Смуѓот е риба која и припаѓа на фамилијата Percidae , род Stizostedion, вид Lucioperca. Род Stizostedion има повеќе видови како што се американски смуѓ, канадски, смуѓ камењар и морски смуѓ. Кај нас има 2 вида на смуѓ и тоа: камењар кој ретко расте повеќе од 1 кг и неговиот поголем роднина кој расте до 15 кг.смуѓ заби
Телото му е издолжено со релативно мала глава. Зависно од местото на живеење бојата на телото му е обично на грбот зелено сива со 8-12 попречни пруги, бел стомак и сребрени страни. Го викаат барон, гроф, стакленоокиот .... (има изострен вид кој е важен услов за пронаоѓање на храната).
Има две грбни перки, кои се споени, или пак измеѓу нив има релативно мал простор. Има ситни крлушки. На грбните перки и опашот има темни пеги, а останатите перки му се без пеги и имаат бледожолтеникава боја. Повозрасните единки имаат доста ситни заби во устата.
Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:
Смуѓот е распространет скоро во цела Еврпа и делови на Азија.
Тој е риба која е активна во текот на целата година и во текот на зимата и летото. Оптималната температура за неговиот живот е околу 27 степени, а горната граница за негово преживување е температура од околу 35 степени. Смуѓот е риба која е отпорна на високи температури во вода богата со кислород, и многу неотпорна на води со помалку кислород. Ако има загадување на водата, смуѓот страда меѓу првите риби.
Смуѓот има висок прехрамбен коефициент 5.1 што значи дека често е во потрага по храна. Честопати ако уловите 1 смуѓ ке добиете уште еден. Значи помалите примероци се движат во јата, а поголемите најчесто се сами.
Помладите смуѓови се хранат со ларви на инсекти кои живеат во вода, а поголемите смуѓови се хранат со други видови на риби. На предаторски начин на исхрана преоѓа после првата година од животот. За време на мрест смуѓот не се храни.
Размножување, големина и раст:
Женката Смуѓ несе околу 1 милион јајца. Јајцата се мали и со дијаметар од 1 до 1,5 мм. Мрестот стартува во пролет кога температурата на вода е од 12 до 15 º C. Најчесто смуѓот се мрести во раните утрински часови, во реките на длабочина од 0,5-1м, а во езерата дури и на длабочина до 17 метри. Ако живее во езерата каде што нема истечна вода, се приближува до брегот и бара песокливо дно и чиста и бистра вода, каде обично се прави гнездото за мрест. Мажјакот и женката еднократно ја испуштаат млечта и јајцата. По мрестот, женката се оддалечува, а мажјакот останува да се грижи за икрата. Ембрионот во јајцето се развива за околу една недела. Младите растат брзо.
Според литературата смуѓот може да нарасне до 1,3 метри и тежина до 15 килограми.
Смуѓот во езеро Младост и начин на негово ловење
Се зборува дека пред 10 години во ова наше езеро се пуштени само 10-тина примероци и одтогаш смуѓот е прилагоден тука.
Прибор кој се користи за риболов на смуѓ се трски со должина од 2.4 – 3.3 м со тежина на фрлање до 60 г, и брза акција во горната третина. Машинки со капацитет од 100м 0.30 мм . Ако користите плетен конец 0.14 мм, а монофил од 0.22 мм е доволен. Смуѓот не е борбена риба, но по квалитетот на месото се наоѓа пред пастрмката.смуѓ на гумено рипче
На велешко најчесто се лови со олово на дно, или мамецот да е неколку сантиментри над дното. За мамец се користи белвица, црвеноперка, сунчаница често и филет од риба, или само половина од мамецот (најчесто опашката). Се лови на длабочина од 5-8 метри. Знае да излезе и во плитко во утринските часови, или ако е облачно времето. Најважен фактор е да ја пронајдете рибата . Ако е во близина на мамецот сигурно ке има и улов. Овие правила важеа до пред неколку години. Денес ретко кој оди на смуѓ, а и најупорните најчесто се враќаат без улов.
Се лови и на вештачки мамки но со многу малку успех