А тргнав по крапови

А тргнав по крапови

Денеска последен празничен ден решив да се прошетам до Блискиот Богров, да направам и Јас оркривање на овогодишната риболовна сезона. Демек сефте.
Станувам во шес , пиење кафе , зимам две трски и ппаѓам, за петнаесетина минути сум на паркингот пред езерото и што да видам, како половина Софија да решила денеска тука да е по риба.
Паркирам колата, решив прво малку да се прошетам да видам има ли некаде место да застанам. Е има ама нема, каде и да решев да застанев имав осеќај дека ќе му пречам или на колегата од лево или од десно. И така размислувајќи што да правам, на половина памет веќе бев решен и да се вратам кога ми се јави пријателчето Марјан, се поздравив со него и со другите од друштвото исто мои познати.
Малку муабет, по едно пиво рано на сабајле и некако ме кандисаа да се сместам до нив.

Решив да ловам само со една трска, ќе пречев сигурно ако ја бев извадил и втората.
Од едно две недели на езерото е пуштен поголем број на есетри со тежина од 5-12килограми, па пошто несакав да ловам на голема далечина да не се уплетувам со колегите решив да ловам блиску до брегот, на некои 5-6 метра , ловев целонасочно есетра.
Боила Туна на CC MOORE, комбинирано со мал попап и дип туна.
Резултатот не изостана, уловив една есетра, отприлика 12-13 килограма, најголема уловена тој ден на езерото. Иако до крај немав улов и поред неколку повлекувања се вратив дома задоволен со мојот прв улов во новата сезона.
Еден млад брачен пар запалени крапски риболовци мои пријатели Бојка и Александар имаа исто така убави неколку риби.
Во целина убаво поминат ден со вистински пријатели, ладно пиво, убава скара , по некоја риба.

Прегледано 3971 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija