Што е тоа Легитимација?

Легитимација е пластифицирана картичка која ја издава Македонската Риболовна Федерација, најчесто со помош и посредство на риболовните здруженија кои ги прибираат и препраќаат информациите од риболовците до Македонската Риболовна Федерација. Најчесто оваа легитимација чини 400 денари и овие средства во најголем процент одат во Македонската Риболовна Федерација, а помал процент во буџетот на Р.М. Со оваа картичка се легитимира секој оној кој сака да биде поштен и законски риболовец и кој сака да извади дозвола за риболов. Легитимацијата е законска обврска и мора да ја поседува секој оној кој сака законски да риболови. Без поседување на легитимација со маркичка за тековната година, неможете да извадите дозвола никаде во Македонија. По исклучок одредени концесионери и неписмени рибочувари даваат дозвола и доколку немате легитимација, но со тоа Ве доведуваат и Вас во незаконска положба и самите прават незаконски дејствија. За истото може да одговараат и тие и вие, доколку на вода се појави Инспектор од Инспекторатот за земјоделие, шумарство и водостопансво.

 

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija