РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Викендов бев до Охрид. Во саботата и неделата со Емил бевме на Дрим, ловевме бојник. Активност слаба, по неколку риби дневно, со десетици лебови за прихрана, ништо интересно.
За понеделникот се договоривме да отидеме на рекичето на Емил, кое се наоѓа на околу 35-40 км од Охрид Се договоривме да одиме два тима, јас и Јулио да почнеме од првата локација и да одиме нагоре неколку километри, а Емил и Јане едно 7-8 км над нас и да ловат во тој дел.
Прв пат одам да ловам на рекичето, инаку повеќе пати сум поминувал покрај него и сум го гледал
Рекичето е мало, најдлабоките места кај што поминувавме беа до колена, а имаше и вирови длабоки до половината.
Риба има многу, претежно е поситна, но се гледаа и убави парчиња кои овој пат не успеавме да ги уловиме, со оглед на тоа дека 15-20 минути пред нас помина една друга екипа од локалци кои ловеа на блинкер, ама од обала, па доста од вировите беа упропастени за риболов. Затоа ние ја баравме рибата надвор од вировите, по брзаците и краевите на рекичето.
Ловевме на блинкери, 0, 1 и 2, сребрени, златни, бакарни, па дури и розеви На сите имаше улов
Еве малку фотографии од рекичето и дел од уловите
Првиот улов дента кај нас
Мојот прв улов
Локацијата на уловот
Фини локации за риболов
Рипчиња
Најголемиот улов дента
Локацијата на уловот
Закачки насекаде
На местата каде што немаа поминато претходните, даваше риба без проблем
Лапаа дури и розев блинкер
C&R, од прва до последна
Како одевме нагоре, рекичето стануваше помало
Погоре од нас, Емил ги молеше на колена да му удрат на блинкерот
Некои го послушаа
А ова е Јане
Се на се, убав излет во уште поубава природа, на чист воздух, здраво шетање низ река, а по пат видов и еден волк (ни претрча сабајлето на 20-30 метри од нас, а денес сабајле на враќање кон Скопје видов уште еден пред Стража покрај патот, нешто многу се накотиле изгледа). Рекичето ќе го посетам повторно некогаш, да им оставиме време на рипчињата да пораснат уште малку
На крај, по препорака на Јулио, отидовме во едно ресторанче на сосема друга страна, ама вредеше секој километар
Бистро
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Bravo!
Ubavo mesto i ubav provod sigurno.... a deka na bistrovo rekice i roze boja sakalo Ne bi stail roze', ama bas nikad. Posle ova kje smenam mislenje
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 81 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум