www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 9:40 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 12:29 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
За оваа недела беа две опции во игра
-Првата да се оди на вардар каде имавме информација за добра работа и активност на рибата
-Втората беше на расимбегов мост каде исто така информацијата ја имавме ама за нективност на рибата

Првата опција требаше да едната екипа отиде од сабајле и да се таму најдат со една друга екипа да одат на местото каде ке се лови а пак кога јас ке си дојдам од на работа да запалам колата и со димсата да тргнеме за натаму и од прилика да стигнеме некаде нај касно до кај 12 часот.

Е арно ама таа опција отпадна од планот и ја активирваме втората опција поолеснителна за нас ама пак потешка за да се дојде и до добра позиција и до место каде сите би застанале пошто сепак се работи за доста посетено место во овај период од годината а и уште ден Недела :fishing:
Договорот беше да сите се наспијат дури јас крварам на работа :D а пак кога ке си дојдам да пиеме кафе во пазарот, да се земат мамци и други прпратни продукти од риболовна опрема од кај Менде од продавницата и полека да си тргнеме со две возила за Расимбегов мост.

Така и бидна испивме кафето и кај 9 и 30 тргнавме од битола накај Мариово
[ img ]
[ img ]
денот за милина за мене е нај добро одење на риби кога цел пат Сонце те Грее :D
Пристигнавме и првин едно час време да се испоштоваме со сите таму со кои се познаваме а пак долго време не сме се виделе, одма не пречека истата информација која ја имавме за слаба активност на рибата и дека од сите риболовци кои беа таму кај никого немало некој поголем успех(скобал, два до три). Остана да се расмрдаме да бараме локација каде ке се стационираме и каде ке ја поминеме таа дружба.
Локација која ја одбравме за тој ден беше пред куќата од мамец - тука го закопавме јарболот :D
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

- според мене јас би ја нарекол ХОЛИДЕЈ ИН локација :NotWorthy:
Дури ние распакувавме трски, опрема и други тракатанци домакинот Киро Грбе ни спреми салатиичка и комплет сосе масата ни ја сервира одма на позиција - Е КАЈ ГО ИМА БЕ ТОА освен во мојата чудесна Македонија
[ img ]
Инаку во шишето е Бела Домашна Љута :eatdrink:
[ img ]
Риболовот се виде уште одма каков ке биде неколку откачувања на сам старт, иако имавме и леб за крма и бели црви и доста прихранувавме до крајот на денот рибата како да не ја интересираше ама ич тоа, ама пак кога добро јаде нема наука може секој да го лови(и бабами да ја викнам ке ги сакати) вака кога се прави курназ е доста интересно
- ке испробаш се што ти мава на памет а времето ке ти помине како во сон
после првиот изваден скобал целата екипа се почасте со по една Крофна - за да му порасне заб на рибата а не да јаде како да има вилици :lol:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Денот помина во смеа и зафрканции - па мислам дека само ние се слушавме таму можи и до Врпско да се Слушаше :lol:
Полека полека си дојде и времето за ручек па така оставивме трските покрај река - да ги плашат рибите, а ние му ја седнавме на маса заедно со едни наши пријатели исто така од битола одлични риболовци а пак Киро како добар домакин се погрижи во исто време да ги спреми продуктите ;)
една групна слика од Тркалезната маца - овде нема риба :volku_golema: на светот што не е фатена
[ img ]
екипата видно изморена и гладна од напорниот пат и раното(од црни темници) станување за на риби :D
[ img ]
После ручекот Јас со Димсата Прошетавме малку над мостот да видиме и таму какви локации и места има и да доловиме уште некој момент од покрај вода а и да видиме што прават рибарите таму во гоорно маало :fishing: , дали и ТАМУ јаде рибата како и ВАМУ
-сликата секаде беше иста
кај нас билансот беше два скобали извадени и уште по 1-2-3 откачувања , убаво се подруживме убаво се релаксиравме и сега ни останува пак да се вратиме и пак убаво да си поминеме

повелете едно видео од вчерашниот неделен излет порај Вода


поздрав и БИСТРО !

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 1:15 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Ное 13, 2013 10:23 pm
МислењаCOLON300
:~~ :~~ spirka super druzba
1:0 za nas so emil :lollol:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 1:35 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Супер дружба Спиро, ве чекам цела екипа и кај нас на една ваква дружба.
А не сум те прашал до сега, тој дел на Црна држи мрена ? :filip:

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 2:20 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
:~~ Како и секогаш успешна и убава дружба


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 9:25 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Daj eden ..griz ..od krofnata be Spire ;)

Ova me raduva se otvori vremeto i opaaaaaaaaaa reportazi i sekako deka raspolozenieto e drugo .
Samo taka kolegi :arrow: dojdoa i nasite -5- minuti ,sekoj sloboden mig i na voda .

Spire odlicna reportaza ,i prekrasno vreme pominato na voda i vo dobro drustvo

Pozdrav :~~ :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 9:53 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Odlicna druzba spire

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 11:07 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Nema nesto poubavo od den pominat pokraj voda so :
:fishing: :fishing: :eatdrink: :eatdrink:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 11:09 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
emil.matoski НапишиCOLON
Супер дружба Спиро, ве чекам цела екипа и кај нас на една ваква дружба.
А не сум те прашал до сега, тој дел на Црна држи мрена ? :filip:
сигурно дека ке напрајме дружба и на дримот прва прилика, инаку држи и тој дел ама поубави и поживописни местата ми се на овај горниот дел каде бевме ланска год.

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 1:11 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Aпр 12, 2012 3:42 pm
МислењаCOLON605
Дружба на место,за јарболот 10+ ! И крофничките којзнае како ви легнале уф уфуф...

_________________
Carp fishing...i love it !


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 11, 2014 8:57 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
и од мене 10+ за јарболот и за целата дружба,...него ова на тркалезната маса што сте е некоја рибарска куќарка или што ? добро изгледа онака со кревети на спрат, баш е филм


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 40 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum