Црна река

Црна река

Црна Река е најголема десна притока на Вардар. Изворишниот дел на Црна се наоѓа во Демир Хисар, а го сочинуваат две рекички: Илинска и Церска Река. Пред с. Железнец тие се спојуваат и продолжуваат да течат под заедничко име Црна. Меѓутоа, како вистински извор на Црна се смета врелото Црна Дупка над с. Железнец со надморска височина од 760 м. Во Вардар се влива во Тиквешката Котлина, кај Стоби, на надморска височина од 129 м. Вкупната должина на нејзиниот тек изнесува 207 км, со среден пад од 3,1‰. Средниот проток при утоката изнесува 37 м3/с. Дренира сливна површина од 5.890 км2, од кои во Р. Македонија се 5.130 км2. Спрема сливната површина и количината на вода што ја внесува во Вардар, таа е најголема негова притока.

Големина на рибите под која не смеат да се ловат

Пастрмка 35 см

Бела мрена 35 см

Црна мрена 15 см

Клен 30 см

Скобуст 25 см

Крап 40 см

Црвеноперка 20 см

Попадика 20 см

Писа 20 см

Костреш 20 см

Сом 70 см

Лињак Трајна забрана

Златен карас Трајна забрана

Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.

Сите уловени риби под определената големина, треба внимателно да се откачат од јадицата и неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

За останатите видови риби кои се помалку значајни од аспект на рекреативен риболов или се во групата на непожелни видови риби не се предвидува заштитна мерка “најмала дозволена риболовна мерка”, што значи дека може да се ловат без ограничување на големината.

Имајќи во предвид дека популацијата на лињак и златен карас е драстично намалена или воопшто веќе го нема на риболовната вода за која се изготвува оваа риболовна основа се воведува трајна забрана за негово ловење. Дококу случајно се улови примерок од двата горе наведени вида, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

За сливот на Црна Река, за кој се пишува оваа риболовна основа не се пропишува тотална забрана за риболов во фиксен верменски период.

Заштитата на рибите и влијанието во правец на зголемување на густините на популациите на рибите ќе се изврши преку:

- заштита на рибите во периодот на мрест

- заштита на мрестните локалитети (природните плодишта)

Со цел да се зголеми густината на рибните популации и да им се овозможи природен мрест на поголем број на риби се воведуваа период на забрана за определени видови на риби.

Временски период во кој е забранет лов на риби

Пастрмка Од 01. октомври до 15 февруари наредната година

Сом Од 15. април до 15. мај

Скобуст Од 15. април до 15. мај

Попадика Од 05. мај do 15. јуни

Црвеноперка Од 05. мај do 15. јуни

Клен Од 05. мај do 15. јуни

Крап Од 05. мај do 15. јуни

Бела мрена Од 05. мај do 15. јуни

Црна мрена Од 05. мај do 15. јуни

Лињак Трајна забрана

Златен карас Трајна забрана

Покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популациите не е дозволен риболов на пастрмка и сом во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).

Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.

Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во секаков вид на чуварки.

На риболовниот ревир “Црна Река 1” како специфични локации каде се мрести пастрмката се определува делот од изворот до мостот на патот Битола-Крушево.

На риболовниот ревир “Црна Река 2” се дефинира специфична локација каде се мрести клен, скобуст, мрена и тоа: потегот од влив на река Блато до каскадите во с. Бучим.

На риболовен ревир “Црна Река 3” се дефинира специфична локација каде се мрестат топловодни видови риби (клен, црна мрена, скобуст, мрена и др) и тоа река Шемница 5 км по акумулацијата Стрежево и река Драгор во Битола под каскадите.

На риболовен ревир “Црна Река 4” се дефинира локација каде се мрести сом и тоа влив на Црна Река во акумулација, со должина од 5 км возводно .

На риболовен ревир “Црна Река 5” се дефинира локација каде се мрестат топловодни видови риби кои влегуваат на мрест од реката Вардар и тоа од браната Тиквеш до вливот на река Раец во Црна Река.

Се забранува вршење рекреативен риболов во периодот од 1 април до 30 јули на специфичните локации каде се мрестат топловодните видови риби.

Се забранува вршење рекреативен риболов во периодот од 1 октомври до 1 март на специфичните локации каде се мрести пастрмката.

Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Црна Река 1”, се ограничува на:

автохтона пастрмка до 2 (два) примероци

Максимална дозволена количина на дневен улов на останатите видови риба, за риболовен ревир “Црна Река 1” не се определува. Тоа значи дека единственото ограничување е бројот на уловени примероци пастрмка.

Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Црна Река 2 и 5”, рекреативна зона “Крушевско Езеро” и “Борино 1 и 3” и се ограничува на:

Пастрмка до 2 (два) примероци

Скобуст до 10 (десет) примероци

Клен до 6 (шест) примероци

Бела мрена до 4 (четири) примероци

Сом 1 (еден) примерок

Јагула 1 (еден) примерок

Крап 1 (еден) примерок

Црвеноперка до 15 (петнасет) примероци

Попадика до 15 (петнасет) примероци

Лињак Трајна забрана

Златен карас Трајна забрана

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за риболовен ревир “Црна Река 2 и 5”, рекреативна зона “Крушевско Езеро” и “Борино 1 и 3” е вкупно 2 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 2 кг, а воедно и не смее да бидат надминати максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.

Во вкупната количина до 2 кг. влегуваат и сите останати видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица, црна мрена, кркушка и др.).

За видовите “сребрен карас” и “сончаница” нема никакво ограничување и може да се лови во сите должуни и во неограничени количини.

Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовен ревир “Црна Река 3 и 4” и рекреативна зона “Прилепско Езеро” се ограничува на:

Пастрмка до 2 (два) примероци

Скобуст до 13 (тринаесет) примероци

Клен до 10 (десет) примероци

Бела мрена до 6 (шест) примероци

Сом 1 (еден) примерок

Јагула 1 (еден) примерок

Крап до 2 (два) примероци

Попадика до 10 (десет) примероци

Црвеноперка до 25 (дваесетипет) примероци

Костреш до 20 (дваесет) примероци

Лиња Трајна забрана

Златен карас Трајна забрана

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за риболовен ревир “Црна Река 3 и 4” и рекреативна зона “Прилепско Езеро” е вкупно до 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати макималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.

Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица, црна мрена, кркушка и др.).

За видовите “сребрен карас” и “сончаница” нема никакво ограничување и може да се лови во сите должуни и во неограничени количини.

Во дозволен риболовен прибор за рекреативен риболов спаѓаат: риболовни трски, риболовни машинки (орши) и разни видови на природни и вештачки мамки.

При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки. Дозволена е употреба на следните вештачки мамки: еден блинкер со една јадица (трокрака, двокрака или едникрака) или еден воблер кој може да има до две јадици (трокраки, двокраки или едникраки) или три вештачки мушички кои можат да имаат еднокраки јадици.

При вршењето рекреативен риболов на останатите видови риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.

Прегледано 11610 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija