www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 12:36 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 15, 2010 4:30 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
После цел месец принудна пауза,време беше за бањање на мамците ;) Убавото време не подлажа,не оти ако беше лошо ќе се предомислевме :mrgreen: па така по договор со една јака банда се упативме кон Струма.
Таму беше планот да се собереме дипломати од цел Балкан и да не бистриме политика туку да мериме јачина на домашни течни продукти :D .Од Струмица тргнавме јас и Мики,од Софија-моите другари Емо и Иво,од Сандански-Румен и брат му.
Ние не можевме да тргнеме петокот од рано,па таму бевме накај 2-3 поручек.
Веднаш налетавме на полна трпеза и започнавме со тоа за што бевме дојдени :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen: За симпозиумот бргу се расчу по Балканот,така да веќе наредниот ден започнаа да се најавуваат и пристигнуваат и други дипломати.Прво пристигна претставникот на Грција-мојот стар пријател Саки,кој дојде со домашна мастика Ципура и два типа на домашно вино.
После него пристигнаа Јавор и Велизар-кои долетаа од некое езеро каде што им станало досадно,па правец кај нас :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen: Се поставија три маси ,кои за момент беа сардисани од секакви јадења и пиења.Сепак се полови и малку риба :D :D во периодите кога не бевме на маса :mrgreen: :mrgreen: Еве некоја слика,колку што даваше времето да се фотографира :mrgreen: оти знаете како е на симпозиум,распоредот е бајаги згуснат.Се е под протокол :mrgreen: :mrgreen:
Уште да кажам неколку збора околу риболовот. 8-) 8-)
Погодивме едно батал место,од каде што влегуваа и излегуваа грчки чамци така да немаше многу спокојство за риболов.Заради тоа имавме ретки удари но убави риби.
Форсиравме на жив мамец и на Чаирски црв,па успеавме да излажеме по некоја штука и сомче.И вистинско пријатно изненадување беа два лаврака морски ;) од 2.600 кг и 2.300 кг.и стандардните штуки од кило до три кила.
Ајде со сликите по ред ;)
[ img ]
Навечер досадуваа вакви сомчиња,за кои да кажам однапред бевме договорени ако ги има-да ги дадеме на пријателот од Сандански за да пориби едно езерце таму.Па беше земал едно огромно буре за таа работа.
[ img ]
Фативме седум -осум парчиња од кило до четири кила и сите завршија во големото буре ;)
Еве го пријатното изненадување :shock:
[ img ]
Лаврак 2.600 кг.
Иво проба на воблери ;)
[ img ]
А исто така пробаа и заедно со Саки на бучка.Имаа страшен удар но се откачи.
Возила од цел Балкан ;)
[ img ]
Бугарскиот дипломат задужен за тавата :arrow:
[ img ]
Грчкиот дипломат задолжен за Македонската ракија-која тука немаше скратеница ФИРОМ :D
[ img ]
И главната дебата :arrow:
[ img ]
Дебатата ја прекинуваа поединечните удари :arrow:
[ img ]
Мики во акција денски ;)
[ img ]
И уште некоја слика со рибите,кога ке дојдам до други слики од другите апарати,ќе ги поставам ;)
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
И за крај ,собирање на сето ѓубриште,шишиња,кесиња... успешно завршен симпозиум :mrgreen: и правец дома.


Последна промена од 1 на Poliz, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 15, 2010 5:11 pm 
Отсутен
Молчалив

РегистриранCOLONПон Ное 15, 2010 5:06 pm
МислењаCOLON2
Браво друже


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 15, 2010 6:10 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Никола за нов преговарач за името ! :D
Веднаш да ти кажеме дека, ние останатите иако не бевме на симпозиумот, овдека на форумот за цело време стискавме палци за Вас нашите претставници таму. Одличен провод, следниот пат сабјарка очекуваме


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 15, 2010 8:11 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Никола како тргнал, ќе ископа од негде и ќе донесе ајкула од Струма :)

Одличен симпозиум, се гледа дека името било одбрането :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 15, 2010 8:47 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 16, 2010 1:45 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 1:02 am
МислењаCOLON226
ЛокацијаCOLONSTRUMICA
Samo pofalni zborovi!
Em DIPLOMATIAJA em Sport svaka cast !
Ti si samo za minister za nadvoresni raboti preporaka od mene!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 16, 2010 4:43 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONПон Ное 01, 2010 6:28 pm
МислењаCOLON99
ih bre skolski breee!
nogo dobra rabota dzuze,a i mozam da predpostavam kolko see izdelo i ispijalo


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 16, 2010 9:09 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 9:32 am
МислењаCOLON193
ЛокацијаCOLONгр.София
Браво на групата.Добре сте се представили. :P А тия познати муцуни,па са извадили късмет,да ги заведеш да хванат добри рибоци.

_________________
Не е важно колко си живял.А как си живял!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 06, 2011 10:31 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
jupi НапишиCOLON
ih bre skolski breee!
nogo dobra rabota dzuze,a i mozam da predpostavam kolko see izdelo i ispijalo
Нешто ме фаќа мерак,за некоо слична шема ;) ;) а Сок ;) време е веќе....


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Струма - ноември 2010
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 11, 2011 1:39 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 9:32 am
МислењаCOLON193
ЛокацијаCOLONгр.София
Poliz НапишиCOLON
jupi НапишиCOLON
ih bre skolski breee!
nogo dobra rabota dzuze,a i mozam da predpostavam kolko see izdelo i ispijalo
Нешто ме фаќа мерак,за некоо слична шема ;) ;) а Сок ;) време е веќе....
:shock:аре чекаме репортаж........

_________________
Не е важно колко си живял.А как си живял!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum