Кострежот е една од рибите кои неможеме да ги промашиме, поради нејзиниот специфичен изглед и препознатливост. Станува збор за прекрасна риба чиј изглед јасно ни говори дека се работи за воден предатор и грабливец. Телото на кострежот по страните му е сплескано и доста високо. Младите кострежчиња имаат вретенст облик, но со годините тие добиваат грпка над главата. Грбот му е маслинесто-зелен со 5 до 9 црни линии кои му служат за камуфлажа и подобро криење во водните растенија. Стомачниот дел му е белкаста, или жуткаста боја, а опашот мал. Стомачните перки му се жуто-портокалови, додека опашот му е сивкасто-зелен. Грбната перка му е дводелна и составена од прв дел кој е поголем, цврст и бодликав и втор дел на кој само првата коска му е цврста, а понатаму перката е мека. На крајот од првиот дел на грбната перка има црн знак. Имаат карактеристични црни кострежочи, а во устата ситни и оштри заби.
Место на живеење, навики и начин на исхрана:
Кострежот ја населува цела Европа, освен водите на Шкотска и Норвешка и помлку во водите на Шпанија и Италија. Притоа кострежот ги населува сите видови на води и без оглед на типот на вода, кострежот треба секогаш да се бара позади бетонските блокови, поголемите камења, потопените дрва, водните растенија, или шуплива обала од која излегуваат корења од дрвата блиску до реката или езерото.....
Кострежот е јатна риба и лови во јато, а осаменик постанува кога ќе подостари. Кострежот е најактивен кога температурата на водата го надминува 14 степен. Кога температурата на водата ќе падне под 4 степени, тогаш кострежот паѓа во сон.костреж1
Иако е познат како грабливец, кострежот не е некој брз пливач и токму затоа лови од заседа. Кога ќе го забележи пленот се скаменува, ги шири перките и напред во напад. Многу е издржлив и својот плен го брка на поголеми дистанци, што е негова предност, за разлика на пример од штуката која напаѓа во моментот и доколку не го фати пленот се откажува од понатамошно гонење. Препознатлив е по тоа што има голема контрола на своите движења и прави многу маневри. Често додека брка во плиткото можеме да го забележиме како наеднаш се забрзува и во момент запира, па повторно убрзува.
Јатата на кострежи се составени најчесто од риби со иста големина и колку се помлади, толку јатото е поголемо. Со паѓањето на ноќта јатото се растура и наутро повторно се собира. Младите кострежчиња се хранат со планктони, додека подоцна се ориентираат на помали риби. На почетокот на есента кострежите се собираат во поголеми јата и бараат место на кое што ќе презимат. Зимно време поголемите кострежи можат да излезат од длабочината и се упатуваат кон поплитките места со цел нешто да уловат и изедат и потоа повторно се враќаат во длабочина.
Кострежот е една од најатрактивните риби за спортаски риболов. Тоа е така затоа што се храни скоро во текот на цела година, а можат да го уловат и почетници. Помладите кострежи можат да се уловат скоро во текот на целиот ден, додека поголемите само кога условите за риболов на оваа врста се поволни. Кострежот се карактеризира со одлично месо, без многу ситни коски.
Мрестење и големина на раст
Кострежот се мрести обично од март до април, но ако во тоа време температурата е ниска тогаш мрестот може да се продолжи до јуни. Женката положува и до 200.000 јајца и токму тоа е една од причините за неговото брзо проширување и населување на што поголем број на територии.
Кострежот може да нарасне и до 50 см со тежина до 3-4 кг, а може да живее и до 50 години. Едногодишен костреж достигнува до 7,2 см. , костреж од 5 години околу 12 см., 10 години околу 18 сантиметри, 15 години околу 23 сантиметри итн. Најчесто уловените примероци се до 200 грама.