Кога се зборува за ловење со воблери, зборуваме навистина за голема и содржинска тема. Секој риболовец со својот вкус, со своите познавања, со своите искуства, одново и одново се судира со огромна палета на видови, марки, бои, карактеристики, докажани и недокажани, познати и помалку познати, поскапи и поефтини воблери.....
Со цел да Ви го стесниме изборот, денес ќе Ви го претставиме Cultiva Bugeye Bait или попознат како Жабец, одличен воблер на Јапонската фирма Owner која долги години произведува и има голема палетата на вештачки мамци ....
Жабецот е изработен од лиена тврда пластика која во средината е шуплива, надворешниот изглед како што можете да приметите има многу заеднички одлики со право вистинско жабче кој знаеме дека рибите грабливки го обожаваат, поготово кленот. Големо внимание исто така производителот им посветил и на очите кој мора да признаеме изгледаат доста реалистично. Пактата е куса и поставена во позиција од некојси 45 степени за да може да рони по плитко и самиот воблер спаѓа во категорија плиткоронци, поточен универзален назив- floating. Алките се од нерѓосувачки челик и се меѓу подобрите, исто како и трокуките кој фирмата Owner самата ги произведува и се мегу водечките фирми во светот. Во средината како што спомнавме е шуплив и во таа шуплина е сместен лагерот, или тропката кој дава многу јак тап звук.Како што ни е познато многу производители ставаат тропка во самиот воблер која знае многу да го иритира кленот и натера да нападне. Owner понесен од долгогодишното искуство го смислил овој модел кој ем личи како жабче и плус има тропка кој е добитна комбинација за добар улов. Во мојот прибор се наоѓат неколку парчинја со различна боја за да можам да покријам одредени ситуации, како од видливоста на водата, па се до тоа во кој месец ги употребувам.Тежината на воблерот му е 6,5 грама, долзина 48мм, а точната ознака за трокуките е Owner ST-36BC . Како што спомнавме освен за кленот идеален е и за пастрамка, костреж, басс и останати риби, а верувале или не, знае понекогаш и бојникот да го нападне...
Длабочина на ронење како што спомнав е некаде од 50 сантиметри, па некаде максимум до 1,2 метри, со тоа што ние со самото подигање и спуштање на врвот од трската можеме и да му ја контролираме длабочината на која сакаме да го однесеме. Идеален за започнување на пролетната сезона и исто така идеален за терени каде има под површината треви кој многу добро знаеме дека се одлично засолниште на рибите. Доста стабилен во работата и трпи јака вода, или јак проток, без да се извртува или бега во страна, комбинирано со не толку јака или како што јас ја нарекувам мутава вибрација.
Се надевам дека ви го приближив овој тип на воблер од производителот Owner. Во некоја друга прилика ке зборуваме и за некој од другите нивни модели.
Бистро