МЗШВ почна со порибување на риболовните води во земјава кои во моментов немаат концесионер

МЗШВ почна со порибување на риболовните води во земјава кои во моментов немаат концесионер

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство почна со порибување на риболовните води во земјава, кои во моментов немаат концесионер. 

Обезбедените количини се наменети за порибување со пастрмка на Акумулацијата “Глобочица“, риболовните ревири “Црн Дрим 2“, “Охридски слив“, “Треска 1 – Кичевски регион“ и “Црна река 1 – Демирхисарски регион“. А со крап ќе бидат порибени Акумулациите “Глобочица“ и “Ратево“.

Инаку, постапката за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на овие риболовни води е во тек и се очекува да биде финализирана до крајот на месец септември. Со доделувањето на рибите на концесија за организирање рекреативен риболов, обврската за порибување како и физичката заштита на рибите во риболовните води ќе бидат обврска на идниот концесионер.
Покрај риболовните води без концесионер, МЗШВ во годинешната Програма за финансиска поддршка, има предвидено мерки и обезбедено средства за порибување на риболовните подрачја Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, како и за риболовната зона Акумулација Шпилје. За сите овие се издвоени 7.7 милиони денари. Во таа насока, утре покрај во водите без концесионер, ќе се изврши порибувањето и на акумулацијата Шпиље со подмладок од пастрмка, како обврска на МЗШВ за порибување на риболовните зони.

Прегледано 3382 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija