На 04.05.2019, на реката Треска кај Скопје се одржаа 3-то и 4-то коло од Државната мушичарска лига на Македонија за 2019 година.
Домаќин на натпреварот беше Рибар 2011, концесионерот на Вардар 3 - Скопски каде што припаѓа и реката Треска.
Трето и четврто коло беа многу подобри во однос на временските услови и уловот, за разлика од првото и второ коло. Скоро сите натпреварувачи имаа улов.
Конечните резултати од лигата се:
1. Перо Стефков
2. Филип Серафимовиќ
3. Александар Цветановски
Благодарност до МРФ, концесионер РИБАР 2011, како и снимателите Радован Димитриевски од Рибарска Вистина и Илија Бојаровски од Ловечко око.
Малку фотографии во прилог.