Петок-Сабота-Недела аууууууууу 3 дена на дива вода леле леле леле
И ајде како што се договоривме со партнерот ( Dimitar ) уште една шанса за езерото па шо биде нека биде
. Локација Гратче Кочани, поаѓаме од дома со брат ми накај 6:30 и веќе 8 сат сме пред хотелот спремни до коска ( 6 пива, 1,5лт ракија, 6 литра црвено/бело вино
+ снемавме алкохол па имавме дотур на ракија и пиво од градот
). Се спуштаме под хотелот а Dimitar веќе почнал без нас
само со по една Кочанска Жолта . Ајде пуштам стаповите накај 8:30 и чекаме да удре
. Предходниот пат кога бевме заедно водата се спушти на некои 1 метар за 24 часа и од тоа ловење ништо ТАПА работа.Како што го започнавме денот со по една жолта рано на сабајле за да тргне работата и од еднаш тититититииииииии тоа Blue Motionot на Dimitar се запали, ете го 9:30 сабајле а ние у кепче едно убаво крапче од 2,5кг. Викам ааааа братко добро почна оваа дај боже само да држи овака. Од мамци Димитар носеше Caviar+Plum ( 12mm ) а јас имав Monster Crab + Squid & Octopus ( 16mm ). Цел ден се фрливме на ракија удри удри удри до 19:00 ја снема 1,5лт ракијата, па отворивме тоа пивото.и ете го накај 21:30 тититититиититититиитит пак тоа Blue Motionot на партнерот се запали. Врти сукај излезе едно убаво дивљаче накај 5кг. Аууууу викам абе овој на моето хранилиште нафталин фрлал па несака да пипне
. Тоа беше за првиот ден. Сабота сабајле ајде мењање предвези правење комбинации што да ти причам кад све знаш. Денот од сабајле 100 степени гори од што е топло, викам ништо денеска не правиме ветерот ни го нема, а ни рибата ја нема. Ни дојдоа гости од Куманово ( мојата љубовница, татко ми и една комшика
), и стариот мој ( стар крапџија ) само кажа да дувне север и вечер имате удар 100%. Така и бидна си отидоа они а ние веќе доста удрени од алкохол и накај 19:30 титититиитититииииииииии пак се запали Blue Motionot на Dimitar. Дрш недај а лево а десно отиде у еден трупец под вода ( еба ти среќата или што и да е ) врти сучи трчај горе доле со трпение Dimitar го извади од под трупот , а у меѓу време јас по брегот пцујам со тоа кепот у рацете па растурам пола Кочани ме има слушнато
, и ете го ајде полека полека влезе уште еден лепотан од 6,5кг. Јас нервозен зашто несака да удри кај мене а ловиме на 10 метра разлика , викам абе овој стварно има фрлено нафталин бре кај мене на хранилиште АБЕ ШО БИДЕ БЕ ЕЈЈЈЈЈЈЈ ( нормално се шалам за нафталинот партнерот е немам речи
) , отруен од алкохол таму 21:10 си легнувам и викам абе правете што знаете и како знаете. Само што склопив очи ете ти еден моите ProTronic ТИТ ТИТ ТИТ ТИТТТТТТ и уште не ми е верно дека кај мене удира уствари , и само го слушнав Dimitar -- ДАНИЕЛ БРЕ СТАНУВАЈ, излетав од шатор како метак по чорапи и дрш недај абре убре ете го пред кеп еден лепотан од 5,5кг, викам добро е како тргна работата за нецели 2 сати извадивме 2 комада до сабајле уште некои 2 и супер ( да надохнадиме за прошлиот пат што не заеба ).Dimitar ми кажува ( додека спиев ) дека 1min пред ударот прво рипнал кај него на хранилиштето па потоа кај мене. Ништо се расонив и продолжив да пијам до кај 1 сатот и после сум заспал на столот на Dimitar а потоа се разбудив у шатор
шта је било кад је било. Тоа беше се, ке пуштам слики подолу па ке пишам нешто меѓу нив, иначе со партнерот следната година спремни сме за у ЛИГА 2014
Оваа ни беше пристигањето и првата фотка на езерото.Времето феноменално, ветер, облачно абре плаче за крап
Еве ја и масата, ракија, ајвар, сирење мераци. И нормално околната лепота на езерото
Го чекам првиот да влезе у тоа кепот абе калфа си е калфа
, уште се немам пресоблечено за по риба
Ајде лепи доѓи доѓиииииии
Тука мајсторот Dimitar ми се меша у откачување па го измавав да иде да пие една жута од мене и да го остави калфата да работи
А еве го и лепотанчето
Еве го и брат ми како ја чита водата и ни кажува каде да фрлиме
и спрема плинското да спржи несто за мезе
Мајсторот прави нешто дали префрлуваше трските поима немам не се сеќам ни кога сум сликал
А еве го и лепотанот на 2 боили 12мм како јаде
, некоја фрла мушица цел ден некој на боила си го лови
Ајде калфа земај кепчето и на работа ( јас сум калфата ама Dimitar е по грешка у кадар )
Е на овој крап никој не се сеќава дека го имаме фатено
Утре дента лепота невидена ( лошо за крап ама за уживање ТОП )
ПОЗДРАВ ДО KELTAN ОД ЕЗЕРО ГРАТЧЕ на тебе ми текна кога се трезнев од газозава
А оваа е и мојот потпис DD CARP TEAM in ACTION
Оваа е еден од гостите татко ми од лево и брат кој ловеше со нас од десно
А еве ме и мене со љубовницата која сака да биде страшен рибар ама и е страв да откачува и фаќа плашка со гола рака па користи медицинска ракавица
Опааа еве го и третиот лепотан на Dimitar
( јбг не носиме душеци ама пазиме максимално да не ја повредиме рибата,)
Еве го малку поубаво лепотанот
Мајсторот и калфата заедно
Како изгледа човек пијан кога ке стане од спиење и кога ке вади крап WTF ( мора малку смешка неможе само озбилно )
Не е дека незнам да се сликам со крап, ама овој будалата беше многу ненормален па морав да го држам за очи дур се сликам да не мрда
И ЗА КРАЈ ПОЗДРАВ ОД DD CARP TEAM и до следното видување БИСТРООООООО !!!!!!!!!!!!!!