www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 23, 2024 7:30 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 2:56 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Ајде од почеток.
Замислете ја последната вечер пред натпревар. Утре одам на натпревар, Прва крапска лига. Легнувам. Сон не ме фаќа. Де е до бојлите, де е до сигнализаторите, свират ли свират. Минутите саати, саатите денови. Ај стани си и спремај се (а се е спремно 100%).Кафе, WC, и облакај се пријателе, битка те чека. Јаки се, и Сергеј и Мики, Жарко и Мрчо, па и Охриѓани, па посебно Пепи со Мики, а младиве дечки гризат како ајкули. Само да не ми падне 6-ка, овој период е тапа. Станувам и треперам, што ако извлечам 6-ка, а цела ноќ м'кнам крапови. Уште едно кафе и во подрум пакување. Веќе е 5,00 часот, време е за акција. Стапови, машинки, цела опрема е спремна. Одиме у авантура. Во 6,00 доаѓа Стојче и пакуеме. Одиме. Добар спонзор, ако изиграме ќе капне нешто.
Аквариум, второ коло, сите насмеани. Влечам 6-ка. Катастрофа. Сегеј со Мики 8-ца=топ. Арнаудови 7-ца, до мене, Нико на 5-ка, а Охриѓани 17-ка и кец. Абе ноќна мора. Што е тука е. Карши празни 13, 14 и 15-ка. Надеж. Претворена во триумф. Ајде јагодче, обична без оптеретувања, со минимум денски дипувања, а навечер одиме со Squid. Топ. Прва риба тек навечер. Кец имаат 3 риби (расправија за амурот од 5-6 кгр), 8-ца 2 риби, а 17-ка три риби. Полека, има време. Ај на жица (сајла), ама у средина, накај 15-ка. И почиња, еден, два, три .....десет. Сабајлето први. Уште ги слушам звуците на сигнализаторите. Дење овошје, ноќе squd-че. Први со 140 кгр. Втор Sergej со 50-тина кгр. Цел живот ќе го памтам.
Заклучок:
Затоа, бидејќи, возбудата пред натпревар, пред влечење позиција, пред пецање е посебен дел. Затоа што пецањето на натпревар е посебен дел. А Вие, обичните, само читајте и гледајте, како ние такмичарите тоа го правиме. И критикувајте не за секој успех или неуспех. Но една е, НИЕ сме дел од приказната и ЧУСТВУВАМЕ додека трае.
(посветено на Spaiva и Тафта).

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 3:13 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Крушево.
Мартин и Максим на 4-ка.
Топ позиција, но ако утнеш (како некои) можеш и да папаш. Трга, но има проблем, не е до трските. Башка издржливост, особено навечер. Бојличе топ, ја зима. Не до трските, два три метра пред, барем покрупната. Ај после два саата дремење викаш, префрлај, прехрани. Додуше желбата е дел од мотивацијата, еднаш се победува. Резултат 4 риби за половина час. Па затишје и одиме понатаму. На крај топ, повеќе од претходникот.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 3:26 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Последно коло од Лигата 2015-та. Милчо вика ти влечи. Влечам, после сите малери, 4-ка. Топ до тогаш. Но, времето се смени 200%. Ај со стандард на почеток, бојлички, шеќерац. Нејќе. Ај да заградиме кон 5-ка и 3-ка. Добро е, нема активности таму. Но, експертите за близу, почињаат да вадат на 5-ка. Храна на линија на трските од карши и почиње. Натреварот траеше до последната ноќ. Од 5-ка се откажаа после 8 риби измерени пред стемнување. Први, но не и во состав на Репрезентацијата. Утнавме Второ коло. Сепак, Трето коло се памти.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 3:50 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Јужна Афика. Со свои пари, ајде ќе одиме. На царина, Мики мило за малку у затвор, ги сликал кучињата за дрога (што не смее). Го врзувам со врвка за мене и од Јоханесбург до Блумхолф до мене. Точка.
Сместување бајка. На Зоки Пакунг му фали опремата од карго. Одиме на стаза. Позиција 8, у залив, плоча со најголема длабочина 1,50 м. На 90 м. откриваме каналче од 1,80м. Лево за ноќе ќе пробаме и на 0,5 м до брег. Првиот ден и првата ноќ, до мерењето во 13,00 часот бевме први на сите три стази со 130 кгр. Рибата јадеше и на 30 цм. Рани фрлај. Следниот ден делегација Васко, Раде Русевски у бокс, на мерење, не прогласија за светски прваци. Со 160 кгр бевме први во сите три сектори. И толку. Мики го уапа афричка оса (преживеа) но не придонесе кон понатамашниот развој на настаните. Завршивме со 195 кгр и ја користам приликава да признаам дека Васил Костов и неговото РАНИ, РАНИ, требаше да биде послушано. Но еве Ви еден факт. Еден човек не е тим. Додека не го укаса осата, додека не престана да шлапа во чорапи и додека не легна и на три трски истовремено не стана да ја опраиме, немавме шанси, со индивидуален пристап да успееме.Вториот ден,, местејќи мамец, се онесвестив, но станав и продолжив.
Имавме позиција, имавме се што треба, немавме воља да издржиме. Цел живот ќе пампам.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 4:07 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Прва крапска лига 2008. Dream tim. Јас, Мечо и Пепи. Прво коло, Пепи сирота преседе во мојата бивша Лада, заради зверот на Мечо. Сепак извадивме еден грев и бевме трети. Второ коло Селимли. Позиција топ. И почнаа задкулисите. Риба од страна, донесена, па една мерена над реалната вредност. Нејсе. Преќутевме. Трето коло-Хичкок. Крушевско. Сергеј и Ицо тепаат на 120м. Втори ние, но на 15 минути пред крај Пакунг вадат крап од 8 кгр (во уста со јадица од половина час пред тоа што скинал) и не симињаат на четврто место. Крај и нема пласман за Франција.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 11:28 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Kolku mnogu desavki ima duki,cel den da pisuvas pa pak ke ostanat

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 11:43 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Adrenalinot koj se ima pogotvo ako se boris za prvite tri mesta e ogromen,ne se raskazuva tuku samo se dozivuva.Koga ednas ke go osetis-nema vrakanje nazad.Samoto druzenje ,desavki i zaebancii si ostavaat posebni spomeni vo celata prikazna.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 12:25 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Ovakva tema odamna mu falese na forumot,ubavo izlaganje.
Bravo sekoja cest.

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 1:24 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
marks НапишиCOLON
Јужна Афика. Со свои пари, ајде ќе одиме. На царина, Мики мило за малку у затвор, ги сликал кучињата за дрога (што не смее). Го врзувам со врвка за мене и од Јоханесбург до Блумхолф до мене. Точка.
Сместување бајка. На Зоки Пакунг му фали опремата од карго. Одиме на стаза. Позиција 8, у залив, плоча со најголема длабочина 1,50 м. На 90 м. откриваме каналче од 1,80м. Лево за ноќе ќе пробаме и на 0,5 м до брег. Првиот ден и првата ноќ, до мерењето во 13,00 часот бевме први на сите три стази со 130 кгр. Рибата јадеше и на 30 цм. Рани фрлај. Следниот ден делегација Васко, Раде Русевски у бокс, на мерење, не прогласија за светски прваци. Со 160 кгр бевме први во сите три сектори. И толку. Мики го уапа афричка оса (преживеа) но не придонесе кон понатамашниот развој на настаните. Завршивме со 195 кгр и ја користам приликава да признаам дека Васил Костов и неговото РАНИ, РАНИ, требаше да биде послушано. Но еве Ви еден факт. Еден човек не е тим. Додека не го укаса осата, додека не престана да шлапа во чорапи и додека не легна и на три трски истовремено не стана да ја опраиме, немавме шанси, со индивидуален пристап да успееме.Вториот ден,, местејќи мамец, се онесвестив, но станав и продолжив.
Имавме позиција, имавме се што треба, немавме воља да издржиме. Цел живот ќе пампам.
Абе редовен сениор, што јас не ти викав РАНИ РАНИ, само Васко ти викал? А кој те штипкаше по газот со ефекти за веровали или не, кој бдееше до тебе, кого не го пуштаа да ви прави друштво ради змиите, а? Еее више!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 15, 2016 9:47 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Секоја чест и голема благодарност. :lepi:

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 49 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum