Оваа година Дедо Мраз дојде малку порано
Го начекавме во Софија во SpinningFish продавница за риболовна опрема со фантастичен асортиман и исто таков сајт,spinningfish.bg. За продавницата и асортиманот повеке ке објасни Сашо.
Пошто подолго време се натегав да се подновам со трска, не можев да ја пропуштам приликата изборот да го направам заедно со најдобрите мајстори на овој занает кај нас Сашо и Срџан и секако со секогаш по добро споменуваниот домакин чичко Васил , кој цел ден го посвети на нас
Пред да ја претставам трската , неколку збора за производителот.
APIA е јапонски производител ,чие име потекнува од кованицата Angelers UtoPIA
Движека сила на компанијата се петорица врвни спинерџии , специјалисти за лов на SEA BASS или лаврак или бранцин по нашки, кои поткнати од појавувањето на PE конците сакале да изработат бланкови кои ке бидат копатибилни за риболов со овие конци за разлика од бланковите кои `работеле на` монофил.
При изработка на нивните бланкови користат високо валитетен карбон кој кај повекето е и вкрстено плетен, на кои им вградуваат исто така топ квалитетна опрема, секогаш во дослух со риболовците на терен.
Покрај трски во свој потпис имаат ставено на воблери, метални џигови .....и додатоци како рибарски елеци, лип грипови, кепчиња, гардероба и сл.
Сите овие работи може да ги погледнете на нивниот сајт
http://www.spartas.jp/apia/index.html, кој за жал е само на Јапонски ама сепак има што да се види.
Трските им се поделени во три категории - SEABASS, SHORE JIGGING и ROCK FISH.
Мојот избор е APIA FOOJIN R, GRAND SWEEL а има уште и серија APIA FOOJIN AD и лимитираната серија APIA FOOJIN Z .
Трската е 2.9 м. со акција 7-42 г. и тежи 172 гр. одлично лежи на рака, сега останува зимава да ја спарам со соодветна машинка и да чекам Сашо да викне за на море , да ја сефтосаме ко што треба па да пишеме како работи .
Поздрав и бистро