Незавршена приказна-бранцин

Незавршена приказна-бранцин

После подолго време и јас да ставам една репортажа.
Не дека не сме имале и други риболови е не дека не сме фатиле ама оваа треба да остане забележана.
Иста ,, шема ,, на летен риболов во Грција на море, тргнување од Скопје на попладне, за да се фати попладнето и да се риболови до кој колку може касно во вечерта, малку одмор и пробување да се отспие и повторно пред изгрејсонце, уште една рунда на риболов.
Собирање кога веќе запекло сонцето, снемало удари, болат раце и нозе, чешаат убодите од комарци...
Местото на риболов овојпат е Алики

Неколку км. под уливот на Бистрица во море, всушност е марина за чување на рибарски чамци но пред неа има два долги заштитни докови.
Од страните се плитки песочни плажи.
Всушност идеално место за риболов на бранцин бидејки има и камен има и песок, не е длабоко а има и вегетација во водата. Веднаш се осеќа дека ова место држи риба а и се гледа по тоа што има прилично рибари кој ловат најчесто на дубинки.

Срган набрзо по пристигнувањето ја закачи првата риба, мала стрелка ( Bluefish) додека уште беше дење.
Очекувавме дека со доаѓањето на вечерта ке снемува стрелки но ке се појавуваат бранцини. ТАка и беше бидејки ова беше и единствената стрелка што ја уловивме.
Но со сигурност тврдиме дека има и други и тоа многу поголеми.

Имаше бегање на риби и напади како од филм а пред самите наши нозе беше преполовено ова кутро кефалче.
Стрелката е чудовиште.
Досега сум имал среќа да фатам стрелка до два кг. и за среќа удирале на долги минноњ облици на воблери па не го имаат дофатено и конецот, инаку нема конец или ФК што би можел да го издрѓи овој угриз.
Како со ласер пресечено.

Како што се стемнуваше така почна и бранцинот да се покажува дека е тука.
Имаше неколку нереализирани удари, Срган извади еден помал и потоа удри овој

Убаво парче од 2 кг.

Удри на Daiwa од 9 cм Current master

Одличен воблер кој за својата големина и тежина одлично се зафрлува благодарение на оловниот трансфер систем кој сто го има во себе.
Како се стемнуваше имаше се повеке удари, откачувања но и неколку уловени бранцини.

Овој удри на силиконец Nomura ( Проспорт ) на 20 гр. глава од Savage Gear.
Се редеа уловените главно на силиконци ( така и треба навечер се тие фаворити )
Топло ги препорачувам силиконците на Savage Gear - Sand Eel i Black Minnow нa Fiiish.
Уште не беше вистински зазорило го имав мојот најголем бранцин на трска.
Прекрасно чувство на борба со вистински противник.
За жал немаме слики од самата борба туку само откога беше изваден на сигурно, знаевме уште кога удри дека е голема риба и бевме насочени кон тоа да ја извадиме а не да сликаме нешто што не ни знаеме колкаво е.
Како што се појави сонцето толку беше од риболов на силиконци, се вратија воблерите во игра.
Но и тие за кратко време бидејки како што затоплуваше се намали и активноста на бранцинот.
Толку беше.
Вака изгледаше целата лепеза од риби уловена тој ден.
Најголемиот беше 71 цм и 4,4 кг.

Следуваше најтешкиот дел, враќањето дома.
Некој мораше и да вози назад а некој друг беше многу уморен
Репортажава ја крстив незавршена приказна, затоа што за мене овој вид на риболов е како една приказна која нема крај и која се надевам ке има уште делови....

Прегледано 5683 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija