Редовно , како и секоја година , Рибар 2011 традиционално организира крапски куп за своите членови и пријатели . Како и минатата година и оваа година повторно решивме купот да се оддржи надвор од Македонија . Оваа година извор падна на езерото Бистрица покрај Софија .
Беа поканети членови и пријатели на Рибар 2011 и секако колеги од Бугарија кои го збогатуваат овој наш куп со своето присуство веќе со години . Организацијата беше одлична како и секоја година , колегите задоволни и конечно магичната бројка од 1000 килограми беше достапна .
14 дуа ги извлекоа своите позиции и купот можеше да почне .
Јас натпреварував со син ми Матеј за кого ова беше прво поозбилно крштевање од натпреварувачки карактер , прв поозбилен куп каде што требаше да се искалеми за крапски риболовец и натпреварувач . Меѓу натпреварувачите имаше доста познати имиња во крапскиот риболов како од Македонија така и од соседството . Имаше што и од кого да се научи и види .
Извлековме позиција број 2 ... веднаш до ресторанот од левата страна . Комшии до нас на позиција 1 беа веќе докажаните и искусни стари крапџии Роби и Запа заедно со Слободан . Екипа која со своето искуство во кругот на најдобрите крапџии во Македонија .
За натпреварот бевме спремни ... имавме спремена топива бојла ( 20мм ) комбинација на миксови од Мелег ( јагода и банана ) + помешан со домашен неутрал микс во размер 50/50 . Ароми неа користени исто од програмата на Мелег и тоа 10мл јагода , 5мл банана , 3мл скопекс , 3мл Cram Dream од Пролоџик и 3мл бела чоколада на Мелег . 100мл Natural Attract исто на Мелег и 50мл Catcher liquid Мелег .
Втора бојла која ја користев беше обична 16мм комбинација на Мелег микс бело чоколадо со банана , нетопива бојла со арома на бело чоколадо и скопекс и Catcher liquid бело чоколадо Мелег .
Како одминуваше натпреварот , колегите кои беа на другата страна од езерото веќе ги имаа и првите риби . Ветерот беше поволен за нив и кој знаеше тоа да го искористи веке имаше по неколку риби за мерење . Позициите околу нас мируваа , сигнализаторите молчеа но сепак беше само почеток на натпреварот . Првата риба ја добивме околу 18Ч00 и едвај беше во мерка ... 1,030 кг како за упис и прва риба не беше ни така лошо . Вечерта ветерот се смири , звездите го прошараа небото и сигнализаторите пуштија глас . Најпрво кај комшиите на позиција 1 околу 10Ч00 се појави првиот крап од 7-8 кг а потоа и кај нас на 2ка се пробудија сигнализаторите . Акцијата не изостана и на другите боксови но дојдоа и нашите 5 минути . Успеавме да извадиме 4 убави риби од 7 до 13 килограми што ни даде дополнителен мотив и желба за натпревар .
По интересната вечер , следуваше мирно утро за мерење на уловот и секако фото сесија .
Убави здрави риби , борбени и јаки кои го кренаа адреналинот . Сликање , мерење сумирање резултати , раскажување кој што како ... се што е дел од убава дружба .
Дневна дружба со комшиите , виничко кафе , по некоја салата и многу муабети , помина и вториот ден од натпреварот . Прошетка по патеката и посета на колегите по другите боксови , рибарски муабети и гачки во секој бокс . Убавината на куповите е токму во овие дружења , насмеани лица задоволни од постигнатиот успех и од убавата дружба . Постари помлади , искусни помалку искусни ... сите на едно место со истата болка . Крапски риболов ...
Дојде и крајот , свирна и последниот сигнал , прибирање на опрема и секако најпосакуваниот дел од натпреварот . Сумирање на резултатите и прогласување на победниците .
Јас и Матеј бевме на скромното 11то место но сепак задоволни бидејки го освоивме пехарот за најголема риба . Рибата од 13,150 кг ни ја донесе наградата за најголема риба за која Матеј беше пресреќен . Прв пехар , прва награда ... среќата немаше крај .
Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица
Галерија
View the embedded image gallery online at:
http://ribar.mk/index.php/reportazi/item/782-ribar-2011-krapski-kup-ezero-bistrica#sigProGalleriae5bf3ae4aa
http://ribar.mk/index.php/reportazi/item/782-ribar-2011-krapski-kup-ezero-bistrica#sigProGalleriae5bf3ae4aa