Секој крапски риболовец кој лови со маркер сигурно барем еднаш му се има случено рибата да му се заплетка на конецот кој го држи марлерот па така имаме двоен улов и крап и маркер.
За да не ми се случуват такви работи по идеа на еден француски маркер си изработив и Јас маркер каде нема уплетување на конецот, едноставно кога рибата трга накеј маркерот тој се наклонува и конецот се лизга по должината на маркерот .
Секој кој има желба може сам или со помош на пријател да изработи ваков маркер. За таа цел Јас користев десет метра ПВЦ цевка со Ф20мм , осум парчиња исечени на по еден метар и четири парчиња на по половина метар.
Со една ваква комбинација добивате два маркера со кои може да ловите на вода не подлабока од 4,5м а доколку водата е подлабока од пет метра тогаш не користите два маркера туку едниот го продолжувате до бараната длабочина.
Секако може да си направите и повеќе елементи така да ќе користите два маркера и на подлабоки води.
Четирите парчиња од по половина метар се за регулирање на маркерот, ако примерно длабочината на водата е три метра користите три елемента од по еден метар и еден од половина метар, сепак маркерот треба да излегува од вода за да може да се гледа добро.
За тегови користев округло железо Ф50мм долго 60мм кое тежи околу 300гр. сосема доволно и големи бранови да неможе да ви го преместуваат маркерот. Од едната страна на теговите е урежан навој и се намонтирани куки на нив се закачени мали карабинки со кои брзо ѓи прикачуваме теговите кон долниот дел на маркерот.
За составување на елементите еден на друг изработени се елементи од тврда пластика, на половина од цевките се набиени со претходно намачкување со двокомпонентно лепило елемени со урежан навој М12 а на другите е со нарежан навој М12. Навоите нема потреба да се подолги од 15мм, тие елементи во кои урежувате навој да не се пробиени исцело него да се остави барем 5мм непробиено да не влегува вода.
Откога сте ѓи залепиле елементите и се е направено како што треба составате ѓи цевките и проверете дека споевите немат разминување, ова е важно за да може конецот без проблем да се лизга по должината на маркерот.
Две од цевките од по еден метар може да ги облепите со фосфороцентно самолепливо фолио кое кога ќе се осветли од далеку се гледа одлично.
Се надевам дека ова ќе му биде од помош на секој кој ќе реши да си направи ваков маркер, ако нешто не е јасно повелете, ќе се потрудам да одговорам.