Мамци - скакулец

Мамци - скакулец

Може ли некој да ми даде мислење врз основа на лично искуство, што мисли за следниве два вида на живи мамци:
1. брашнарски црв и
2. Скакулец

По ова прашање на еден од нашите читатели, колега Ристо, овој пост го посветуваме на скакулците, а дополнително ги молиме сите читатели доколку имаат одредено искуство со скакулецот како мамец, но особено брашнарски црв, истото да го сподели со нас.

СКАКУЛЕЦ

skakulecГолем број на риби, особено грабливките ги обожаваат инсектите кои живеат во близина на водите и кои од време на време паѓаат во водата. Кога некој инсект ќе падне во вода во која има риби, тогаш тешко да остане жив. Дел од тие инсекти се мушичките, мувите, коњштипите, осите, штурците и секако скакулците.

Скакулецот е инсект кој го наоѓаме во тревите, кои секако растат околу езерата и покрај реките и токму поради ова тој еден од најдобрите мамки за многу риби. Како што е познато, рибите ги напаѓаат сите инсекти кои прирдно им паѓаат во водата, а токму скакулецот е таков инсект.

Какви се скаулци постојат ?

Кај нас најчести се кафеавите и зелените скакулци. Притоа во зависност од големината на скаулецот, постојат и скакулци кои имаат убава раскошна боја и многу шари по скакулецскакулец1телото. Тоа најчесто се поголемите скакулци, кои имаат и крила и кои потешко се фаќаат. Генерално, колку поголем и пошарен скакулец, толку подобро и рибата нема да може да му одолее.

Како се фаќаат ?

Фаќањето на скакулците е можеби една од најтешките работи кога се зборува за фаќање на риба на скакулци. Тоа е така затоа што скакулците се добро камуфлирани во тревите и тешко се распознаваат и второ затоа што скокаат и тешки се за фаќање. Едноставно треба да се пикате по тревите, треба да имате добра стратегија, добри рефлекси и добри фаќачки способности. Неколку совети можат да бидат од корист.

skakulec vo treva

1. За да ги лоцирате тргнете на места на кои има поголема трева. Со самото ваше влегување во тревата скакулците ќе започнат да скокаат и така да ја откриваат својата положба. На тој начин ќе ги лоцирате.скакулец 2

2. Кога веќе сте го лоцирале каде паднал скакулецот, приближете му се многу полека и наведнати, доколку се приближувате брзо и исправен бидете сигурни дека еден скакулец ќе бркате половина час.

3. Кога веќе сте на растојание на кое го гледате скаулецот и можете да го фатите, тогаш треба да се направи финалниот чекор на негово фаќање. Доколку скакулецот е застанат на тревка која е повисока и небодликава, тогаш најдобро ќе го фатите со отсечно замавнување и фаќање на скаулецот во вашата дланка. Немојте да се плашите, скакулците не се воопшто опасни и не касаат. Доколку скаулецот е во ниска трева, тогаш најдобро ќе го фатите доколку одозгора мавнете со вашата дланка, патика, папуча и сл. врз него. При ваква ситуација бидете внимателни при подигнувањето на раката, или патиката. Ако тоа не го направите кибритполека, тогаш додека се обидувате да видите дали вашиот скакулец е фатен, тој може да ви отскокне и да избега.

Како да ги чувате ?

Кога веќе сте фатиле неколку скакулци, тогаш треба некако да ги чувате се додека не го ставите на јадица. Некои рибари тоа го практикуваат во ќибритчиња, мали пластични шишиња, додека други прават и посебни кутии за скаулци. При ова не кутија 2заборавајте да направите мали дупчиња во кутијата во која ги чувате скакулците за тие да бидат живи, ова особено треба да се направи доколку се спремате за риболов после неколку дена, во кои доколку скакулците ви умрат тие ќе се стврднат и ќе се кршат додека пробувате да ги ставите на јадица.

skakulci vo kutija

Вештачки скакулци

Доколку не сте многу вешт при фаќањето на скакулци и доколку немате од каде да купите, тогаш може да користите и вештачки скакулци кои ги има во многу форми. Генерално ги користат мушичарите кои прават мушица во вид на скакулец, како и воблерашите кои користат воблери во вид на скакулец.

skakulec musicaskakulec musica 1

Кои риби најдобро се ловат на скаулец ?

На скакулец најдобро се ловат пастрмките и кленовите кои никогаш нема да одолеат на скакулец кој паднал во нивна близина.

Каква спрема ни е потребна за риболов со скакулци ?

Скакулецот е дефинитивно мамка за површински риболов. Тоа значи дека треба да ловите на тој начин што на рибата ќе и симулирате паѓање на скакулецот во водата, без тој да пропаѓа (без олово). Можете да ловите “НА ПЕЦ“ т.е без олово, со подигнување на тапата, или перцето едно метро над мамецот и со зафрлување на места на кои сте ги лоцирале рибите, или претпоставувате дека ги има. На скакулец може да фаќате и со трска-мушичара, а може да фаќате и со васер-кугла. Во било која варијанта, битно е скакулецот да е на површината на водата, да го потегнувате конецот на начин што скакулецот ќе мрда и со вашите движења да симулирате паднат скакулец во водата кој со своето мрдање пробува да избега од водата. На тоа, рибата нема да одолее.

Каде да зафрлате?

Ако ги забележите кленовите, или пастрмките, а тие не ве забележат вас, тогаш сте блиску до улов. Доколку не сте ја забележале рибата, тогаш зафрлувајте онаму каде што претпоставувате дека ја има. Тоа кај реките најчесто се вировите и браните кои ја смируваат водата при брз водотек, местата на кои реката тече мирно, како и мирните места покрај копното на кое има израснато растенија, грмушки и треви кои се надвиснуваат над водата. На езерата исто така, рибата треба да се бара блиску до копното, каде што има треви и грмушки кои се надвиснуваат над водата, падати дрва, карпи и сл.

Прегледано 8062 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija