Урбано мушичарење на Крива река

Урбано мушичарење на Крива река

Во саботата, на покана на концесионерот Мрена од Крива Паланка, отидов на риболов на Крива река. Ги викнав со мене Пепи и Зоки, малку да ја прочешламе реката во делот кој тече низ градот и каде што има трајна забрана и никој нема ловено од 2009 година. Поентата беше да се провери дали држи пастрмка градскиот дел.
Водата беше зголемена од снеговите што се топат горе на планините каде што извираат Крива река и некои нејзини притоки, водата беше доста ладна и рибата слабо активно. Сепак, како одминуваше времето, рибата стануваше поактивна и извадивме неколку убави примероци на пастрмки. Има 13 каскади во градскиот дел, дел од нив се срушени и направени повторно со “скали“ за рибите, а дел ќе се рушат и преправаат наскоро. Убаво рекиче, со доста потенцијал, природна храна, убави и здрави диви пастрмки кои пружаат одлична борба и уживање :)

Ловевме неколку часа, фативме 20-тина риби и договоривме уште еден риболов за месец дена отприлика. Концесионерите се покажаа како одлични домаќини, благодарност за нив за гостопримството и дружбата.

Прегледано 6264 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija