Пегавите убавици од Маврово

Пегавите убавици од Маврово

Како прво да напоменам,килажите и должината на рибите е веродостојна, со доказ! Бидна договор со Копмир и му ја спраштивме накај Мавровско. Сабајлечка процедура вадење карти и правец на прва локација, Црн Камен. Водата до максимална квота качена.

Пофрлавме малце, активност на риба слаба и втора дестинација Леуновска брана..
Е тука почнува приказната...Прво фрлање, баааммм..кога ја видов нозе ми се стресоа..Компииир,доаѓај со кепчето, голема е! Гз преку глава Компир како див прч по камењата дотрча, ја зафати со кепчето, одвај ја нацрпи од што беше големка и ја извадив мојата прва пегава и најголема во риболовнава кариера убавица, нејзиното височество Пастрмката, 5.300 кг, 74 см долга

Нозе од возбуда ми се тресеа уште саат време после тоа, одвај ја ставивме во чуварка од што беше жилава и силна.
Ова е нејзино дело, го скрши воблерот...

Kако што одминуваше денот, се насобраа риболовци на брана, се распавтаа сите, рибата ја снема и рикверц назад на црн камен...пофрлавме таму малце,ветер корнеше и пак рикверц на брана. На брана празно, сите си разотишле, само јас и Компир доле...Фрламе, менуваме воблери, кашики кога на Компир до пред нозе пастрмка му го пратеше воблерот и на метар од него се откажа и рикверц назад...Компир фрчи како феферонце, пцуе. После некое време и на мене иста приказна, го пратеше до сам крај и ми сврте опашка буквално пред нос. Pродолживме, пафтаме, фрламе, префрламе, менуваме стратегии кога кај мене пак бааамм, уште едн торпедо. Мкне како луда, јас пак...Компииирррр трчај навака! Се испотепа по тоа камењата кутриот за да стигне побргу со кепчето...и после убава борба, овој пат компир снимаше за разлика од првиот пат кога бевме збунети и испаничени двајцата, излезе втората пегава убавица, 2.200 кг.

Адреналин до максимум, се тресам..Ова сега се случува и можеби никогаш реприза ке нема. Поголеми пегави во живот немам фатени, риба живота!
На крај малце околу техничкиот дел...извадени на плетеница без предвез суфикс 832 10 лб, едната на воблер дам натурале, втората на македонска направија од сашо фишермен и трска беркли скелетор :D
За крај фотосесија со двете

Ви посакувам да ја почувствувате на трска барем еднаш,доживувањето е неопишиво :D
Толку од мене, бистро на сите.

П.С. Компир откако ке го стави видеото во коментар, ги замолувам админите да го вметнат во репортажава.

Прегледано 23033 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija