На едно од промашените идења до Грчка на уливот на Струма забележав поприлично едноставен и прост начин за фаќање на ракови, ваљда краби не ги распознавам. Ќе ги искористам сликите на Тафта за темава.
Од она што го видов, двајца грци како од Мапетшоу извадени, доста стари, си ги таманеа раковиве како од шала. Системот беше прост, на јајчарски конец врзана мртва риба и ја фрла пред него на 15 метри, го држи конецот на рака и полека го влече накај себе, ракот се закачува на рибата, рибарот влече пополека се додека не го донесе пред себе каде веќе има железно просто кепче ставено на песокот со кој го црпнува ракот. Има мала заебанција да го истресеш после ракот во кофа затоа што се плетка со канџите во кепот ама и тоа се решава.
Сакав да прашам дали има некој искуство со ловење на овие ракови, како иде нивно чистење, дали се вкусни за јадење....