Крапски куп на Рибар 2011 - Бистрица 04-06.05.2018

Крапски куп на Рибар 2011 - Бистрица 04-06.05.2018

Како и секоја година така и оваа се одржа рибар купот.
За жал како и прошлата година така и оваа падна купот да биде надвор од нашата држава.
Се одржа на езерото Бистрица близи до Софија поточно село Безден.
Ова го потенцирам бидејки знам многу колеги ке го прочитаат и ке им кажам дека сме многу назад во одржување на една вода со добар капацитет на риба.
Не помина многу брзо оваа идеа која ја споделив со неколку колеги и така палење колата на Спаива и заедно со Тафта веке сме на езеро. Таму не чека Васил и одма направивме обиколка на езерото со гледање на позициите и не врзан муабет околу езерото.
На прв поглед одлично со добар капацитет на риба , подоцна доагаат Иван газдата на езерото кој се договоривме за условите на користење и ни се придружи и Слави на по едно пиво.
Датумот договорен ама пуста краста не јаде да направиме еден тест на истото езеро па така и тоа го договоривме. Но мене ми искочи некоја овбрска на работа па ја немав таа срека да направам тест, но Спаива ,Тафта и покасно им се приклучија уште 4 колеги од МКД си поминаа одличен риболов.
Па така секој црпнавме по некое инфо од нив како поминале и кој мамци подобри им се покажале и нормално се факаме за работа и да се спремиме за купот.
Иако инфото ни даваше други врсти на мамци ние за оваа кампања се одредивме за два вида на боили( црвени и жолти) мала шала овошни и млечни со вкупна тежина 4 кг и 1.5 кг пченка и по некоја пелетка за пва..
Стигаме во чевртокот на езерото по пат го собравме и Профа и веднаш се фативме за работа со Иван да го обележиме езрото и го поделиме на 15 еднакви позиции каде една карши друга нема да се спојуваат. Но Тафта ми јавува дека една екипа се откажала Пепи и Мики поради кој причини сами нека си напишат, па така исфрливме една позиција која беше и малце лоша за црпење на риба.
Полека почнаа да доагаат и колегите од МКД ни се приклучија Трасул и Чупле па подоцна и Сергеј и Предраг. Ја поминавне нокта во дружба и убави муабети и му заблгодарувам на Иван кој ни дозволи да преспиеме во неговииот објект и под чадорите пред ресторанот.
Сабалјето почнаа да доагаат колегите од Македонија и Бугарија веке сите екипи пристигнати се пие по некое кафе и се чека да почне влечењето на позиции.
Да не се повторувам повеке кој која позиција ја извлече ке ја има подоле фотографијата сликана со позиции.
Нас ни се падна позиција број 10. Како информација добивме дека била многу слаба и дека никогаш не била во првите 3. Како фаворит позиции беа нагласени 1, 6, 7,8 и 15 од страна на газдата на езерото.
Стигање на местото иако знаевме каде е, заборавивме дека до трските ке имаме некој 10 метри удолница и нагорнина од некој 40-50 степени. Како не дал господ напреварот поцна во 10:30 ние трските ги фрливме во 12:30 и одма една зртва падна ракетата се скина. Му викам на Кременадла јас малерот сношти го оставив ми одкачи едно крапче ајде нека пројде и твојот ред.
Почнавме добро добивме добри риби уште на почетокот на напреварот што дополнително ни го зголеми моралот бидејки инфото беше дека сме на многу лоша позиција.
Е тогаш почнаа маките. Напорно баравме некој да ни суди на напреварот, таков јунак во нашето здружение не се најде , па и пошироко каде што прашавме .Сакавме судии и од Бугарија ама ништо пропадна и тој план. Морам ова да го напоменам колку колеги крапчии идат и помагаат на спин и мушичарски дружби или лиги макар биле во еден ден или два викенда, ова важи за некој колеги од рибар 2011 и ако беше на 250 км од Скопје некоја помош ке ни беше од големо значење.
Меревме сите колку можевме прузивме максимум мозе не сме за оцена 10 ама за 7 сигурно. За тоа огромна благодарност до Драган-Звер , Чупле , Кико и Трасул кој на неколку пати беше без патнерот во бох.
Ако се задржевме малку повеке у бох јас и Кременадла уловот ке одеше преку 200 кг кај нас. Фалевме наизменично кој на мерење кој на гости нормално ова дружба и тоа е дел од риболовот ама тоа што е. Саботата беше пресудна за нашата екипа во периодот од 12 часот на ручек до !9 часот вечерна ни влезе убава серија на риби и извадивме преку 70 кг риба , што се покажа пресудно за освоеното 1 место , само рутински го доработевме во саботата вечерта и неделата од сабајле и завршивме со 136 кг риба 40 кг повеке од второпласираниот.
Морам да ги пофалам одличните комшии од левата страна Кко, Духот и Божо кој добро ја изработе позицијата, после нив од лева страна беа Профа и Бамса кој и тек како беа закана за нашиот пласман , од нашата десна страна екипата со многу мотиви гладни за риба али со многу грешки нормално на грешките се учи беа едни од најдобрите фати пушти Трасул и Чупле, после нив Милчо, Деки и Стефан опасна екипа со многу удари али ситен крап, после нив десно Аки и Борис многу труд вложен како што кажа и он не биле спремни со прихрана мозеби со повеке би успеале да фата некое рипче плус и на крај десно Предраг и Сергеј на поз 14 кој и тек како сакавме да ни се падне цел предходен ден ја зборевме, ама не била пишана за нас така да демнеше опасност од покрупни риби на таа позиција али како било ке си напишат они.
Ова беше за нашата страна, од другата позоцијата која беше фаворит и од мене прогласена предвреме за прво место Мартин и Марио кој излегоа втори кај застанаа само они си знаат, таму беше рајот на рибите, до нив Виница 1 на позоција 6 исто така фаворит позиција али со мали препреки во вода ама момците ја изработе топ поз до Маце , Дени и Даро, позиција 5 Слави 253 со неговата екипа пружи максимум ама мали крапчиња многу, до него на 4 Јордан и Петар одличен риболов за дружба релакс, после нив Чичко Васил и Станимир теска позиција која држи многу ситен крап во овој период али задоа си имаа кафана до нив и добра сенка, после нив позиција 2 Тафта И Матеј без Спаива поради овбрски, опасни нокни риболовци извлече максимум од позицијата и доби награда за најголема риба и на позиција 1 стари волци Запа ,Роби и Слободан кај нив секогаш е опасно што од риболов што од убава трпеза си изработија и повеке од очекувано.
Тоа беше една моја гледна точка која ја стекнав шетајки по позициите се надевам и дека и други ке написат по некој збор.
Е сега мора да му заблагодарам на Диме -Спаива кој и иако не беше присутен на оваа дружба вложи максимум и одвои време да помогне околу организацијата на истиот , нормално и сите членови на Рибар 2011 кој се ангазираа околу овој цел настан.
Голема благодарност до Слави 253 и Рибоцентар за издвоените стоковни награди и за газдата на езерото Иван кој додели
три награди поправен риболов на последните три екипи.
Верувам дека Мики Лапласт догодина ке се одолжи за прпустот околу пехарите поради презафатеност и за недоагање на дружбата.
Во продолжение по некоја слика кој ги имам јас, се надевам и некој ке дополни со останати фотографии. Ако ви се допадна може да повториме за некој месец.
Честитки до второпласираната Мартин и Марио и третопласираната екипа Профа и Бамса како и до сите учесници.
Ако и некој некаква идеја или критика слободно нека пише.
Бистро

Прегледано 3991 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija