Крапот.. дивјак..алтан ..од Глобочица by Oki ribar

Крапот.. дивјак..алтан ..од Глобочица by Oki ribar

Уште еден риболов на кој радо ке се сеќавам
впрочем и останатите или сите си наоѓаат ред и место за да некогаш седнеш и со задоволство си го погледнеш ,се сетиш , на сето она што се случувало на моите излети на вода .

Со задоволство ке кажам дека ..пријателството..е големо богатство а го имам на секоја река ,езеро ,бара,поток,секаде каде што има вода и ..рибар..
така и на ова наше езеро се склопи уште едно пријателство со -Трпе Вевчани-кој има душа како една планина ,и беше расположен за истиот мерак како сите ние ..РИБАРЕЊЕТО.. тука е и Александар,Африм,со кои викендот помина како една минута.

Другари ве поздравувам.

Ајде малку за риболовот ,како што можете да видите се работи за таканаречениот крапски риболов каде се сака ,поголеми стратегии ,опрема,мамци, прихрана за да можеме да ги надмудриме ..дивите..Крапови,или -АЛТАН-жолтите како си сакам да кажам за нив.
Секако дека не се работи за обичен риболов каде со чашка ..бели..или..црни ..црви ке го завршиш риболовот,овде си бара навремено прихранување,промена на мамецот,префрлање на одредено време треба да се има трпение ,волја,и мерак да се прави сето тоа,кога на сето ова ке го додадеме и доброто друштво ,добриот муабет сето тоа е одлично се надевам дека ке се сложите со мене.
Од самите фотографии и клип ке видите за што се работи ,ке го видите местото,мамците,прихраната и самиот начин на риболов па повелете и направете си го истото задоволство и вие.

Секогаш почнувам со убавиот и сончев ден и самото изгрејсонце,зар не е прекрасно.
Ке видите за колку прекрасни примероци се работи во овој наш риболов и со задоволство ке кажам декасите го имавме истото чувство да имаме по еден ..алтан ..на јадица,ова не се случува секој ден -КРАПОТ-да биде расположен за позирање пред фото апаратот но ние го имавме истото задоволство да имаме по еден ваков лепотан на јадица,задоволството е огромно и секако дека долго,долго ке се сеќаваме на ваквите и слични мигови.

1

Дел од опремата ,самата прихрана на местото за ловење ,мамецот кој е користен без никаква тајна сето тоа видливо за сечие око.Во крапскиот риболов некој не би го открил тоа ама јас мислам дека времето на таквите тајни и надмудрувања треба да престане секој од нас оди ..за да фати ..и си направи задоволство мојата тајна е јавна .

2

3

некој сигурно ке најде некоја замерка ,ова не вака,ова не онака ,но ние го направивме баш тоа што мислевме и несебично ги споделивме мислењата,тактиката,самата опрема ловевме на еден исти мамец сите,иста прихрана иста линија на зафрлање и кога на сето ова ке се согласиме сите три ..бокса..резултатот е видлив ,три прекрасни манекени 10,500 другиот 11,170,третиот 14,300 ,и уште четири помали меѓу 3,5 и 4 кг.
Беко фиш го имаше на јадица 10,500 ,Трпе Вевчани 11,170,Јас 14,300 Александар и Африм помалите ама сепак ке кажам декасекој од нас го имаше истото задоволство да има риба на јадица. Но сепак мојата е најголема ... се шегувам.

4

5

6

7

Сето тоа проследено со видео запис изгледа вака.

за самите ..алтани..ке оставам вие да прокоментирате ,секако вие сте по компетентни од мене и ке дадете некоја добра или помалку добра сугестија ,ние ова го направивме на овој начин ,мислевме дека така треба да биде и имавме резултат .

Трпе со неговиот улов

8

Јас со мојата риба ,под нејзе уловот на Беко,со кој сакам да го поздравам и него.

9

10

11

Се надевам дека ке ви се допадне стореното од наша страна ви посакувам ..БИСТРО..и посакувам да се видиме на ..ВОДА..
Ние мислевме дека заедно ке бидеме по јаки затоа се здруживме со заеднички напор, несебично,да си го направиме времето поминато на риболов да ни биде ..прекрасно и со задоволство на нашите потомства да си ги раскажуваме ваквите и слични ....РИБАРСКИ ПРИКАЗНИ....

Ве поздравува Оки рибар

 

Прегледано 6789 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija