Река Радика - сефте 2018

Река Радика - сефте 2018

Конечно дојде денот да се прави сефтето за 2018год и тоа баш на прекрасната и уникатна Река Радика !
Зимски услови со снег,ден прилично топол и пријатен,реката одлича со водостој и прекрасна тиркизна боја,рибче позади секое камче,ултра лајт спинот и некој минијатурен спин мамец и шетај цел ден по река,диши воздух и уживај !!!
Ние денот си го поминавме прекрасно чиста 10ка !

Користам прилика да го поздравам мојот сопатник и тандем бате Боро !!!

Сеа како знаеме сите викендов е првата спин лига во мк на оваа река и горе доле на овие места каде ние риболовевме...
Се надевам дека нашата репортажа и видео запис ке им помогне на сите натпреварувачи да имааат представа што ги чека и пробам да им помогнам преку сликите и мотивирам за натпреварот кој следи!
Риба има многу,не многу голема ама ја има и најголем проблем и мајсторија ќе биде да се совлада и извади успешно на спортски начин без контра на јадиците што увидовме дека е многу лесно при најмала луфта во борбата таа да се откачи и избега! Треба соодветна опрема прецизно согласена за тој префинет ултра лајт стил на спин риболов...Ќе треба многу камуфлирање и мајсторија нечујно да се пристапува по тешко достапниот терен без да се вознемири или да не види рибата во таа бистра вода и најважно од све е да се пласира правиот мамец на право место со правилна презентација и излаже итрата радичка пастрмка
Зимска и скијачка опрема задолжително...

Ви посакувам многу успех и среќа на сите натпреварувачи !!!

Ве оставам да уживате во видеото,ве поздравувам и посакувам бистри води !!!


Медија

Прегледано 4367 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija