Како гледаат рибите?

Како гледаат рибите?

Познавањето на карактеристиките на рибата која намераваме да ја ловиме е од исклучителна важност за секој добар риболовец.

Во оваа насока, најуспешни рибари ќе бидат оние кои познаваат што погоем број на карактеристики на рибата, а секако дел од тие карактеристики, покрај оние основните на каква спрема, во кое време, на кое место и на каков мамец јаде рибата, се и самите поедини карактеристики на рибите.

Видот кај рибите е една од овие карактеристики кои пожено е да се познаваат.

Дел од поискусните рибари се сосема свесни за потребата да се знае која риба колку гледа, затоа што од овој податок доста често зависи и начинот на риболов, начинот на однесување покрај водата на која ловиме, каква боја облека ќе носиме, каква боја на мамец ќе поставиме и сл.

Рибното око има необичната градба и е така градено за рибата да може да гледа во вода. Ваквото гледање е многу поразлично од гледањето на копно и воздух. Водата ја прекршува и гуши светлоста многу повеќе од воздухот. Токму поради ова добриот вид и не е пресуден за рибите и повеќето риби се кратковиди. За разлика од очите кај луѓето и копнените животни кои генерално ја акомодираат и изоштруваат сликата на близина, рибното око тоа го прави на далечина. За активно подесување на далечината, силниот мускул на окото на рибата се повлекува наназад во насока на очната мрежница.

Различните видови риби имаат и различно развиено сетило за вид. За разлика од голем број на риби кои се препознатливи по добро развиениот орган за мирис и допир, постојат и голем број риби кои имаат добро развиен орган за вид. Тоа пред се се рибите грабливци кои имаат строго контролирани движења со очите и кои најчесто гледаат во иста паралела, водорамно. Видното поле на поголемиот број на риби е поприлично големо. Ако се земе во предвид и движењето на окото кај рибите, нивното видно поле достигнува и до 170 степени во хоризонтала и 150 степени во вертикала (рибари мислете му ја кога ќе се криете).

За разлика од рибите кои во приквечерието и ноќта не гледаат многу, или пак воопшто не гледаат ништо и на кои очите им се слабо развиени и мали, рибите кои живеат во површинските словеи имаат добро развиен орган за вид. Притоа, многубројните експерименти докажале дека рибите ги разликуваат и боите, но осет за боја имаат само оние риби кои се активна преку ден и најчесто ги разликуваат црвената и жолтата боја.

За разлика од овие риби, на пример рибите кои пливаат во длабочините на морето не ги разпознаваат боите.

Според видот рибите можат да се поделат во три групи:

Прва група на риби: Површински риби од горните и површински слоеви на водата кои гледаат најдалеку и кои распознаваат бои. Типичен преставник на оваа група на риби е пастрмката.

Втора група на риби: Риби-грабливци и риби од малку подлабоките слоеви на водата. Во оваа група на риби спаѓаат штуката, смуѓот, езерската пастрмка и некои други врсти на риби. Преставниците од оваа група добро го гледаат одблесокот на светлоста (воблерите и блинкерите) и движењето на предметите, а имаат стереоскопски вид во агол од околу 45 степени.

Трета група на риби: Риби кои најчесто живеат во длабочините и на дното на водата каде што е најмрачно. Типични преставници на оваа врста се крапот и сомот. Кај оваа група на риби видот е најслабо развиен и тие најмалку го користат. Кај оваа група на риби, за сметка на сетилото за вид, особено се развиени другите сетила, како што е сетилото за мирис и допир, кои тие најчесто го користат.
Познавањето на ваквите податоци е од особено значење, затоа што тие ни објаснуваат зошто пастрмката не се лови на дно, или пак зошто крапот и сомот не се ловат на мушица или блинкер.

Воедно ваквите информации се особено битни за правилно движење на риболовецот, секако доколку сакаме да останеме незабележани. Со глед на тоа што светлоста се крши проаѓајќи од поретка во погуста средина на водата, рибата пред се ќе го забележи риболовецот кој стои, одколку оној кој седи. Сепак, за која и да е врста на риба, една од основните препораки за секој риболовец е при риболов да биде што помалку воочлив, да не носи дречлива облека и да биде што поскриен во околината на местото каде што лови.

Прегледано 5720 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija