Почитувани,
Покрај неколку донации кои ги дадовме годинава за порибување (Пастрмка Струга, Бабуна Велес, Мавровско езеро, Вардар - Дошница, Црна река 3 - Барбус), РИБАР 2011 во наредниве неколку недели планира ПОРИБУВАЊА на следните ревири:
Козјак - пастрмка
Треска кај Кичево (концесионер Пастрмка - Кичево) - пастрмка
Црна Река (концесионер Пец-Пец) - пастрмка
Мантово - крап или црвеноперка (ако успееме да најдеме црвеноперка)
Беровско езеро - крап
Калиманци - крап
Наскоро ќе бидете информирани точно кога и каде ќе биде извршено порибувањето. Доколку некој сака да учествува во самите порибувања е добредојден.
Со ова го заокружуваме процесот на порибување предвиден за 2013 година, со што ги оправдуваме средствата собрани од лицитацијата за порибување, како и од средствата кои дојдоа во РИБАР 2011 по основ на издадени државни дозволи.
Остануваме и понатаму посветени на зачувување и обновување на риболовниот фонд во Македонија
ДОПОЛНУВАЊЕ:
Првата фаза од порибувањето ќе биде во недела, ќе се порибуваат Црна Река 4, Треска 1 и Козјак.
Тргнување од Скопје сабајлето, се оди со возилото на МРФ (си има возач) и со колата на Зоки-уши. Ќе има и еден или два инспектори (инспекторки), Зоки-уши ќе ги анимира по пат
Рутата е: мрестилите Шум да се земе рибата, па се оди на Црна река, па на Треска кај Кичево, Козјак на улив и назад во Скопје.
Ако уште некој сака да дојде со своја кола, најмал проблем.
Кокан и Леуново се пријавени сега за сега, плус одат Крсте, ВладоМКД и Зоки-уши.
Има место за уште некој.
Точно време и место на чекање ќе го објавиме дополнително.