЛИ:

ВАРДАР 3 + ПЧИЊА 2 (СКОПСКИ ВАРДАР, ПЧИЊА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЕЗЕРЦА БАДАР)

2800 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)

ПУНКТОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2022

1. КАНЦЕЛАРИЈА НА РИБАР 2011 (СПРОТИ МРФ/ВАРДАР)
Работно време за издавање дозволи 08:30 – 14:30

2. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА САРА СПОРТ БИСТРО, (СПРОТИ БИТ-ПАЗАР КАЈ ПЕРО)
Работно време 09:00 – 17:00

3. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА МАКДАМ ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 09:00 – 20:00

4. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА ФИШЕРМАН ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 10:00 – 18:00

5. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА БЛИНКЕР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Работно време 08:00 – 20:00 ; Контакт телефон 070/311-053

6. ЗСР ВАРДАР СКОПЈЕ, БУЛ.КОЧО РАЦИН БР.75, СКОПЈЕ
Работно време 08:00 – 16:00

И во 2022 година, сајтот http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2022 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.

Легитимацијата (Маркица за 2022 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.

За оние кои веќе имаат извадено легитимација преку “Рибар 2011“ во претходните години, можат да уплатат 400 денари за маркица за 2022 година и со таа уплатница да си ја земат маркицата во канцеларијата на РИБАР 2011 во центар, карши Црвен Крст во високата кула некој од следните риболовни продавници низ Скопје: РСара-Спорт на Битпазар, Мак Дам во Порта Влае, Миле Тапа во Мичурин, кај Сашо Фишерман или во Битола во продавницата Бистро Бт и кај Нико.

За сите останати, доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2022 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено, испратете ни слика од уплатницата и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.

Уплатницата пополнете ја на следниот начин:

uplatnica2017

Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2021), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)

Потребни документи

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2021

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА

ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)

Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Рибар 2011

Страница 1 од 28