Однесени од виорот

Однесени од виорот

После доолго време промашување и договарање конечно успеавме со имењакот да споиме една заедничка екскурзија. Триста комбинации и крв давање за денови, за конечно да споиме 3-4 дена за една крапска кампања. Се мислевме помеѓу Глобочица и Козјак...се решивме за второто. Подготовки на највисоко ниво....времето не многу убаво ама што е битно кога почнува да работи рибарскиот адреналин за тргање по риба.

Петок сабајле ја и имењакот веќе бевме на пат за Козјак.

Врвовите бели, пирка некое мало ветре, езерото во магла, извадивме дозволи и правец на локација. Таму веќе инсталирани две екипи, ОК одиме на друга. На другата нема баш пат за до езеро, ама што има везе, кога адреналинот работи, а рибар, а магаре исто ти е. Ајдееее истовар цела кола и симнување надоле со триста маки и со куп повторувања.

Додека се наместивме, измаркиравме, накрмивме и фрливме веќе пладне стигна.

Дојде оној убав дел од првиот ден кога после пола ден работа ќе седнеш на стол и си гледаш во езерото...Бесценето.

Во таква глетка полека сонцето падна, а ние се зафативме за прицврстување на тендата со камења и по некое јаженце и на инсистирање на Борче ставање и церада врз шаторот, демек потопло да било, а башка временска најавуваше и некое ветре и дожд вечерта. Ја да се прашував ни тоа немаше да ставам.
Средивме и тоа и седнавме да замезиме од даровите на есента.
Мезалаци и убавини....сигнализаторите тивки....ветре некое мава ама подносливо.

Влеговме во шатор околу 10-11, претходно фрливме уште по некој камен за појачување зашто прогноза кажуваше дека накај 12 ќе почне некој ветер со брзина од 10, 12, 13 км на час и си легнавме. Брзо не совлада сонот, но брзо се појави и ветерот.

Почна да ги распафтува церадите, да тропа, да фучи....едно време станав накај 12-01 дигнав што паднало и почнав да ставам нови и поголеми камења прицврстувајќи ја тендата и церадата што беше ставена врз нашиот шатор и пак влегов демек на спиење. Имењакот и он вознемирен од ветрот ама мирен. Гледаме пак временска гледаме зголемува на 16км на час и некој чудни ознаки како во стилот ќе зголемува ама временска незнае колку.

Едно време околу 01 часот по полноќ почнаа да титкаат сигнализаторите сите со ред, стандард кога се јавува голем ветер, ветерот зголеми јако и наеднаш, башка и промени страна, почнаа да се пафтаат церадите, почна јако да бучи од горе од во планината и да се спушта накај нас, слушаш, држиш шаторот и чекаш што прво ќе попушти, ама си викаш добро се укотвивме ќе издржи кампот. Луѓе тоа што следеше тешко се опишува со зборови, јас сум бил на ветер на риболов, сум држел тенди, церади и шатори.... ама ова уште не сум го доживеал. Ветерот почна да зема се со себе. Наеднаш испопаѓаа сите трски и родподи, железната тенда се урна скроз, ветерот ја сомле, ја извитка, ја искрши, искина платното :shock: , чамчето за крмење кое беше врзано го немаше и тоа летнало :o , искочивме да се соочиме со невремето...незнаеш од каде да почнеш и што да спасуваш .....додека гледаш што се случува ветерот те бутка и тешко се стои во место.... Хаос невиден.

Бропотезно со имењакот собравме трските, собравме што беше останато од тендата, легнавме све на земја од опремата, врз неа една церада, врз церадата куп камења да залепиме на земја и брзо кај шаторот да појачуваме за да се спремиме за уште полошо и за дожд. Цела вечер тајфуни дуваа, почна и дожд, ветерот постојано појачуваше, а ние од внатре многупати ги придржувавме шипките од шаторот кој исто така се оштетија. За да ви доловам колку дуваше еве што вика прогнозата за таа ноќ.

Дали некој имал прилика да доживее вакво невреме на отворен и бришан простор без дрва незнам. Временска најавуваше најмногу 16км на час, а всушност невремето дигнало на 41км на час :shock: Немам други слики да ви доловам што ни се исподеси затоа што во такви моменти на крај памет ти е да сликаш, едноставно се мразиш себеси што воопшто си тука во такви ср..а и гледаш поскоро да се избавиш.

Ваквото невреме значеше дефинитивен крај на нашата кампања. Едвај дочекавме сабајлето малку да се подсмири и веднаш стартувавме со собирање на парталите. Еден ден претходно од планираното, убиени од невремето, неспани, нова голгота и 5 саати качувавме опрема по тоа козјачките угорници. Филинг невиден, нозете како жаби бевме.

Кога веќе се утоваривме за назат отидовме и да го побараме чамчето што го однесе ветрот и го најдовме на километар-два од местото каде што бевме ние, и тоа не во вода, ветерот го дигнал и фрлил 50 метри нагоре на копното.

Веќе кога се прибравме кај Зоки-Шинде на рампа успеавме и да каснеме нешто, а подоцна и да заминеме. Сумарно тоа беше нашата голгота.

Очигледно оваа репортажа нема риби, ниту некоја рибарска убавина затоа што скоро и да немаше риболов, имаше само штета, мачење и залудно потрошени денови и средства. Сепак ја пишувам како порака и школо до сите други да научат од нашата мака - Кога ќе ве фати рибарското лудило, пробајте да мислите трезвено, следете временска прогноза и не одете ако гледате најава за ветер посилен од 10км на час, се друго е ризик за голема штета и екстремно лоши рибарски моменти.

Поздрав од Борче и Борче

Прегледано 4406 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija