Фатени 28 рибокрадци кај рекреативната зона "Акумулација Козјак"

Фатени 28 рибокрадци кај рекреативната зона "Акумулација Козјак"

Како што информираа од ДИЗ на 13 и 14 мај извршен е вонреден инспекциски надзор на риболовниот ревир „Треска 2” (потег околу вливот на Беличка река во река Треска) и рекреативната зона „Акумулација Козјак” (целокупната брегова линија). При надзорот на „Акумулација Козјак” користен е и пловен објект сопственост на ЈПУЗПП „Јасен”.

„Во вонредниот инспекциски надзор покрај овластени претставници на Државниот инспекторат за земјоделство(ДИЗ) свое учество имаа и овластени претставници на Македонската риболовна федерација(МРФ) и овластени преставници на ЈПУЗПП „Јасен” и истиот е извршен со взаемна соработка помеѓу овластените лица од погоре наведените субјекти.

Од вонредниот инспекциски надзор затеканти се вкупно 28 лица како вршат рекреативен риболов на клен и крап во време на забрана за лов и притоа истото го вршат без поседување на рекреативна дозвола издадена од концесионерот на рекреативната зона. Покрај тоа затекнати се и 9 рибарски мрежи со вкупна должина од повеќе од 500 метри.

Одземениот риболовен алат – мрежи и риби со Потврда за привремено одземени предмети се со место на чување во „Јасен”.Наведеното дело (незаконит риболов со недозволени риболовни средства – рибарски мрежи) е дело спротивно - казниво на член 229 од К.З на Р.М“, се вели во соопштенињето на ДИЗ.

Надзорите и контролите на рекреативната зона Акумулација Козјак и риболовниот ревир ТРЕСКА 2 од страна на Државниот инспекторат за земјоделство во соработка со овластените претставници на МРФ и ЈПУЗПП „Јасен” ќе продолжат во наредниот период, велат од ДИЗ.

Оттаму апелираат до сите риболовци во Македонија дека е неопходно да го почитуваат Законот за рибарство и аквакултура и подзаконските акти од истиот, како и да се придржуваат на забраните за риболов поради мрестот на рибите.

Прегледано 6386 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija