www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 10, 2024 6:32 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 02, 2016 10:33 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Ете како што ветив. Зимата е пред нас. Отворени за полемики , сугестии и се што е потребно да создадеме поуспешна крапска натпреварувачка приказна. За да има расправа (се надевам објективна и без лични етикетирања и критицизам) ќе понудам основен текст на последните научни истражувања и светски прифатени, според структурата на истите. Битни се факторите
Да се повторам.
Критериум е успехот во спортот (во овој случај крапскиот натпреварувачки риболов, на сите нивоа, од домашни (скромни сознанија) до светски купови и првенства). За нас конкретно најбитно од се е нашиот статус во однос на настапите на СП. Ќе направиме обид да представиме ШТО ДО СЕГА СМЕ ПОСТИГНАЛЕ, но со конкретни показатели за причините и последиците од секој настап. Тоа е неопходно за стекнување реална слика на нивото на кое се наоѓаме. Можеби, дел ќе биде оптоварено и со субјективизам, но мислам битно е да стекнеме реална слика за причините на постигнатите резултати во овој период. Тоа нека биде дури и глобално и ипмровизантно. Не е толку и влијателно. Битно е реално да се оценат и издвијат факторите на постигнатите успеси на најуспешните.
Науката вика: СОЗДАЈ УСЛОВИ И ПРЕДУСЛОВИ ЗА УСПЕХ
БАЗИЧНО=
1Создај што поповолни материјални услови од аспект на опрема, реквизити, услови за натпревар, материјални услови за троѓоци за меѓународни натпреварувања.
2. Сергеј
3. Што повеќе квалитетни, искусни натпреварувачи со сите потребни карактеристики за меѓународни настапи
4. Време е да падне во вода анатемата на неуспешност, катастрофални резултати. Неопходен е релативен успех на СП.
5. Време е да се побара и повеќе од државата за да бидеме поуспешни, а ние ќе ги израдуваме.
Ова е базично.
За специфичното има и постручни од мене (барем според Форумот)
Тука спаѓаат сите ситуациони фактири кои влијаат на успехот, а се специфика за крапскиот натпреварувачки риболов. Ова е тесен простор за таква анализа, но во глобала е она за што си ги мериме, (миксови, хемии, опрема, тактики, техники, позиции, читања, маркирања, прихранувања, позиции, временски прилики ......)
За сега толку, се зависи од интересот и реалната полемика и дискусии. За доброто на крапскиот натпреварувачки риболов. Бистро.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 02, 2016 11:07 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
A od kade iskusni natprevaruvaci????

i koi se za tebe iskusni natprevaruvaci???-onie sto bile na nekolku svetski i imaat slab rezultat???,nebile nikade na drugo mesto???

Iskusni natprevaruvaci ke imame ako kako porano se ide non stop na kupovi i vo drzavava i nadvor.
godinava vo MK imase 4 kupa..NA kolku bea iskusnite natprevaruvaci i sto napravija??? za nadvor da nepravime muabet

do nekade si vo pravo,ama i za mixevite,taktikite i ostanatoto pak treba vodi i vreme,reper nee poribena taze voda kade krapot zima sve i sesto

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 02, 2016 11:34 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Od kade iskusni natprevaruvaci ? PA toa e poentata be Jane .........da se napravat takvi .........

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 02, 2016 11:38 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Баш си петел. Абе и тебе некој те учеше, не се роди со параболикот у рака.
Не се мисли буквално и ситуационо, во моментов, туку развојно и на подолг период.
Која пак суета си ти батка. Абе прибери се малку, има и постари и поискусни од тебе и со поголем домашен и меѓународен кредибилитет. Што ти е целта???
Еве јас у старт се откажувам од целата идеа. Ете во право си иако не си и? Сеа задоволен си? И јасно ти е што правиш цело време на форумов?
Бог да чува.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 02, 2016 11:42 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
marks НапишиCOLON
Баш си петел. Абе и тебе некој те учеше, не се роди со параболикот у рака.
Не се мусли буквално и ситуационо, во моментов, туку развојно и на подолг период.
Која пак суета си ти батка. Абе прибери се малку, има и постари и поискусни од тебе и со поголем домашен и меѓународен кредибилитет. Што ти е целта???
Еве јас у старт се откажувам од целата идеа. Ете во право си иако не си и? Сеа задоволен си? И јасно ти е што правиш цело време на форумов?
Бог да чува.
Ne go karaj Jane , ne e los covek :D Jane is good :shake_hand: Samo malku e lut sam na sebe ... ja imase svojata sansa ama ete kockite taka mu se naredija i ne ja iskoristi .....jbg

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2016 1:41 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
na podolg period,pa ova go bamborime bar 3 godini od ligata 2013 godina.
uste kolku da go bamborime????

jas nesum sueta samo sum realen,a sto pravam???

gi teram site na krut nacin da razmislat kade treba da se odi,nisto drugo nepraam
so filozofiranje,tapkanje po ramo,uzvlekuvanje napred ne se odi.

samo so rabota i toa mnogu

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2016 8:50 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Џабе човек се труди да покрене, да направи нешто. Сите теми се ..... :hit_head:
Се мислеше на тоа дека не е се така црно.
Пари за Репка колку толку има, многу повеќе од порано
Сергеј е добар Капитен
Традицијата е повеќе негативна отколку позитивна, но мора да се зачекори во поуспешен период
Нашето (крапско) место во спортовите во МК и не е за отфрлање, ако се земе состојбата во другите спортови
Останува еден од клучните фактори-натпреварувачи.
Проблемот е во расштелуваните односи (стара болка), посветеноста, индивидуалниот приод кон натпреварите и секако огромната суета, често нереална и надвор од потребното за добри меѓучовечки односи. Со еден збор, проблемот е во нас.
Наместо да негуваме и се усовршуваме ние се откажуваме. Зошто? Пак заради некои од нас. На сите ни е јасно дека се тенчи потенцијалот. Се откажуваат Кременадла, Крки, Ицо, Даниел, Арнаудови (особено загуба е Дарко), ... Откажани се Јане, Оливер, Спаива, Тафта....Нови дечки се помалку, а одамна се пензионирани волците како Смилчевски, Оливер, Мечо, Кокан, Тото ....Минатата лига ги немаше и Предраг и Васко и мене и ....И кои останаа?
Останаа Кајсторовски со 120 години у гзот, Милчо, Жиле, Пепи и Мики, Велијан, Марјан, Флоре и Ристето??? и ...????
Најголем проблем се натпреварувачите (по мене). Наместо да работиме на вклучување на што повеќе млади (ете Келтан има потенцијлна успешна екипа во децата), ние времето го користиме за тепање по постојниве, мерење ....,
Мислам дека МРФ мора да излезе од т.н. илегала и да комуницира повеќе со соопштенија и информации.
Мислам дека за потенцијалните натпреварувачи од големо значење е да се знае што се размислува таму во Натпреварувачка. И мислам дека најкоректно ќе биде тие критериуми, норми и други услови да се реализираат ПРЕД самата лига, таму напролет. Така раат да се испецка лигата со оние кои ќе ги исполнат побаруваните норми.
Репрезентацијата е друга приказна. Колку и да сме аматери и со обврски, потребни се средби, потребен е трениг, проверка на опрема и сл.
Мислам дека премногу мислам, дека цело време се повторуваме, ама тоа е тоа. Се е во нас.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2016 9:09 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Дуки секоја чест на твоет начин да помогнеш во СЕ, само сетисе кога пред неколку гоини пробувавме да ги поставиме и исчистиме сите недостатоци од тогачните правилници, начини на натпревари како бевме свесни низ какво минсо поле ќе поминеме, како смо ќе не чекаат на нишан да не критикуваат, како кога сакаш нешто да помогнеш ќе ти извадат афера како си се офајдил од тоа, како си купил нова опрема со туѓи пари, како си заработил од набавка на олова или боили за репрезентација,.....
Цела среќа што Сергеј, Дуки ,.....знаат низ што поминуваат и НЕТРЕБА да се откажат од придонесот за унапредување на крапскиот натпреварувачки риболов во Македонија.
Сергеј има кредибилитет и имал во минатото кога ќе даде некој коментар на форумов за неуспех на репрезентацијата и секогаш сум го читал со посветеност, за разлика на неколкумина кој имаат сосема друг правец со критиките.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2016 10:12 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Професоре, јас не сум откажан. НО, ја немам желбата како порано и барам начин како да ја вратам назад.
Да бидам искрен, тешко ми оди.

Може веќе патетично звучи, но се добро и позитивно што пробав да направам за крапскиот риболов (скромно лично јас, преку Рибар 2011) ми
се врати како бумеранг.

Па лани еден куп што организиравме на Мавровица (уште непочнат), каде се собравме 24 екипи, каде пробавме да кренеме атмосфера (и покрај сите негативности)...кој стигна се посра на тој труд.
Абе кој стигна се исра мушки!

Кај да отидев во било кој бокс...абе секој за секого - ЛОМ!

Добро ги познавам 95% од луѓето и одговорно тврдам - никој не е цвеќе за мирисање.

Старата болка што ја посочуваш, се пренесе и кај младите...и да , точно е!
Најголем проблем се меѓучовечките односи.

Зошто е тоа така, знам само за мене лично!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2016 12:55 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
На секој времето ќе му помине. Битно е кога ќе се заврти, да види што оставил зад себе, што ќе види.
Оние кои оставија трага и оние кои се трудат нешто да направат, постојано се на ветрометина. Не да се помага, туку напротив. Многу ми е криво што не успеавме да се ослободиме од раните, вирусите и другите анатемисани човечки болести.
Не е едноставно. Некој својот живот го обоил со крапски натпревари и многу му значи да бидеме ОК.
Знам само едно. Ќе си дадам шанса само уште еднаш, една сезона. Ако нешто не се смени, затварам дуќан и се селам во поречјето. Есенва ќе си купам стапчиња, машинки, конци и со Диме и Тафта и секој друг заинтересиран ќе ги мрзнам ма...ата на Треска. И далеку и zigovi-rigovi и се друго ќе си пробам. Сакам да видам дали можам. Ако не ме бива, бар ќе ги бодрам посилните, помладите. Премногу е убава приказнава за да прекине. Кој како ја сфаќа и разбира.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum