Клен

Клен

Кленот има силно тело во вретенест облик, прилагодливо за пливање во појаки водени струи и прекриено со големи крлушки означени со црнкасти рабови. Главата му е масивна и силна и klen fatenзавршува со округла муцка која ја поклопува широката уста. Грбната перка му е широка и наресена, а стомачната перка му е поставена на исто место како грбната, само на стомакот. Бојата му се менува според бојата на водата во која живее. По правило стомачната зона му е бела, а перките се сивкасти, освен страничните перки и перките во аналната зона кои се помаранџесто-црвени. Во нашите води кленот знае да нарасне и преку 3 килограми.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:
Клен е риба на чистите води и средно брзите текови. Најчесто се наоѓа во средните водени текови, во средните и поплитки места, длабоките вирови и на премините од вир во вир. Со исклучоци на некои езера и бари каде што го нема, кленот може да се размножува и да живее во сите канали и езера, klen so pajceкои се на некој начин поврзани со некоја река. Го населува скоро цел европски континент, освен скандинавските простори, што ни говори дека е поприлично прилагодлива врста на риба. Сепак најчесто кленот ги населува протечните води со цврсто и каменито дно. Знае да преживее и во места каде многу други врсти на риби уназадиле или не преживеале. Зимно време, кленот се сместува во помирните зони блиску до водените струи, во шуплива обала и во спори но силни вртлози. На пролет ги поминува сите места каде што растат водните алги, како и во поплитките места и сите дриги места каде инсектите се во поголем број. Летно време се поставува во заседи на површината, најчесто во сенка и спремен е одеднаш да проголта секаква врста на храна. Во есен, вртлозите и водните препреки му овозможуваат поголем дел од времето да го помине прехранувајќи се без поголем напор. Кленот има широка лепеза на искрана: полжавчиња, ракчиња, пуноглавци, разни ларви, копнени и водени инсекти, растителни и отпадни остатоци, мов, алги и трева, разно овошје кое случајно му паѓа од дрвата, грозје и сл. И покрај сета оваа исхрана, кленот сепак е многу внимателна риба.

Размножување:

Кленот се мрести во Мај и Јуни. Женката може да положи од 50.000 – 200.000 јајца во песокливи или со трева обраснати плитки места, кога температурата на водата ќе достигне 15°C. Како млад кленот живее во јата и се храни со планктони и водни растенија. Сезоната на парење му е во пролет. Тогаш мажјаците добиваат пеги по телото, перките им стануваат црвени, добиваат поживи бои, односно добиваат таканаречено свадбарско руво. Инкубацијата трае седум дена и младите растат доста брзо.

Животен век, големина на раст и тежина:

Просечниот животен век на кленот е измеѓу 10-15 години. За тоа време тој може да нарасне во просек од 30 – 70 сантиметри со тежина од 500 грама до 6 килограми.

Прегледано 12066 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija