www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Сеп 21, 2024 10:26 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 19, 2014 10:29 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Повелете разгледајте, дајте предлози и сугестии што да се промени/дополни и да го дадам на усвојување правилникот.


РИБОЛОВЕН НАТПРЕВАР ВО ПОЕДИНЕЧНА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ДИСЦИПЛИНА МУШИЧАРЕЊЕ

ДРЖАВЕН КУП ТРЕСКА 2014

Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Термин на одржување на натпреварот: 12.10.2014 година

Право на учество во натпреварот имаат сите риболовни здруженија.
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Натпреварот ќе трае вкупно 4 часа, во две кола од 2 часа. Предвиден е улов на риба само од видот пастрмка.
Право на учество имаат сите спортски риболовци кои поседуваат спортска легитимација издадена од МРФ.
За учество во натпреварот не се плаќа котизација.
За најдобрите тројца натпреварувачи во натпреварот во мушичарење ке следуваат: медали, пехари и др.


ПРОГРАМА

Недела, 12.10.2014

7.00 до 8.00 часот - Пристигнување на натпреварувачите
од 8.00 до 8.30 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
од 8.30 до 8.45 часот – Ждрепка за позиции и сектори за прво коло и подготовка на натпреварувачите
9.00 часот - Почеток на првото коло од натпреварот ______ прв сигнал
11.00 часот – Крај на првото коло од натпреварот ______втор сигнал
од 11.00 до 11.45 – Ждрепка за позиции и сектори за второ коло и подготовка на натпреварувачите
12.00 часот - Почеток на второто коло од натпреварот ______ трет сигнал
14.00 часот – Крај на натпреварот ______ четврти сигнал
14.00 до 15.00 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите натпреварувачи

Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.

За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација и домаќинот ЗРСРК РИБАР 2011- Скопје ќе ангажираат доволен број на членови-волонтери кои ќе им помагаат на судиите и натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.


ДИСЦИПЛИНА: Лов на риби грабливки со риболовна техника мушичарење
КОНКУРЕНЦИЈА: СЕНИОРИ
ДАТУМ: 12.10.2014
МЕСТО: риболовен ревир Треска 3 (Скопска Треска), потег од м.в. Кула до м.в. Мечкина дупка

Натпреварот ке биде во два сектори, со извлекување на позиции и сектор за секој натпреварувач. Патеката ја одредува комисија од МРФ.

Дозволен прибор ке биде: Два мушичарски стапа, едниот за употреба, а другиот за резерва, две макари, шнур по избор на натпреварувачот, лидер (пловечки или тонечки), кепче, вештачки мушички кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.


ПРАВИЛА

1. За натпреварот ќе бидат ангажирани тројца судии, еден главен и двајца секторски.
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов
3. Дозволено е зафрлување со една трска со една вештачка мушичка.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец во соседната позиција
6. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.
7. После секој улов риболовецот е должен да го причека судијата за да го измери уловот и потоа рибата ке биде вратена во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
8. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
9. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
10. Се бодува само риба од видот пастрмка
11. За најголем улов ќе се смета риба која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и 1, 2 и 3 место
12. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба носи 10 бода на натпреварувачот
- Секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 1 бода
(Пример: ако натпреварувачот има уловено две пастрмки од 20 и 25 см, се бодува на следен начин: 2 риби х 10 бода = 20 бода, 1 пастрмка од 25 см х 1 бода = 25 бода, 1 пастрмка од 20 см х 1 бод = 20 бода. 20 + 25 + 20 = 65 бода за тој натпреварувач)
13. Минимална потребна длабина на водата на позиција е 15 см
14. Ширина на натпреварувачката позиција треба да биде 20 метри
15. Во еден сектор не смее да има прекин помеѓу позициите, а бележењето на истите го врши комисија од МРФ, а контролата на позициите ја вржат секторските судии
16. Стазата за натпревари не смее да се порибува во претходните 3 месеци пред одржување на натпреварот
17. Стазата се дели на два сектора. Секој сектор се обележува. Сите позиции во секторот се обележуваат на почетокот и крајот со натпреварувачки бројки
18. Натпреварувачите кои ловеле во првиот сектор во првото коло одат во вториот сектор во второто коло и обратно
19. Секој натпреварувач мора на листата за мерење да го запише секторот и позицијата
20. Распоредот по позиции и сектори се влечат со ждрепка пред секое коло
21. Натпреварот трае 2 пати по 2 часа, односно 2 кола по 2 часа, со пауза од 1 час помеѓу колата кога се организира и ждрепката за второто коло
22. На натпреварот се бодува пастрмката. Минимална мерка за мерење е 15 см. Другите уловени риби не се бодуваат и веднаш се враќаат во вода
23. Натпреварувачот мора да ја извади уловената риба од вода со кепче. Доколку судијата е во близина, веднаш се врши мерење од страна на судијата и рибата се враќа во вода. Доколку судијата не е во близина, натпреварувачот има право да ја стави рибата во платнена чуварка до доаѓање на судијата. Кога ќе дојде судијата за мерење, натпреварувачот ја изнесува рибата во кепче или чуварка на обала и таму судијата го врши мерењето.
24. Натпреварувачот не смее да завлегува во соседните позиции. Дозволено е влегување во вода, највеќе до 1/3 од ширината на реката на позицијата. Не е дозволено преминување од другата страна на реката.
25. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата
26. Уловот нема да се признае доколку:
- рибата се прифати со рака и во рака се однесе на мерење
- рибата е закачена за телото, а не за устата
- ако рибата не е извадена со помош на кепче
- ако рибата е уловена и извадена надвор од позицијата
- ако рибата е уловена со неадекватен прибор со употреба на индикатор
- ако рибата е уловена при риболов со повеќе од една вештачка мушичка
27. Може да се натпреваруваат само натпреварувачи кои имаат валидна легитимација за спортски риболов издадена од страна на Македонската Риболовна Федерација
28. Риболовот се врши со користење на следниот дозволен прибор:
- мушичарски стап со максимална должина од 10 ft / 305 см
- макара по слободен избор
- шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри
- предвез (лидер) по слободен избор, не подолг од 2 должини на мушичарскиот стап, максимум дозволена должина 610 см, истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично
- вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор
- чизми/пантолони до ногавици
- мушичарски елек
- кутии со мушички
- поларизирачки наочари
- капа/шешир
- кепче
29. При риболовот не е дозволено следното:
- користење на индикатор
- користење на отежнување на шнурот или лидерот (олово и слично)
- користење на вештачка мушичка со кугла за отежнување поголема од 4 мм
30. Натпреварувањето се врши исклучиво со 1 вештачка мушичка
31. Натпреварувачите не смеат да користат сонари или слични помагала за одредување на длабината на водата или пронаоѓање на рибата
32. Кепчето кое ќе се користи за вадење на рибата не смее да биде подолго од 122 см
33. Секторскиот судија врши проверка на опремата пред влегување на позицијата. Откако судијата ќе ја изврши проверката, натпреварувачот има право да се намести на позицијата
34. Кога натпреварувачот ќе се намести на позицијата, не смее да ја напушта и да комуницира со останатите до завршетокот на колото, со исклучок на потребната комуникација со судиите
35. За користење на недозволен прибор (индикатор, повеќе од 1 мушичка, отежнување на предвезот со олово) се доделува црвен картон и натпреварувачот се дисквалификува
36. Сите стартни позиции се дефинираат пред почетокот на натпреварот и не смее да се менуваат за време на натпреварот
37. Со доаѓање на стазата, прво се извлекува редослед на извлекување на позиции, па се влечат позиции и сектори. Главниот судија го спроверува ждребот за позиции.
38. Секоја уловена риба се евидентира на стартната листа, а судијата при мерењето треба гласно да го објави уловот, должината и бројот на натпреварувачот за тоа да може да го слушнат и соседните такмичари
39. Натпреварувачите на себе мора да ги имаат истакнато спортските легитимации, а резервната опрема мора да биде оставена на суво, не смее да се носи во вода
40. Приговорите се поднесуваат и решаваат согласно правилникот на МРФ за спортски натпревари
41. Судењето се врши согласно правилникот за судење на спортски натпревари на Македоонската Риболовна Федерација
42. Мерењето на уловените риби се врши со употреба на пластични корита со мерач за должина. Мерењето на рибата го вршат такмичарот и секторскиот судија. Мерењето се врши на обалата, надвор од водата. Доколку рибата му падне на натпреварувачот од кепчето за време на изнесувањето надвор, истата нема да се мери и веднаш треба да се врати во вода. По мерењето, рибата се оживува полека и се враќа во вода.
43. Ако два или повеќе натпреварувачи имаат ист број на бодови, предност има оној кој уловил повеќе парчиња на риба.
44. Жолт картон се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот не се придржува до општите правила, доколку им пречи на останатите натпреварувачи, доколку се расправа со судиите или користи неправилен прибор
45. Црвен картон (дисквалификација) се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот лови со повеќе мушички од дозволеното, доколку некоректно се однесува со уловените риби (ги фрла назад и слично), доколку конзумира алкохол за време на натпреварот и ако ги навредува официјалните лица на натпреварот.
46. Главниот судија може да го опомени или исклучи секторскиот судија, доколку секторскиот судија дозволува натпреварувачите да ги кршат правилата, им пречи на натпреварувачите или влегува во вода за време на натпреварот
47. Сите натпреварувачи се должни да присуствуваат на доделувањето на наградите на официјалниот дел после натпреварот.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 19, 2014 9:08 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Pisi za minimalna mera i kako ke se zaokruzuvaat merite. Primer 23.6 sm odi vo 24 i 23.3 odi vo 23
Isto taka kako se meri ribata. Od vrv do najdolgiot del na opasot. Tolku od telefon. Od kompjuter malku podolgo

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 19, 2014 9:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Moram da pofalam mnogu detalno i ubavo napraveno :~~

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 19, 2014 10:54 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
nemam predlog bas za nekoi pogolemi korekcii.Utre ke rzazgledem podetalno,inaku toa e toa.

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 19, 2014 11:32 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Филип НапишиCOLON
Повелете разгледајте, дајте предлози и сугестии што да се промени/дополни и да го дадам на усвојување правилникот.


РИБОЛОВЕН НАТПРЕВАР ВО ПОЕДИНЕЧНА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ДИСЦИПЛИНА МУШИЧАРЕЊЕ

ДРЖАВЕН КУП ТРЕСКА 2014

Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Термин на одржување на натпреварот: 12.10.2014 година

Право на учество во натпреварот имаат сите риболовни здруженија.
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Натпреварот ќе трае вкупно 4 часа, во две кола од 2 часа. Предвиден е улов на риба само од видот пастрмка.
Право на учество имаат сите спортски риболовци кои поседуваат спортска легитимација издадена од МРФ.
За учество во натпреварот не се плаќа котизација.
За најдобрите тројца натпреварувачи во натпреварот во мушичарење ке следуваат: медали, пехари и др.


ПРОГРАМА

Недела, 12.10.2014

7.00 до 8.00 часот - Пристигнување на натпреварувачите кај кајакарската стаза
од 8.00 до 8.30 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
од 8.30 до 8.45 часот – Ждрепка за позиции и сектори за прво коло и подготовка на натпреварувачите
9.00 часот - Почеток на првото коло од натпреварот ______ прв сигнал
11.00 часот – Крај на првото коло од натпреварот ______втор сигнал
од 11.00 до 11.45 – Ждрепка за позиции и сектори за второ коло и подготовка на натпреварувачите
12.00 часот - Почеток на второто коло од натпреварот ______ трет сигнал
14.00 часот – Крај на натпреварот ______ четврти сигнал
14.00 до 15.00 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите натпреварувачи

Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.

За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација и домаќинот ЗРСРК РИБАР 2011- Скопје ќе ангажираат доволен број на членови-волонтери кои ќе им помагаат на судиите и натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.


ДИСЦИПЛИНА: Лов на риби грабливки со риболовна техника мушичарење
КОНКУРЕНЦИЈА: СЕНИОРИ
ДАТУМ: 12.10.2014
МЕСТО: риболовен ревир Треска 3 (Скопска Треска), потег од м.в. Кула до м.в. Мечкина дупка потегот зависи од долзината на позициите и од бројот на натпреварувачи.Подобро е да не се прецизира во правилников

Натпреварот ке биде во два сектори, со извлекување на позиции и сектор за секој натпреварувач. Патеката ја одредува комисија од МРФ.

Дозволен прибор ке биде: Два мушичарски стапа, едниот за употреба, а другиот за резерва, две макари, шнур по избор на натпреварувачот, лидер (пловечки или тонечки Ова со тонечки не ми се свиѓа ама нека кажат и другите), кепче, вештачки мушички кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.


ПРАВИЛА

1. За натпреварот ќе бидат ангажирани тројца судии, еден главен и двајца секторски.
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов
3. Дозволено е зафрлување со една трска со една вештачка мушичка.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец во соседната позиција и забрането е зафрлување во туѓа позиција
6. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.
7. После секој улов риболовецот е должен да го причека судијата за да го измери уловот и потоа рибата ке биде вратена во вода,Ова треба да се измени затоа што во правило 23 се кажува дека рибите се чуваат во чуварки додека да дојде судијата освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
8. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
9. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
10. Се бодува само риба од видот пастрмка ова го пишува во правило 22
11. За најголем улов ќе се смета риба која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и 1, 2 и 3 место Ова не го разбирам
12. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба носи 10 бода на натпреварувачот
- Секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 1 бода
(Пример: ако натпреварувачот има уловено две пастрмки од 20 и 25 см, се бодува на следен начин: 2 риби х 10 бода = 20 бода, 1 пастрмка од 25 см х 1 бода = 25 бода, 1 пастрмка од 20 см х 1 бод = 20 бода. 20 + 25 + 20 = 65 бода за тој натпреварувач)
хх.Рибата се мери од главата до најдолгиот дел на опашката
хх.Должините на рибите се заокружуваат на поблискиот цел број.Пример 23.3 см се заокружува на 23 см а 23.6 см се заокружува на 24.Во случај на пола број тогаш се заокружува на поголемиот.Пример 23.5 см се заокружува на 24 см
13. Минимална потребна длабина на водата на позиција е 15 см
14. Ширина на натпреварувачката позиција треба да биде 20 метри
15. Во еден сектор не смее да има прекин помеѓу позициите, а бележењето на истите го врши комисија од МРФ, а контролата на позициите ја вржат секторските судии Ова незнам зашто би било обврзивачки освен за такмичарите да можат да вршат контрола еден на друг.Со ова правило би имало проблем на Треска.Понекогаш има природни брани(каскади,кајак стази...)
Подобро баталете

16. Стазата за натпревари не смее да се порибува во претходните 3 месеци пред одржување на натпреварот
17. Стазата се дели на два сектора. Секој сектор се обележува. Сите позиции во секторот се обележуваат на почетокот и крајот со натпреварувачки бројки
18. Натпреварувачите кои ловеле во првиот сектор во првото коло одат во вториот сектор во второто коло и обратно
19. Секој натпреварувач мора на листата за мерење да го запише секторот и позицијата
20. Распоредот по позиции и сектори се влечат со ждрепка пред секое коло
21. Натпреварот трае 2 пати по 2 часа, односно 2 кола по 2 часа, со пауза од 1 час помеѓу колата кога се организира и ждрепката за второто коло
22. На натпреварот се бодува пастрмката. Минимална мерка за мерење е 15 см. Другите уловени риби не се бодуваат и веднаш се враќаат во вода
23. Натпреварувачот мора да ја извади уловената риба од вода со кепче. Доколку судијата е во близина, веднаш се врши мерење од страна на судијата и рибата се враќа во вода. Доколку судијата не е во близина, натпреварувачот има право да ја стави рибата во платнена чуварка до доаѓање на судијата. Кога ќе дојде судијата за мерење, натпреварувачот ја изнесува рибата во кепче или чуварка на обала и таму судијата го врши мерењето.
24. Натпреварувачот не смее да завлегува во соседните позиции. Дозволено е влегување во вода, највеќе до 1/3 од ширината на реката на позицијата. Не е дозволено преминување од другата страна на реката.Не гледам причина зашто не смее да се влезе во вода повеќе од 1/3 или пак да се премине реката.Тоа го немаше ни во Црна гора.Твоја позиција е и си ја бараш рибата кај сакаш
25. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата
26. Уловот нема да се признае доколку:
- рибата се прифати со рака и во рака се однесе на мерење
- рибата е закачена за телото, а не за устата
- ако рибата не е извадена со помош на кепче
- ако рибата е уловена и извадена надвор од позицијата
- ако рибата е уловена со неадекватен прибор со употреба на индикатор
- ако рибата е уловена при риболов со повеќе од една вештачка мушичка
27. Може да се натпреваруваат само натпреварувачи кои имаат валидна легитимација за спортски риболов издадена од страна на Македонската Риболовна Федерација Ова го пишува погоре и се дуплира
28. Риболовот се врши со користење на следниот дозволен прибор:
- мушичарски стап со максимална должина од 10 ft / 305 см
- макара по слободен избор
- шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри
- предвез (лидер) по слободен избор, не подолг од 2 должини на мушичарскиот стап, максимум дозволена должина 610 см, истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично ‚мислам дека 610 см е многу.треба да се ограничи на 12 фита.Исто така за тонечкиот лидер го кажав ставот погоре.
- вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор
- чизми/пантолони до ногавици Ова не смее да биде така.99% мушичкари имаат комбилизони
- мушичарски елек
- кутии со мушички
- поларизирачки наочари
- капа/шешир
- кепче
29. При риболовот не е дозволено следното:
- користење на индикатор
- користење на отежнување на шнурот или лидерот (олово и слично)
- користење на вештачка мушичка со кугла за отежнување поголема од 4 мм Ова не би го ограничил.Има некој што фрла стримери и отежнувањето или капата на стримерот може да биде поголем од 4 мм,Кај некој стримери очите се од по 2 мм но пошто се во пар нема да можат да поминат низ контролната дупка.Исто така што се случува ако има стример кој има глава од епокси (не е тунгстен) која е поголема од 4мм? Како ќе постапат судиите со нив и кој ќе ги обучи судиите?
Јас мислам со ограничувањето од една мушичка сме завршиле работа.А каква?Која каква сака.

30. Натпреварувањето се врши исклучиво со 1 вештачка мушичка
31. Натпреварувачите не смеат да користат сонари или слични помагала за одредување на длабината на водата или пронаоѓање на рибата
32. Кепчето кое ќе се користи за вадење на рибата не смее да биде подолго од 122 см
33. Секторскиот судија врши проверка на опремата пред влегување на позицијата. Откако судијата ќе ја изврши проверката, натпреварувачот има право да се намести на позицијата. Ова само збунува.Ако некој не биде прегледан тогаш може да го поништи натпреварот поради нерегуларност затоа што не бил прегледан
34. Кога натпреварувачот ќе се намести на позицијата, не смее да ја напушта и да комуницира со останатите до завршетокот на колото, со исклучок на потребната комуникација со судиите
35. За користење на недозволен прибор (индикатор, повеќе од 1 мушичка, отежнување на предвезот со олово) се доделува црвен картон и натпреварувачот се дисквалификува Ова да се стави во пакет со правило 45
36. Сите стартни позиции се дефинираат пред почетокот на натпреварот и не смее да се менуваат за време на натпреварот
37. Со доаѓање на стазата, прво се извлекува редослед на извлекување на позиции, па се влечат позиции и сектори. Главниот судија го спроверува ждребот за позиции.
38. Секоја уловена риба се евидентира на стартната листа, а судијата при мерењето треба гласно да го објави уловот, должината и бројот на натпреварувачот за тоа да може да го слушнат и соседните такмичари
39. Натпреварувачите на себе мора да ги имаат истакнато спортските легитимации, а резервната опрема мора да биде оставена на суво, не смее да се носи во вода
40. Приговорите се поднесуваат и решаваат согласно правилникот на МРФ за спортски натпревари
41. Судењето се врши согласно правилникот за судење на спортски натпревари на Македоонската Риболовна Федерација
42. Мерењето на уловените риби се врши со употреба на пластични корита со мерач за должина. Мерењето на рибата го вршат такмичарот и секторскиот судија. Мерењето се врши на обалата, надвор од водата. Доколку рибата му падне на натпреварувачот од кепчето за време на изнесувањето надвор, истата нема да се мери и веднаш треба да се врати во вода. По мерењето, рибата се оживува полека и се враќа во вода.
43. Ако два или повеќе натпреварувачи имаат ист број на бодови, предност има оној кој уловил повеќе парчиња на риба.
44. Жолт картон се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот не се придржува до општите правила, доколку им пречи на останатите натпреварувачи, доколку се расправа со судиите или користи неправилен прибор
45. Црвен картон (дисквалификација) се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот лови со повеќе мушички од дозволеното, доколку некоректно се однесува со уловените риби (ги фрла назад и слично), доколку конзумира алкохол за време на натпреварот и ако ги навредува официјалните лица на натпреварот.
46. Главниот судија може да го опомени или исклучи секторскиот судија, доколку секторскиот судија дозволува натпреварувачите да ги кршат правилата, им пречи на натпреварувачите или влегува во вода за време на натпреварот
47. Сите натпреварувачи се должни да присуствуваат на доделувањето на наградите на официјалниот дел после натпреварот.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 9:06 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Сaмo дa пoјaснaм, прaвилaтa зa лидерoт (дoлжинa, тoнечки), прaвилoтo зa 1/3 рекa и преминувaње, прaвилoтo зa немaње прекин пoмеѓу пoзиции вo сектoр се сите препишaни oд бoсaнците и фипс. Вo бoсaнскиoт е дoзвoленa трскa oд 12 фитa, штo знaчи декa лидерoт кaј нив мoже дa биде 24 фитa.
Тoa сo чизмите е истo препишaнo oд тaму, некoј ќе сaкa дa нoси пaнтoлoни нaместo кoмбинезoт, тaкa дa немa смислa дa се oгрaничувa нa кoмбинезoн.
Тoa сo прегледувaњетo е истo препишaнo, мoже дa се тргне.
Тoa сo 4 мм oтежнувaње мoже дa гo тргнеме, иaкo е финo прaвилo.
Пo фипс и бoсaнците зa лидерoт немa oгрaничувaње дaли дa биде oд мoнoфил, плетен или пoлилидер, плoвечки или тoнечки. Не гледaм причинa ние дa измислувaме oгрaничувaње зa тoa.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 10:49 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Ilija :
Ова не би го ограничил.Има некој што фрла стримери и отежнувањето или капата на стримерот може да биде поголем од 4 мм,Кај некој стримери очите се од по 2 мм но пошто се во пар нема да можат да поминат низ контролната дупка.Исто така што се случува ако има стример кој има глава од епокси (не е тунгстен) која е поголема од 4мм? Како ќе постапат судиите со нив и кој ќе ги обучи судиите?
Јас мислам со ограничувањето од една мушичка сме завршиле работа.А каква?Која каква сака.


Delumicno se slagam. Megutoa mislam deka e dobro da ima nekakvi ogranicuvanja. Postojat musici koj mozat da se zafrlaat i bez snjur,
primer se musicite vrzani za jig jadica, ima musici koj se poveke podsekaat na Meps spinercinja nego na musica,ima uste mnogu primeri. Vakvite musici bi gi zabranil, diskutabilno e dali koristenjeto na ovie musici e musicarenje. Spored mene ne e.

Iija:
Не гледам причина зашто не смее да се влезе во вода повеќе од 1/3 или пак да се премине реката.Тоа го немаше ни во Црна гора.Твоја позиција е и си ја бараш рибата кај сакаш

So ova se slagam najveke poradi vegetacijata sto e pored rekata . Mnogu cesto grankite visat iznad rekata , 1/3 od 20m e odprilika 7m i ako drvoto pokriva 1,5m od vodata nas ni ostanuva 5,5m prostor za zavrlanje sto spored mene e malku ako se zafrla suva musica ili strimer. Za nimfa mozebi i ne smeta mnogu.
Od druga strana bitna e i dolzinata na sektorite. Znaci ako sektorot e kratok onda ja ne bi bil bas presreken ako nekoj ja preminuva rekata na 5 metra od granicata na mojot sektor. Ako dozvoluvame slobodno zavlaganje vo reka onda bi trebalo da go ogranicime taka sto ne bi im nastetilo na natprevaruvcite vo sosednite sektori.
Ilija:
мислам дека 610 см е многу.треба да се ограничи на 12 фита.Исто така за тонечкиот лидер го кажав ставот погоре.

Dolzinata na liderot ponekogas ja diktira dolzinata na musicarkata vo zavisnost od toa koja musica ja zafrlame. Ne gledam nisto sporno ako nekoj so 12fut musicarka ima 24fut lider so se tipet, so 12 fut musicarka zafrlas dvoracno i logikata e druga. Ova edinstveno stanuva sporno ako se dozvolat musici od tipot "jig musica".
Taka da prviloto lider X2 od dolzinata na trskata spored mene e OK.

Ilija:
Ова со тонечки не ми се свиѓа ама нека кажат и другите
Mozes da pojasnis zosto?
Ako se promeni ova onda treba da se zabrani i toneci snjur. liderot e prodolzenie na snjurot .
Okolu oblekata mislam deka ne ni se potrebni pravila. Negledam kako oblekata moze da vliae na bilo koj nacin.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 11:27 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aвг 25, 2012 12:20 pm
МислењаCOLON255
ЛокацијаCOLONSkopje
Потполно се согласувам со Атанасовски. :NotWorthy:

Тоа ограничување од 4мм е само ако има тунгстен глава, а за епоксид и др. не би требало да претставува проблем.
Во однос на завлегувањето во вода зависи од самиот сектор, ако е рамна и права реката треба да се ограничи на 1/3 ако се брзаци па дупка не би требало и ова правило е малце конфликтно само по себе но мора да постои некакво ограничување за да не си сметаме едни на други. :head_bang:

Инаку секој правилник се менува и тоа го одредува домаќинот. Еве најдов еден документ за натпреварот во Словенија каде се ограничуваат рибарите на една мушичка,
а има и други измени.

http://tafiireland.files.wordpress.com/ ... al-eng.pdf

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 1:00 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
vo vrska so liderot mislam deka e ok dolzinata od 2 stapa,odnosno za 9ka=18 za 10ka=20 sosema ispravno,
Ne treba da gi steluvame pravilata kako nas poedinecno ni odgovara tuku kako vo svetot veke se napraveni,strimerite se daleku od bilo koja faza na razvoj ne musickata,toa e imitacija na ribce i mozebi i toa bi trebalo da se zabrani bideeki od musicarenje samo opremata se koristi no ne i memecot.
Sto se odnesuva za toneckiot lider nebitrebalo da ima zamerki bideeki sluzi za lov vo dolniot sloj na vodata isto kako plivackiot za gorniot i dvata imaat namena za lov na odredena faza na razvoj na musicata.
Vo nieden pravilnik nema ogranicuvanje za oreznat lider,tuku ima ogranicuvanje za golemina nad 4mm sto e sosema ispravno nad 4mm veke ribite po glava gi tepame.
Gazenjeto voda bi trebalo da se ogranici na polovina reka ili 2/3 zavleguvanje,kako i da e takmicarot nesmee da ja projde rekata.
Narpevaruvacot moze da ja stavi ribata vo cuvarka i istata da ja izvadi koga ke dojde sudijata za merenje.nema logika da se ceka sudija po 10 min.

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 2:06 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
PERUN НапишиCOLON
,strimerite se daleku od bilo koja faza na razvoj ne musickata,toa e imitacija na ribce i mozebi i toa bi trebalo da se zabrani bideeki od musicarenje samo opremata se koristi no ne i memecot.

[/color]
Sto da kazeme onda za nimfarenje so indikator, musicarenje ili plivkaranje ?

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 0 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum