Почитувани колеги риболовци,
Со оггромно задоволство ве информираме дека екипата на РИБАР 2011, која ја претставуваше Македонија со уште една екипа на првиот Јадранско-подунавски куп во дисциплината спин (риболов со вештачки мамки) го освои првото место во екипна конкуренција и стана балкански шампион во спин риболов.
Честитики до сите учесници и до сите натпреварувачи кои достојно ја претставија Македонија на првото Балканско првенство во спин.
Бистро!