Караш

Караш

Поради своето масивно тело, прекриено со големи крлушки, карашот многу личи на крапот. Но за разлика од крапот, карашот има пократко тело кое не е подолго од 40 сантиметри и во исто време телото на карашот е повисоко од телото на крапот. Главата на карашот е релативно мала, има големи очи и усни усмерени према нагоре, без бркови. Телото му е сребреникаво-маслинесто, секогаш потемно по грбот, а посветло по страните на карашот. Стомачната страна на карашот е жуткаста, а перките сиви.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Карашот особено ги сака стоечките и мирни води, богати со водна вегетација и муљевито дно, рибниците, езерата, каналите и спорите реки. Една од најпознатите особини на карашот е што тоа е риба која може да опстане во екстремни услови, како што се презаситеност, но и недостиг на кислород во водите, како и екстремно низок водостој. Кога се говори за исхраната на карашот, оваа риба слободно можеме да ја сместиме во групата на сештојади. Карашот се храни со водени планктони, мали организми, но и трева, алги, животниски плен, црви, пченкаи многу други мамци. Карашот е првенствено риба на топлите води и доста се храни кога е лето и кога водата е топла, додека во зима најчесто карашот е полетаргичен.

Во однос на распространетоста, мора да се истакне дека во нашите краишта во изминатите години се забележува инвазија од оваа риба. Прадедовина на карашот е Кина, од каде што се проширил по источна Азија, бившиот Советски сојуз, а понатаму и на запад кон Европа. Неговата инвазија е доста силна. Од целосно непозната врста во 50-тите години на 20-тиот век во Европа, па се до една од најчестите врсти денеска, карашот продолжува да се мрести и да ги населува скоро сите води. Една од главните причини за ваквата распространетост на карашот е неговата огромна адаптабилност на водите, начинот на размножување, неговата голема издржливост на природните промени и немањето на многу природни непријатели помеѓу рибите

Размножување и големина :

Карашот ја достигнува својата зрелост помеѓу 3 или 4 години живот. Карашот се мрести блиску до обалата во места кои се прекриени со треви, алги и други водни растенија. Неговиот мрест започнува најчесто кога температурата на водата ќе достигне 18 степени. Во зависност од тежината и големината на секоја женка, карашот исфрла од 100.000 до 300.000 јајца, кои покасно мажјакот ги оплодува. Карактеристично за карашот е тоа што јајцата може да ги оплоди и друга врста на риба. Инкубацијата најчесто трае еден ден и излегуваат малите карашчиња долги 3 милиметри. Карактеристично за карашот е тоа што може да се размножува и од неоплодени јајца.

Максимална големина на карашот е околу 40 сантиметри и маса од 2,5-3 килограми во светски рамки. На ниво на Македонија, карашите од 600-700 грама се сметаат за крупен караш, а примероците од 1,5 килограми за капиталци.

Прегледано 12139 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija