Како и за секој вид риболов, така и за спинингот, една од основните алатки за успешен риболов е самата трска, или спининг стапот.
Должина
Должината на самата спининг трска најчесто се движи од 2 до 3 метри, иако се наоѓаат и трски под 2 метри, како и над 3 метри. Самата должина на трската пред се зависи од местото и водата на која фаќаме.
Па така оние кои практикуваат спининг на реки со бујна вегетација, реки чиј брег е обраснат со многу дрва и грмушки, најчесто одбираат што помали спиниг трски со цел полесно да се движат во просторот, да влегуваат помеѓу грмушки, да не закачуваат со конецот на гранките на дрвата, со еден збор пократка трска значи полесно маневрирање во ситуации кога се зафрла мамката.
Сепак пократка трска си има и свои негативности. Прво - пократките трски имаат помал лак на зафрлање, поради што најчесто зафрлаат на помали далечини. Сепак, на вакви риболовни терени како што се помалите реки обично и не се бара далечни зафрлувања, туку пред се прецизни и пократки зафрлувања на мамецот. Воедно оваа негативна карактеристика на кратката трска во голема мерка се ублажува доколку риболовецот користи чизми, или комбилизон, со што може да оди низ реката, а со тоа и да зафра од почист терен и со поголема јачина, одколку кога би бил опкружен со грмушки и дрва. Воедно далежината на зафрлање во огромна мерка зависи и од квалитетот на машинката, квалитетот на окцата и квалитетот на конецот. Втора негативна карактеристика на кратката трска е фактот - колку е трската пократка, толку потешко се насочува рибата при вадење. Сепак и оваа негативност се ублажува доколку риболовецот користи чизми, или комбилизон, и има доволно простор за маневар и одбирање на место од каде што ќе ја извади рибата.
spinКако средна должина трски најчесто се земаат оние од 2.50 или 2.70, а како подолги оние од 3 и над 3 метри.
Подолгите трски можеби не се за терени каде што има бујна вегетација, но сепак доста се користени за езера и риболов од чамец. Со нив може да се постигнат подалечни зафрлања, а и подобро се контролира вадењето на рибата.
Акција - Тежина на зафрлање
Акција на спининг трската е запишана на секоја трска блиску до самата рачка на трската. Најчесто овие ознаки ќе ги најдете како 5-15 гр, 10-40 гр, 50-100 грама или други комбинации. Овие ознаки ви укажуваат колкава тежина на зафрлање трската издржува и генерално го ограничува видот на рибата која ја ловите. Па така, доколку фаќате со спининг трска со тежина на зафрлање од 5-15 грама, неможете да зафрлате со вештачки мамки кои се со поголема тежина, затоа што можете да ја скршите трската, или пак да зафрлате со помала далечина. Тежината на зафрлање обично е поврзана и со носивоста, односно големината на риби кои сметаме дека сакаме да ги уловиме. Па така, трските со носивост до 20 грама, најчесто се користат за лов на клен, костреж и не многу големи пастрмки. Оние кои имаат носивост до 40 грама се користат за лов на клен, пастрмка и до некаде штука и смуѓ. Сепак доколку сметаме дека на теренот на кој фаќаме има поголеми парчиња на пастрмка, поголеми штуки, поголеми смуѓови и до некаде помали сомови, најчесто се одбираат трски со носивост до 80 грама. Кога станува збор за тешкиот спининг кој најчесто се користи за сом, се користат спининг трски со носивост до 150, или 200 грама.
Мекост
Колку трската е мека, или тврда, или пак мека и крута, оштра. Овие карактеристики за спин трските не се однесуваат на тоа од каков материјал се направени, туку пред се на тежиштето на превиткување и способноста за враќање на трската во првобитната положба. Ова ќе го осетите кога ќе ја земете трската во рака, кога ќе ја протресете, кога ќе “сецнете“ со неа, како и на вода, при зафрлувања, при водење на вештачкиот мамец. Помеките трски полесно се виткаат, личат на поеластични и врвот не се смирува веднаш по сецкањето. Една од нивните подобри карактеристики е што со помека треска многу попрецизно се погодува со зафрањето на мамецот, се има поголемо чувство при зафрлањео, а тоа некогаш знае да биде пресудно, како за улов, така и да не ви се закачи мамецот на некое дрво, или грмушка. Пооштрите трски обично ги викаат и побрзи, затоа што даваат побрза контра, а даваат и подобар осет како се однесува воблерот, спинерот или друг вид на вештачка мамка под вода.