Забрани и казни во врска со рибарењето

stop

Во рамки на борбата со рибокрадството, но и со тенденција за стриктно почитување на правилата во риболовот и едукација на риболовците, добро е мало потсетување што све е ЗАБРАНЕТО и кои се КАЗНИТЕ за непочитување на истото според сегашните закони во Р.М

 

 

(ЗАБРАНИ)

Во риболовните води е забрането:

- стопанисување со рибите за кои нема изработено риболовна основа,

- стопанисување, доколку не е добиено одобрение на годишниот план,

- стопанисување, спротивно на риболовна основа и годишниот план,

- ловење риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој утврден во риболовната основа,

- ловење риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов,

- ловење риби под одредена големина и над дозволена количина утврдена во риболовната основа,

- ловење риби со разни видови мрежи без дозвола за стопански риболов, или со други риболовни средства забранети за вршење риболов, како и со огнено оружје, експлозиви или хемиски и други средства со кои се повредуваат, убиваат, трујат или зашеметуваат рибите,

- електрориболов,

- ловење на риби со насилно закачување на рибата со риболовен прибор

- ловење риби со ости, подводни пушки, непосредно со раце, трокуки, како и со мрежичка на трска, а за рекреативен риболов,

- загадување на риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми,

- ловење риби со преградување, исцрпување и пренасочување на риболовната вода,

- порибување со нови видови риби без претходна согласност на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,

- ловење риби во променет режим и квалитет на водите,

- ловење на ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води,

- ловење риба над предвиденото количество со риболовната основа, и годишниот план,

- движење или задржување во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства и

- движење или задржувањe на лица во непосредна близина на риболовните води со носење риболовен прибор, а не поседуваат дозвола за рекреативен риболов.

(КАЗНИ)

XIII ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 110

Глоба во износ од 2500 до 5000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:

Врши стопански риболов надвор од објектот Далјан – Струга (член 24 став 2);
Врши стопански риболов спротивно на риболовната оснoва, одобрениот годишен план и склучениот договор за концесија (член 25 став 2);
Не плаќа надоместок за стопански риболов и рекреативен риболов (членови 25 став 3 и 46 став 1);
Не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 31 став 1 и 47 став1);
Пловните објекти не се регистрирани и видливо обележани и рибарскиот алат не е пломбиран и евидентиран (член 38 став 1);
Издава легитимации со повисок надоместок од предвидениот (член 49 став 3);
Врши стопански риболов на води од подрачјата на националните паркови (член 59 став 2);
Врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член 61);
Лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1);
Врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1);
Врши промет на риба без соодветен документ како доказ за потекло на рибата (член 70 став 2);
Не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1);
Не издава придружни документи (член 73 став1);
Врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2);
Врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1);
Внесувa нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1);
Внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на Националните паркови (член 88 став 3);
Врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4);
Става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба наменет за порибување на риболовни води без одобрение (член 89);
Врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2);
Стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволената количина, ја загадува риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредени видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93);
Поседува, набавува или врши продажба на мрежи, а не е концесионер на риби (член 94, ставови 1, 2 и 3);
Врши риболов спротивно на ограничувањата (член 95) и
Врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1).

Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член.

На правното лице покрај глобата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност во траење од шест месеци до една година.

На одговорното лице во правното лице покрај глобата од ставот 2 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење професија или должност во траење од една до пет години од ставот 1 на овој член.

Член 111

Глоба во износ од 1250 до 2500 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:

Во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став 4 и 18 став 1);
Врши стопански риболов спротивно на членот 36 став 1 од овој закон;
Не ја врати легитимацијата до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во предвидениот рок (член 36 став 6);
Го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон;
Издава дозволи за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација за рекреативен риболов (член 50 став 3);
Издава дозволи за рекреативен риболов на риболовни води за кои нема концесија (член 52 став 4);
Не води и не доставува евиденција за бројот на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 52 став 5);
Врши мелиоративен и селективен риболов без одобрение (член 57 став 1);
Не плати надоместок во висина од 20% од уловената риба (член 57 став 5);
Врши риболов за научно-истражувачки цели без одобрение (член 58 став 1);
Не поднесе извештај за извршениот риболов (член 58 став 6);
Одгледува риби кои не се впишани во изводот и дозволата (членови 62 став 4 и 67);
Изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место (член 66 став 1);
Не го обележи појасот околу кафезот (член 68 став 2);
Става риба во промет која не исполнува услови по однос на квалитет, големина и тежина (член 70 став 3);
Нема издадено легитимација за рибочувар (член 86 став 3);
Не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 8);
Внесува одобрени нови видови риби без соодветен документ (член 88 став 2);
Врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2);
Врши порибување без соодветен документ и без присуство на надлежни органи (член 104 ставови 1 и 2);
Формира матично јато без одобрение (член 105 став 4) и
Не издава документ како доказ за потекло на порибителен материјал (член 106 став 7).

Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска против вредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член.

Член 111- а

Глоба во износ од 500 евра во денарска противредност ќе му се изрече на одговорното лице во првното лице за прекршок на самото место, ако:

Во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став 4 и 18 став 1);
Не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 31 став 1 и 47 став 1);
Го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон;
Издава дозвола за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација (член 50 став 4);
Не води и не доставува евиденција за број на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 50 став 7).
Не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4);
Става риба во промет која не исполнува услови по однос на квалитетот, големината и тежината (член 70 став 3);
Не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1);
Става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба без одобрение (член 89) и
Врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2).

Член 111 – б

Глоба во износ од 800 до 1200 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:

Не плаќа надоместок во предвидениот рок утврден во договорот за концесија (член 31 став 1);
Не води евиденција и не доставува податоци во предвидениот рок (член 33 ставови 1 и 3) ;
Не определи и видливо обележи места на кои ќе се издаваат дозволите (член 52 став 6);
Издава дозволи за рекреативен риболов надвор од обележаните места (член 52 став 7);
Организира натпревари во спортски риболов на патеки кои не се определени од концесионериот и спротивно на правилата (член 54 ставови 2 и 3);
Издава дозволи на лица под 15 години (член 55 став 1);
Не поднесе извештај за извршениот риболов во рокот утврден во одобрението (член 57 став 4);
Не води и доставува евиденција во предвидениот рок (член 66 став 2);
Го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 ставови 2 и 3);
Не врши заштита на рибите (член 86 став 2) и
Не ги извршува работите и не доставува извештај за извршувањето на работите во предвидениот рок (член 82 став 2).

Член 112

Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако:

Врши стопански риболов, а не поседува легитимација за стопански риболов (член 36 став 1);
Врши стопански риболов спротивно на членот 37 од овој закон;
Врши рекреативен и спортски риболов заради стекнување на приходи (член 48);
Врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член 61);
Лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1);
Лови риба без одобрение на сопственикот (член 69);
Врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1);
Врши промет на риба без соодветен документ како доказ за потекло на рибата (член 70 став 2)
Не издава придружни документи (член 73 став1) ;
Врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2);
Врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1);
Внесувa нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1);
Внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на Националните паркови (член 88 став 3);
Врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4);
Става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба наменет за порибување на риболовни води без одобрение (член 89);
Врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2);
Стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволена количина, ја загадува на риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредени видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93);
Поседува, набавува или врши продажба на мрежи, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риби (член 94, ставови 1, 2 и 3);
Врши риболов спротивно ограничувањата од членот 95 на овој закон;
Одбие да се легитимира и да покаже дозвола пред овластените органи (членови 87 став 1 и 109) и
Врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1).

Член 113

Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако:

Не ја врати легитимацијата по престанување на работниот однос (член 36 став 6);
Врши рекреативен риболов надвор од риболовните ревири и определени рекреативни зони (член 40 став 1) ;
Врши рекреативен риболов без легитимација и дозвола (членови 49 став 1 и 50 став 1);

Врши рекреативен риболов, а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5);
Не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5);

Врши рекреативен и спортски риболов вон определените рекреативни зони на водите од подрачјата на Националните паркови (член 59 став 3);
Одгледува риби кои не се впишани во изводот и дозволата (членови 62 став 4 и 67);
Изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место (член 66 став 1);
Не води и доставува евиденција (член 66 став 2);
Не го обележи појасот околу кафезот (член 68 став 2);
Става риба во промет која не исполнува услови по квалитет, големина и тежина (член 70 став 3);
Се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболов (член 93) и
Не издава соодветен документ како доказ за потекло (член 106 став 7).

Член 113 - а

Глоба во износ од 100 евра во денарска противредност ќе му се изрече на самото место за прекршок на физичко лице, ако:

Врши рекреативен риболов а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5);
Не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5);
Изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место и не води евиденција (член 66 ставови 1 и 2) и
Се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболов (член 93).

Член 113 - б

Глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице лице, ако:

Не носи легитимација за стопански риболов (член 36 став 4);
Не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4);
Не ја доставува евиденцијата во предвидениот рок (член 66 став 3);
Го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 ставови 2 и 3);
Не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 8) и
Врши рекреативен риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2).

Член 114

(Одземање на улов, риболовни средства и опрема)

За сторените прекршоци од членовите 110, 111, 112 и 113 од овој закон покрај глобата, ќе се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на уловот, рибата и порибителниот материјал пуштени во промет, како и материјалната корист остварена со незаконски риболов, риболовните средства и опремата со кои е сторен прекршокот.

Член 115

(прекршочна постапка и постапка за порамнување)

Прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон ќе се води пред надлежен суд,

Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, за прекршоците од членовите 110, 111, 112 и 113 на овој закон државниот инспектор за земјоделство спроведува постапка на порамнување согласно со членот 29 од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.

 

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija