Пред две години март месец се покажа за мене како дарежлив со еден убав улов на пастрмка, и таа мисла ми беше во глава додека барав слободно време за прв риболов годинава. Иако без некој посебни очекувања се најде некој саат за инстант риболов. Во претходни разговори со колегите се дојде до некаков договор со Леуново и Петраки кои веќе беа во Маврово но на викенд. Недела беше денот кога се договоривме да се сретнеме и да истераме некој саат на вода. Јас пристигнав пола саат порано од нив, но немаше ништо, само еден удар и откачување и толку. Дојдоа Петраки и Леуново, малку ме искараа зошто не сум го испочитувал договорот. И почнавме да фрламе, све живо, кашики, воблери, силиконци. Но немаше ништо, никаков знак. Некаде околу 9 часот имав удар и борбата почна, отпорот беше голем, рибата едноставно не се предаваше, со секое стегање на кочницата, повлекувањето на конец не престануваше. Како што се приближуваше накај брегот тежината се чувствуваше се повеќе, тешко нешто. Прво мислев дека е некој клен како тој ланскиот на Леуново, но кога се појави на 10 метри имавме што да видиме. Пастрмка огромна, Петраки присебен го зема неговиот кеп, среќа што го носеше, зошто со моено кепче плашка само да црпнеш. Ја доближив рибата и Петраки ја собра рибата. Стоиме и се чудиме, огромна. Се тресев како мало дете. Мамецот беше како и многу пати до сега Byron Toby 10g. Приборот беше Shakespeare equilaizer spin 10-40g, Daiwa exceler 2500, Power pro 1.0. должината е 80цм и тежина 5.600гр. Тоа е мојата риба живота. Голема благодарност до Петраки и Леуново за помошта
Галерија
View the embedded image gallery online at:
http://ribar.mk/index.php/reportazi/item/714-sefte-za-2017-vtor-del#sigProGalleriaaa1a2bd009
http://ribar.mk/index.php/reportazi/item/714-sefte-za-2017-vtor-del#sigProGalleriaaa1a2bd009