Вчера, поради чистење на езерцата во градски парк, направивме акција за спасување на рибата и порибување со истата на реките Вардар и Лепенец.
Вкупно порибивме со речиси 2 (два) тона крап, клен, бојник, костреж, црвеноперка, караш, бодорка, а оставивме извесна количина мешана риба на чување во Институтот за рибарство, за да се порибат повторно езерцата кога ќе се наполнат со вода.
Голема благодарност за одличната соработка до Град Скопје и комуналните претпријатија под нивна надлежност.