Далеку подобар е вториот крак од првиот, барем по мое искуство. Бев 1 недела во Парадисос, 1 км пред Неос Мармарас. Од тоа што можев да видам, можам само следното да го кажам. Риболов рано наутро или приквечерина. Пекне ли сонце, собирај се и оди некаде на пиво. Не се мачи.
- Метаморфози, систем еж, корка леб и еден куп јадички, фрлај и чекај да се свитка трската. Земи си и пиво додека чекаш да се свитка трската.
- Парадисос триподот пред тебе, олово и вежбај кастинг за на светско во Франција. Колку подалеку, толку подобро. Само пази на пајак рибата, оти ќе ти преседне одморот. Имај до себе нешто метално и запалка, ако немаш лип грип или клешта некоја. Загревај металот и ставај кај убодот, отровот е термо лабилен. Пивото важи и за овде.
- Неос Мармарас, доковите и ваглери или клизачи тапи. Препорака моја, потешки ваглери. Првиот док штом влезеш, оди до крај кај чешмичето, овде се позиционирај и мавај. Експериментирај со далечини и длабочини. Земи си и светлечи ампули, може и ноќно ловење овде.
Околу риболовни продавници, Captain Hook во Никити, не очекувај нешто многу од опрема и прибор.
Многу луѓе се жалеа во Мармарас дека немало да се купи ништо, јас најдов две продавници за опрема и мамци. Едната е во склоп на бензинската кога се враќаш од Масутис према Мармарас, ама не влегуваш во Мармарас на првиот влез туку одиш кон следниот. На 200 метри од десна страна првата бензинска пумпа што ќе ја видиш, на таа. Или ако излегуваш од Мармарас од кај стадионот према Масутис, не вртиш десно према Масутис туку лево. Има наредено еден куп стапови и машинки за риболов. Има и по нешто од ситен прибор, јадички, тапи, олова и имаш и светлечки ампули. За мамци прашајте, им стојат позди бензинска во фрижидер. Од 3 евра па нагоре одат мамците.
Втората е сместена во Петшоп. Си пишува Петшоп, ама не и риболовни потребштини. Далеку поснабдена од бензинската и Captain Hook во Никити. Се наоѓа така што кога шетате покрај кејот се качувате кон црквичето, се спуштате и продолжувате кон следната узбрдица / угорнина. Кога ќе се искачите на следната угорнина, на спуштањето од истата, при самиот крај гледајте на лева страна и ќе видите табла / знак Петшоп. Заборавив како се вика. За жал јас ја најдов вечерта пред да си одам. Дечките овде зборуваат и српски, така да немате никаков проблем. Само кажете им што сакате да ловите од риби и ќе ви понудат готовои системи за риболов и мамци за истите. Готовите системи се 1,5 Еуро па нагоре. Мамците од 3 па нагоре.
Доколку и не ве мрзи, на плажата на Парадисос, лево накај карпите ( лево мислам кога ќе застанете свртени накај морето), едно 50 до 100 метри од карпите, во водата во плиткиот дел имате ракчиња кој се во школки влезени и овде може да ги собирате. Кршете ги школките и извадете ги ракчињата и можете и на нив да ловете исто.
Се надевма помогнав малку да не скитате како јас што скитав тражејќи продавници. Кога ја најдов оваа последната ми се идеше да си каснам од ......... А влегов храна да си купам за рибичките дома.