Пецање за крај на сезона 2017

Пецање за крај на сезона 2017

Ова година сезоната ја започнав на 10 април со риболов на мојата омилена вода, место и риба. Вардар, ДемирКапија и сом. Планот беше да се почне уште во средина на март но некако задоцни стартот. За почеток излезе едно сомче од 13kg.

Годината одминува. Проведено 52 дена на вода во 12 кампањи. Која кампања подобра, која послаба. Ми се случи и прв пат на риболов на Козјак да бидам без риба. Направена и пауза од 45 дена во периодот на пеколните горештини летово и големата сеизмичката активност во охридското подрачје. Изваден по некое рибче 5+ и многу дружба со прекрасни луге од кои добар дел случајно сретанати и запознаени на вода.

Октомври поминува. Доаѓа ноември и ред е да се размислува за затворање на сезоната. Ке одам на тој фамозен улив. Досега сум бил само 2 пати и тоа годинава и не сум прошол баш сјајно со риба. Обезбеден е чамец со мотор, но од тројцата пријатели, Љупче, Сашо Раец и Боба Бамсе, со кои годинава најчесто одев по риба до еден ми одкажаа. Трајче и Сашо Паланка исто така планираат риболов за крај на сезона. И они ми се големи пријатели но неодам често со нив по риба. Срдечно ме прихватија да одам со нив и договорот падна. Се оди од 2 до 5 ноември, четврток до недела. Местото не ми е битно. Ионака вливот не го познавам. Кај одат они таму и јас.

Временската прогноза е поволна. Ке биде ладно ноќе но преку ден релативно топло и мирно со слаб ветер. И Солунарниот календар не е лош.

На Близанско стигнавме нешто по 12. Товарење опремата во чамецот на Трајче. Возење кон влив па растоварање опрема. Месење на логорот и околу 15 часот Трајче и Сашо влегоа да сондираат со сонар иако го познаваат местото. Одбраа локации, поставија маркер и накрмија. Двете одбрани места беа некаде околу и во коритото на Треска.

Додека они маркираа јас ставив две празни шишиња во кесе, измерив манила, повржав со еден поголем камен и се убаво намотав. Додека нивните маркери беа кон супротниот брег јас мојот го пставив, гледајки од бучката на која бевме лоцирани паралелно со нашиот брег. Додека нивните маркери беа поставени релативно далеку од нас и длабоко мојот маркрер беше релативно плитко и релативно близо до нас. И крмата не ја фрлив на маркер туку во линија од брегот кон средина на езерото. Оваа моја тактика беше неконвенцијална во однос на сите останати тактики кои се применуваат во овој период на годината од страна на рибарите кои риболоват на улив и предизвика малце подбивни коментари. Пробувам нешто ново и мудро молчам. Ако не ми успее тактиката имам секојпат на располагање уште многу вода да фрлам далеку и длабоко.

На размислување за оваква тактика ме наведе репортажата на Тафтабит – Затворање на сезона 2017. Во нејзе прочитав нешто и ми се запали сијаличката, а кој не ја прочитал нека седне и нека чита.

Зафрлив само два стапа на месна боила. Кај 22 и нешто ги извадив и боилите како фабрички. Нема ситна риба да ги јаде. За крап не се знае но нема нити тит. Само ги вратив и на спиење.

Петок сабајле кога ги извадив двата стапа беа тотално празни како никојпат да немало боила. Сепак се собрала риба. Ситна но по нејзе ке дојде и крупната. Повторно ги мамчам стаповите, сега и третиот и во вода. Едниот право кон маркерот. Левиот по накај брег, а десниот накај средина на вода. Сите три на различна длабочина. Не е некоја драстична разлика но по едно 2-3 метри сигурно. Накрмено на исти начин. Во линија од брег кон средина на езеро. И пак исти муабети. Близу ова, близу она. Плитко.

Префрлено, накрмено, испиени две кафиња и пакија со нив. Околу 8 влегувам во шатор да правам Пилешка чорба а Трајче и Сашо се печат на утринското Сонце и прават муабет пред нивниот шатор. Во еден момент штама и се слуша како срамежливо титка еден од моите сигнализатори. ОВИЕ МЕ ШУПЧАТ си помислив но сепак ја отварам вратата на шаторот. Кај мојот родпод нема никој. Сигнализаторот на левиот стап, тој кон брегот титка. Свингерот се потспушта па поаѓа нагоре. Се личи и звучи на удар на ситна риба која едвај го влечка оловото. Веднаш истрчав и стапот во раце. Труп. Веднаш се виде дека е голема риба. Бидејки рибата бега бочно во однос на моите стапови, од брег кон средина на езерото не вади многу конец. А и голема риба не бега панично па сигнализаторот да запали како на узбуна.

Убава борба и рибата е веќе блиску. Бидејки стоев на некои 2 метри над водата релативно длабоко ја видов прв пат. АУУУУУУУУУУУ. ОВАА Е СТВАРНО ГОЛЕМА. Регулаторот веднаш додатно го олабавив. Незнам коку траеше борбата. Едно 5-10 минути и беше најсилна тука блиску до нас. Неколку пати беше над кепот на Сашо пред да влезе безбедно во него.

Потврда на мојата тактика ја даде крап од 2+ кој удри вечерта на средниот стап. За жал овој крап не е сликан.

Од саботата многу се надева. Требаше да биде топло и сончево што и беше но ветерот кој требаче да биде слаб до умерен беше појак од тоа. Мислам дека поради тоа немав удар тој ден. Удар добив неделата сабајле но рибата која нагло го спушти целосно свингерот и го олабави конецот не се закачи.

На крај поздрав до сите пријатели и другари со кои пецав и се дружев во изминатите 56 дена поминати на вода оваа 2017 година.

Прегледано 5400 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija