Паљурци

На југот од Македонија, поточно на р.Луда Мара, на 3,5km возводно од Богданци, изградена e земјано-насипна брана. Браната е лоцирана на 41о12’N и 22о37’E, возводно за 9 km од влив на р.Луда Мара во р.Вардар, при што е оформена акумулација позната како Акумулација Паљурци. Висината…

Липковско езеро

Акумулацијата „Липково“ се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, во Кумановско – Прешевска котлина, во подножјето на Скопска Црна Гора. Акумулацијата е створена со изградба на брана на Липковска река, која е притока на Кумановска река и реката Пчиња. Основна намена на Хидроакумулацијата „Липково“ е…

Калиманци

Акумулацијата Калиманци се наоѓа на реката Брегалница на 20 км спротивводно од Кочани. Изградена е и пуштена во експлоатација во текот на 1969 година, а е со должина од 14 км. и ширина од 3 км. Акумулацијата опфаќа површина од 423 ха. со максимална длабочина…

Турија

Акумулацијата ,,Турија,, се наоѓа во сливот на реката Турија 4 км. узводно од селото Добрашинци и 16 км. северно од градот Струмица. Изградена е во периодот од 1968 - 1971 година, а пуштена е во експлоатација во 1973 година. Наменета е за: водоснабдување на градот…

Водоча

Акумулацијата ,,Водоча,, се наоѓа во сливот на реката Водоча, 4.5 км узводно од селото Водоча и 14 км западно од Струмица. Градена е во периодот од 1962 - 1965 год., а со користењето на водата за наводнување е започнато во 1966 год. До 1978 година…

Велешко езеро (Младост)

Во централниот дел на Македонија, поточно на р.Отовица, во непосредна близина на селото Отовица и патот Велес-Скопје, изградена e бетонска-лачна брана. Браната е лоцирана на 41о46’N и 21о45’E, возводно за 2,5km од вливот на р.Отовица во р.Вардар, при што е оформена акумулација позната како Акумулација…

Глобочица

Акумулацијата Глобочица ја создава брана со камено-насипно и глинено јадро која е изградена на околу 20 км северозападно од Струга на реката Црни Дрим, градена е од 1960 до 1965 година. Браната е и е висока 90 м од темелот и 82,5 метри од страна…

Дебарско езеро

Акумулацијата Шпиље или Дебарското Езеро е вештачки создадена акумулација чие полнење завршило во 1969 година. Езерото се наоѓа во Дебарската котлина на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост, на околу 5 км од градот Дебар, на…

Стрежево

Историја и основни податоциБраната “Стрежево” е висока земјано - насипна преграда со централно глинено јадро и воздовно и низводно потпорно тело од чакал подигнта на реката Шемница, возводно, на 24 km од нејзиниот влив во Црна Река и на 1,5 km низводно од селото Стрежево.…

Беровско езеро

Беровското или Ратевското езеро е вештачко езеро кое се наоѓа во Малешевијата непосредно до селото Ратево, односно градчето Берово чии имиња ги носи напоредно. Езерото се наоѓа во непосредна близина на Берово, односно на 7 км од Берово и на 1000м надморска височина. Ова македонско…

Тиквешко езеро

Тиквешкото езеро по површина е најголемо вештачко езеро во Р.Македонија. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 m. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338 m. Географија…

Козјак

Акумулацијата "Козјак" е најголемо вештачко езеро по површина, длабочина и по должина во нашата Република, а пред се по вкупното количество вода во него. Браната која ја има е со висина од 126.1 м и со која е пресечено течението на реката Треска, е почната…

Мавровско езеро

Основни податоци и географија Мавровското Езеро се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Се наоѓа на 1200м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина. Над езерото од…

Преспанско езеро

Преспанското Езеро е езеро кое го делат три држави – Република Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата. На македонскиот дел, преспанската котлина е ограничена со планините Баба (со највисокиот врв Пелистер 2600м) на…

Дојранско езеро

Дојранското Езеро е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел (27,3 км²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км²) на Грција. На север басенот на езерото е заграден со…

Охридско езеро

Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен акватичен екоситем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се…

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija