www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 26, 2024 7:51 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2018 9:44 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONЧет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON37
Здраво на сите,

Може да споделите некој совет ко за рибар почетник? До сега сум бил неколку пати само да ловам риби и ми се виде интересно и сакам да продолжам ама бидејки не се движам во рибарски кругови и немам другари/пријатели рибари кој што може нека советува. Извадив дозвола, легитимација и се тоа што треба тракатанци за да сум легален и сега ке ги дупнам. :lollol:

Од опрема сега за сега имам 2 трски, една 3 метра и другата мислам дека е 5,5 метри. 2 орши нормално, на помалата имам една никаква од 500 денари а поголемата имам добра (барем така ми кажаа во продавницата од кај што ја купив), не знам што модел е точно ама со одлед на тоа дека трска и орша ме коштаа некаде околу 100 евра треба да е добра.

Имам 3 вида на влакна различни (не знам која дебелина се стварно не се секјавам ама се за бири од 3 па до 4,5 килограми, барем така пишува на него), 12-14-16 јадици и 10-тина тапи купив мислам дека се 1 грам и некоја од пола грам, различни форми и димензии. И оловца купив од пола грам, 0.35 грама и 0.15 грама (за штелување)

До сега сум бил по риби на велешко езеро и сум ловел со бели црви а еднаш и на француско лепче и овака ко за почеток ок е, некаде по 1 кг. риба фаќам горе доле. Јес да се претжно такви амерички сомови ама искрено сега за сега не ми е битно тоа, дури и ништо да не фатам ок е, ме реалксира и тоа ми е доволно. Мада и за воља на вистината само еднаш однесов риби дома, обично на крај на денот ги пуштам.

Епа мислам дека до крај ви ја раскажав мојата кратка рибарска кариера, па сега кој што има совет и ум да ми даде бујрум.

п.с. одам стиркно на езеро да ловам, по вардари и реки сега за сега не, а и ко што читав реално за такви места треба и искуство кое што јас го немам.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2018 9:53 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Благој како за почеток би те советувал да го проанализираш форумов затоа што е цела енциклопедија. Ќе видиш дека има повеќе раздели за повеќе типови на риби. Од старт треба да знаеш дека за 5 дена нема да можеш цел да го поминеш (може за 5 месеци ако читаш 24/7 :D )...ама не ти ни треба тебе навлегувања во раздели и теми кои не ти се познати ни од далеку. Добро е да ги прочиташ темите за опрема, мамци, тактики и сл.за езерскиот риболов затоа што како што пиша таму си почнал и таму веќе имаш нешто од нешто осет што се случува. Понатаму се што ќе прочиташ тука ќе може да си пробаш во пракса затоа што праксата е најдобриот учител. Секако од голема помош на терен ќе ти биде и искуството на другите рибари, така што не се срами да прашаш кога ќе си на езеро, посебно кога ќе видиш дека други вадат, а ти не, појди до кај нив, види што прават и прашај, кажи дека си почетник, верувам дека најголем дел ќе бидат расположени да ти помогнат. Што е до формалниот дел, на форумов имаш за се и сешто, само стрпливо и читај секогаш кога ќе имаш послободно време


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2018 12:04 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONЧет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON37
читам читам, и тоа поголем дел од денот. али ете од твојот одговор ова е добар совет "темите за опрема, мамци, тактики и сл.за езерскиот риболов" да се читаат, на такви совети мислев, да не губам време со мушичарање ко на пр. :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2018 6:43 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Aпр 12, 2012 3:42 pm
МислењаCOLON605
Па да ти кажам читање за мушичарење стварно е губење време :D
Шала на страна и јас бев почетник,ги имав основите,но немав како да напредувам и од кој да научам додека не го открив форумот.Тука за се можеш да научиш и има многу добри дечки штш сакаат да помогнат

_________________
Carp fishing...i love it !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2018 11:29 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Поздрав Млад колега

Се е убаво што пишуваш и сакаш да станеш РИБОЛОВЕЦ. Многу убава одлука но . . .

Мој совет ти е, како прво, на патот по кој си почнал да го одиш земеш и прочиташ што повеќе за ВИДОВИТЕ на риби. Каде ЖИВВЕАТ и се ДВИЖАТ. Со што и кога се ХРАНАТ. За РАЗМНОЖУВАЊЕТО. . . Со еден збор да се запознаеш со НАВИКИТЕ на секој вид на риба посебно. Од тука ќе произлезе одлуката кој вид на риба ќе го ловиш и каде. Опрема која ќе набавиш. Мамци кои ќе користиш . . .
Со тек на време и зголемување на искуството ќе менуваш техники на риболов и опрема. И по долг период ќе се ориентираш на риболов на вид на риба која најмногу те исполнува.


Но една работа е најважна за да станеш риболовец. ТРЕБА ДА ОДИШ ШТО ПОВЕЌЕ НА РИБОЛОВ. НА ВОДА.


БИСТРО


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2018 7:49 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONЧет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON37
Ете Bobi_Brada уште еден добар совет. Инаку одам скоро секој ден, секој слободен момент гледам да отидам. Викендов живци искинав со времево, али пак, во Саботата отидов. Дуваше ветер, врнеше ама овака или онака 6 риби упецав. Нормално ги пуштив, шо да им правам. Сега само што пцуев пак пред 5 минути, јули месец ко зимо да е, а у моментот гледав ров и риболов, си пецаат а ја дома седам под ова облациве и ги гледам. :) Али морам да кажам од тоа америчките сомови не може глава да се дигне, кој ги пуштил, многу "паметен" човек.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 09, 2018 3:52 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONЧет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON37
Дали има разлика некоја што тапите се во различна форма или тежината само е битна? на пр. имам 1 грам тапи како оваа https://ibb.co/e5t4NT и оваа https://ibb.co/fLMKp8 и на двете се иста тежина ама различна форма? Дали формата игра некоја улога или само за вкусови станува збор?

п.с. ја се извинувам ако се глупи прашањава ама никаде не можев да најдам објаснување.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 09, 2018 7:41 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Јан 18, 2011 11:04 am
МислењаCOLON720
ЛокацијаCOLONSkopje
Prvata tapa to e ezerska a vtorata recna.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 10, 2018 6:50 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONЧет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON37
Aha, jasno. I uste edna dilema imam okolu tapive, znam deka ima razni tapi so razlicna tezina, 1 gram, 2 grama itn... za sto sluzi tezinata? Na pr. svativ deka sto e poteska tapata mozes povekje olovo da i stavis i so samoto toa podaleku za frlas, ali za sto drugo igra uloga goleminata? Na pr. dali polesni tapi se koristat ako sakas da fakjas po mali ribi bidejki se po osetlivi, ili obratno.... itn....?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 10, 2018 10:38 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Од формата на ТАПАТА највеќе зависи нејзината стабилност на БРАНОВИ и ВЕТЕР


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum